Ти прашуваш како треба да се молиш? Господ Исус Христос ни говори на сите нас: молете се како цариникот, угодувај Му на Господа како вдовица кон неправеден судија. Господ повторно нè учи: познај ја својата ништожност, својот неисплатлив долг, признај ја и почувствувај ја својата вина пред Господа, заборави ги сите свои добри дела (добри дела немаме како нешто свое, а ако нешто имаме, тогаш тоа се дела извалкани со разни нечисти примеси – суета, гордост, користољубие и сл.) и како должникот
Поука на денот: Старец Софрониј Сахаров
Следствено, ако му бидете послушни на вашиот духовен Отец, ако имате доверба во него, не плашете се дека ќе бидете водени погрешно. Бог секогаш ќе наоѓа начин да ви ја открива вистината. Чекорејќи со послушание, го правите вашето срце почувствително на секое духовно движење во вашиот живот.