Духовна поука:
Му вели старецот на својот послушник:
- Кога ќе видиш друг човек како се дави во жива кал, не му подавај рака, туку стап.
Послушникот се зачуди:
- Зошто стап?
Старецот одговори:
- Ако навистина сака да се спаси, ќе се фати за стапот како давеник за сламка. А ако не сака да се спаси, ќе сака и тебе да те повлече со него, но нема да може, зашто не си му ја дал раката. Синко мој, прво види дали човекот сака да се спаси, па потоа пружи му ја раката, во спротивно и тебе ќе те повлече со себе.
Подготви:
Снежана Корнет