Сама (04.05.2018)
Време мерливо
За мене непознато
Истекува пред твоите очи
Во него дали нешто ме кочи
Возвестува земјата
И гласот се предава на Небесата.
Време мерливо
За мене непознато
Истекува пред твоите очи
Во него дали нешто ме кочи
Возвестува земјата
И гласот се предава на Небесата.
“ Соберете, еј Ангели Мои
Име Мое прославете духови Мои
Преку Него – слугата мој
Кој стана пријател со спокој “
И ние малите денес
Притекнуваме кон тебе Кипријане
Светецу во љубовен занес
Желби свои пред ноѕе твои оставаме
Едно својство има празнината
Ако не се лечи
Се претвора во пустина
Која пред човекот клечи –
Постојано се проширува.
Исполни ја оваа подмолна ширина
Барем со копнеж по љубов немирна
Па да стигнеш до лекот небесен
Кој рани залекува – иако невесел.
И сега ?
Да Те восфалувам и издигам до небото
Зборови да барам неискажани за Тебе
Да кажувам на светот колку би болело
Кога Ти не би се грижела за мене.
Ќе се собереме
од краиштата на сите времиња
погледи ќе си размениме
во вечер која утро ќе дочека.
Заедно
опашани со ограда
во круг околу Чесна Трпеза
љубовно заробени од Света Литургија.
Понудено, тешко да се одбие
лесно на дофат, не дава заобиколен пат,
распослано, подарено, она кое нè лаже
залак кој може да стегне врат.
Ситно вее снегот
Патот го постила
Еве не уште малку на брегот,
Ги нема твоите стапала.
Тишина се удомува,
Во мисли наши носталгија
Од каде протече во овој свет ,
Или од кого се изли безшумно,
Дали си последица на гревопадот,
Или си радосница на оној кој е свет?
Не може да се верува
на оној кој не се познава себеси,
па макар за него да се зборува
дури до небеси.
Што да очекувам
Ајде кажи ми?
Дали чекори од самовили
Или ноќен ураган,
Дали часови со безброј мигови,
Или ракопис исчкртан во ова глуво доба.
Духу на Вистината
Од Бога испратен дар
Очите отвори ги но затни ги ушите
Зарем ќе се запишува она што го зборат лудите
Ќе се слуша ли она што зборуваат недораснатите
Од него се виори слободата
жубор на води е гласот на победата,
распната е силата на злобата,
немоста отвори пат на разумот -
природата се исправи на Крстот.
Од каде или излезе оваа учителка
на оние кои разум бараат
верна сопатничка,
на оние кои на себе се надеваат
строга опоменувачка.
Да се обидеме, да се потрудиме во деновите на Великиот пост да се украсиме со христијанските добродетели, за Господ да ни испрати внатрешна цврстина, за правилно да стоиме во верата.
И тогаш. кога ќе достигнеме душевен мир, Христос несомнено ќе ни ја испрати Својата благодат и мир.
Во еден миг времето завршува за сите. И… настапува судот. Дај Боже да сме смирени и да знаеме дека таму, на оној страшен праг, треба да имаме љубов во срцата. Љубов, љубов и пак љубов. За да нè помилува Христос. Инаку, може да настапи бескраен мрак. Навистина бескраен мрак. Да нè дочува Бог.
Преподобен Серафим Саровски после Светата Тајна Исповед, на поклониците кои доаѓале во неговиот манастир, секогаш им давал да вкусат чаша света богојавленска вода.
Преподобен Амвросиј Оптински на еден човек кој бил на смртна постела, му испратил шише со света вода – и наизлечливата болест, била излекувана.
Потпората за нозете на Христовиот Крст е искосена, бидејќи се верувало дека во последните моменти пред Исус да го предаде духот, Неговото тело се згрчило и потпората била изместена. Но, во овој вистински настан има и симболизам. Потпората укажува нагоре, кон Небото, на Христовата десна страна, и надолу, кон Адот, на Христовата лева страна. Една од петочните молитви на Православната црква јасно го објаснува ова значење:
-За слава на Бога и многу сме радосни заради тоа и по канонизацијата веќе имаме потврда за чуда кои се извршени. Имено, по самиот ден на канонизацијата беше излекувано едно мало дете кое боледувало, како што ни раскажа мајката, од тежок облик на бронхитис, бактерија на белите дробови. Пред канонизацијата многу кашлало и го донеле да присуствува на самата канонизација бидејќи семејството е побожно.
Теодосиј Синаитски бил македонски [1][2] преродбеник. Тој е роден во Дојран во втората половина на XVIII век. Учел во грчки училишта во Цариград. Мирското име му било Теохар. По враќањето во Дојран се оженил и бил ракоположен за свештеник. Попадијата рано му починала и тогаш почнал да ги посетува македонските манастири, а во 1828 година се нашол во Синај - во манастирот „Света Катерина“ каде се замонашил под името Теодосиј, а по манастирот бил наречен Синаитски. Синаитскиот манастир со векови ги привлекувал Македонците што копнееле за духовни христијански подвизи и за аскетска просвета. Уште во XI век таму престојувала цела македонска колонија, која ја развила старата македонска книжевност. Таму се најдени македонски глаголски споменици - Синајскиот псалтир и Синајскиот требник. Во таа средина Теодосиј станал дури и архимандрит на тој манастир. Таму почнал да ја учи словенската писменост и да преведува молитви од грчки на македонски, испраќајќи им ги овие преводи на своите синови во Дојран.
Во 1831 година тој престојувал во Солун, каде служел во црквата „Света Мина“ на македонски јазик. Истовремено ја извршувал и службата и собирал милостиња за својот манастир низ Македонија. Тогаш се запознал со Кирил Пејчиновиќ, со Јордан Хаџи-Константинов - Џинот и со други преродбеници. Силно сознава дека на неговиот македонски народ му е потребна македонска, а не неразбирлива грчка книга, па одлучил да отвори македонска печатница во Солун 1838 година. Во првите три години во неговата печатница биле отпечатени три книги. Неговата печатница изгорела во голем пожар, кој бил подметнат, и бил уништен голем дел од солунската чаршија. Набргу по несреќата, со матрејална помош од Кирил Пејчиновиќ, печатницата била обновена и продолжила да печати нови книги, но потоа уште еднаш била изгорена. По вториот пожар Теодосиј во своето родно место Дојран стана воденичар. Таму го дочекал и крајот на својот живот некаде во почетокот на педесетите години од XIX век.
Во печатницата на Теодосиј се печатени книгите: „Началное учение со молитви утренија“ ова е еден вид буквар напишан од Анатолиј Зографски, кој бил роден од Лазарополе. „Крако е описание на дванаесет атонски манастири во Света Гора“ претставува водич по Атон и дава опис на манастирите. Автор на втората книга е Даскал Камче од село Ваташа, Кавадаречко. Четврта книга е „Утешение грешним“ од Кирил Пејчиновиќ. Петта е „Книга за научение трих јазиков славјаноболгарскиј и греческија и карамалицкој“. Во таа книга се дадени зборови и реченици во три колони на македонски, грчки и турски. Научните истражувања утврдиле, дека македонскиот и грчкиот текст се препечатени од познатиот Четиријазичник на молско-полскиот даскал Данаил, а турскиот го дал приредувачот на книгата. Книгите печатени во печатницата на Теодосиј Синаитски значеле голем придонес за ширењето на сознанието за потребата на говорниот македонски јазик, значеле победа на нашиот народен јазик над мртвиот старомакедонски и над туѓиот грчки јазик.
Свети Григориј Палама, големиот интелектуалец и монах на Византискиот период, акцентирајќи ги сплотените богооткриени вистини во светото Евангелие алудира на сугубата теологија, притоа повлекувајќи јасна граница помеѓу енергијта и суштината, како на секое битие, така и на Бога.
Ние сите го познавме Синот преку гласот на Отецот Кој нè поучува од висините.