логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 

 

Претеча

Што да објавам на светот за тебе,
дали сум дел од твоето лозје
дали ќе дозволиш калемов
да се пренесе жив на првиот чокот ?

Еднаш порти ми отвори
во твој предел монах молитва сотвори,
зад мене одамна се затвори
трло кое се бори да не ме испушти.

Повторно се потсетувам
на твое раѓање,
повторно, пак се радувам
на зборови кои немаат заборавање:

Јас не сум Тој,
туку по мене иде Оној
кому не сум достоен …

А јас,
достоен ли сум ?
прашувам на цел глас
да пијам молчешкум
вода која минува,
минува,
и твои стапалки залева.

Каде можеше поудобно
пустињаштво да биде изучено
смрт во тело, да биде вкусено
освен при ноѕе Јованови
онаму каде мируваат небесни бранови.


Те прославуваме
но се плашиме
од благодат да не се изгубиме,
прва наредба од тебе добивме
патишта и патчиња да израмниме.

Време да не губиме
половина живот да употребиме
како половина година
кога се сее и копа
па останатоста
да биде жетва прибрана.

Секој пред себе да го поставиме
во секого Бога да го видиме
за на крај да исчекуваме –
Вистина да посведочиме.

Последното,
на крај да го предадеме
вера да сочуваме
онаа која ќе биде за испитување
таа ќе се употреби за спасување.

Радувај се, Јоване!
Радувај се, на благодат носителе!
Радувај се, за храброста примере!
Радувај се, вечен покровителе!

 

 сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир

07-ти јули 2018 лето Господово

 

Друго:

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4031
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3415
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3248
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…