логоFacebookTwitterYouTubeeMail

 

Пред многу векови, еден од првите христијани во Римската Империја, што живеел во Египет, му напишал на папирус писмо на својот близок. Ова писмо преживеало до денешен ден и денес е дел од збирката папируси на Универзитетот во Базел, Швајцарија. Писмото датира од 230 година, со што е признаено како најстар христијански документиран доказ од Римски Египет и навистина најстаро христијанско писмо до денес во светот. Писмото овозможува фасцинантен поглед во секојдневието на некои од најраните следбеници на христијанството.

„Значењето на овој папирус е во тоа што е најстар, автентичен ракопис на христијанин, оригинал од пред 18 века“, изјави Сабина Хубнер, професор по древна историја на споменатиот Универзитет. „Секако, ги имаме и писмата на апостол Павле од првиот век и други списи на црковните отци од вториот век, но во наше време, оригиналите не се сочувале, туку само подоцнежни преписи“.

Писмото било напишано од човек по име Аријан, до својот брат Павле. Изобилува со фрази кои што потврдуваат дека станува збор за христијанин. Павле било особено ретко име во тоа време, и од тука можеме да заклучиме дека и самите родители на овој човек биле христијани и го крстиле својот син по познатиот апостол Павле, уште во 200 – та година.

Ова писмо е вредно сведоштво дека христијанството било раширено во Египет уште пред 230 година и тоа не само меѓу сиромашните слоеви, туку и во елитните кругови на локалното благородништво.

 

https://bigorski.org.mk/vesti/svet/otkrien-najstariot-hristijanski-rakopis/

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 3097
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2938
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Свети Антониј Велики: Кој е ѓаволот и кога напаѓа...?

А кога ќе се всели Божјиот Дух, Он ги успокојува, им дава да го вкусуваат спокојот во…