Глуварче
Пладне одмина,
Вечер не дојде,
Утро само што изгреа
Друга роља наиде.
Сега во глуварче ме осмисли,
Ех, кој можеше да помисли,
Штотуку ме дувна ветер
Одлетав во мојот етер.
Во висина, во висина,
Си ветив висока далечина,
Погледнував во лица човечки
И видов – они одеа со влечки.
Пред доста години
Роља на глуварче добив,
Сега само се повтори
Сведоштво да не ме одмини.
Да, со влечки,
А некои и со налани,
Добиле дури и награди
Чела и образи изборени
Се чудев во мојот лет
Колку време одминало
Кога човечки живот од сплет
Во едноставност поминало
Се разретчиле луѓето
Се разделило потомството
Не ги паметат старите
Затоа нови се сега само бунарите,
Наеднаш ветрот стивна
Патека надолна облекава фати
Последно што можев да видам –
Нови бразди во нива тргнати
Нови бразди
Стари рани
Поуки заборавени,
Луѓе дури глувонеми,
Глуварчиња обвинети,
Суети незаситени.
Од богољубивата поезија „Манастирски води“ на сестринството од Слепченскиот Претеченски манастир
Друго: