Од Архивата на Преминпортал
Униние и депресија, сличности, разлики, лекување( православен поглед). Автор Др.Дмитриј Александрович Авдеев, психијатар, психотерапеут, медицински психолог, доктор по медицински науки. Др.Авдеев е основач и Директор на Институтот за проблемите на христијански однос кон психијатриските заболувања и методите за нивно лекување. Во склоп на Институтот работи и Центар за православна психотерапија. Др Авдеев е роден на 20.10.1964 г. Живее и работи во Москва.
По завршувањето на Медицинскиот факултет и специјализацијата по психијатрија, продолжил со стручна и научна дејност.
Во 1992 г. ја одбранил својата докторска дисертација од областа на психоневрозите на Институтот за Општа и Форензична психијатрија
“ Сербскѕ”. Од 1992-95 г. бил потпретседател на Руската асоцијација за позитивна психотерапија и Уредник на списанието “Поситум”
Во 2006 г. ги завршил постдипломските студии на Богословскиот факултет на Универзитетот “Лукијан Благо” во Романија , на тема:”Пастирска психологија и психијатрија,православен приод кон психотерапијата,црковна помош на психичките болни луѓе.”
Од 1991 г. работи во правец на создавање на христијански однос кон психичките заболувања и формирање на модел на ортодоксна психотерапија.
Во својата досегашна клиничка пракса лекувал над 25 000 пациенти со различни нозолошки ентитети, односно психијатриска патологија.
Учествувал во изработка на Програма за рехабилитација на зависници од дрога.
Член е на повеќе Руски и интернационални професионални здруженија и асоцијации. Учествувал на бројни Руски,Европски и Светски Конгреси од областа на психијатријата и психотерапијата.
Има чести средби и разговори со претставници на Руската Православна Црква. Еден е од авторите на Рускиот Ортодоксен Медицински Проект.
Се јавува како автор и презентер на серија радио емисии, генерално насловени како “За помош на страдалните души:”
Автор е на повеќе од 300 публикации од кои над 50 книги ( тираж над 1 милион примероци) издадени на Руски,Германски,Англиски, Романски, Бугарски, Српски а сега на наше задоволство и на Македонски јазик.
Книгата Униние и депресија-сличности, разлики, лекување (православен поглед) е пишувана во лесен, едноставен и разбирлив стил,со многу примери, така што нејзини читатели можат да бидат не само стручни лица туку и пошироката популација. Таа на читателот му дава основни познавања за одредени афективни состојби и пореметувања кои ги среќаваме во психијатриската пракса.
Книгата е обид да се оценат причините за неврозите(психогени) од христијански позиции.
Неурози според авторот се последица на грев,гревовната страст,духовна нездравост,неправилно изградена скала на животни вредности.
Авторот издвојува две групи на состојби:
првата група се растројства предизвикани од “страсти кои го заробиле човекот” и тука спаѓаат неврозите и болестите на зависност,додека пак втората група на психички растројства се предизвикани од биолошки (генетски)фактори и тука спаѓаат ендогените или “природни”болести.
“Кога ќе ги разбереме причините за тагата, таа престанува да биде страдање”.
Зависно од причината за настанување на овие состојби треба и да се понуди соодветно решение. Додека во првиот случај состојбата може да се надмине со духовни усилби, во вториот случај е неопходна и лекарска помош. Погрешно е да се има апсолутистички и едностран приод , било медицински, било теолошки.
Имено, не сите психички болести се резултат на опседнатост а исто така не секое духовно растројство бара клинички методи на лекување.
Во Центарот за православна психотерапија на Др.Авдеев се третираат пациенти на кои срцето им е отворено кон верата (се почитува нивна желба и определба,доколку ја имаат)
Човекот е биолошко, психолошко и духовно битие и духовната компонента не треба да се занемарува. Свештеникот често пати е првиот кој доаѓа во контакт со лица со психичко растројство .Негова обврска е да го поттикне болниот да се јави на лекарски преглед и ако е потребно и лекување и да му помогне да се бори со својата болест. Се разбира за да го направи ова треба да има основни познавања од областа на психијатријата.
Лекарот и свештеникот треба да се надополнуваат и да делуваат комплементарно, синергистички а не антагонистички.
Психичката болест не му го намалува или одзема достоинството на човекот, или барем не би требало. Меѓу останатите права на пациентите кои се со Закон гарантирани спаѓа и правото на религиозна слобода, исполнување религиозни обреди и посети од свештеник во болнички услови.
Депресијата е болест на современиот човек- дали се јавува поради стрес или безбожност? Уште во старите времиња, таткото на медицината, Хипократ зборува за “меланхолија”.
Денес депресијата е на прво место меѓу причините за отсаство од работа, а на второ место од причините за инвалидитет.
Според статистиката, депресијата се јавува два пати почесто кај жени. Но дали е тоа навистина така? Мажите по тешко се решаваат да се јават кај психијатар, се лечат со свои методи( земаат алкохол,се “претрупуваат” со работа или самоиницијативно пијат лекови, без консултација со лекар).
Стресот, болестите на зависност,сите телесни болести како приружник ја имаат депресијата.
Денес помеѓу луѓето владее “Депресивна исцрпеност”,Егзистенцијална ( ноогена ) депресија- бесмисленост, безбожност, бездуховност.
Клиничка слика на депресија:
- Нераспложение
- успорено мислење
- Успорено движење
- Суицидални мисли
- Намален сон/апетит
- Безволност/безиницијативност
- Пасивност,
- Намалена концентрација и внимание
- чувство на инфериорност
Алекситимија-психолошки карактеристики на личноста одредуваат дали некој ќе заболи од невроза.
Во книгата “Униние и депресија, сличности, разлики, лекување-православен поглед” има многу поуки, од кои би извоиле:
Св.Јован Златоуст
-не греши
-ако грешиш, покај се
-ако лошо се каеш,истрпи ги маките што ќе те снајдат
Св.Праведен Јован Кронштатски:
“Најголемата, постојаната заблуда на нашето срце со која што мораме непрекинато да се бориме цел живот е неговата тајна помисла дека можеме без Бог и надвор од Бог, каде било и кога било, макар и еден миг.”
Депресија во различно животно доба:
-Кај деца и адолесценти најчесто депресивните состојби се резултат на конфликти, ако тие се решат, симптомите се повлекуваат. Ако не им се помогне,сами ги решаваат тегобите преку оддавање на дрога, алкохол, што е погубно.
Кај деца депресијата се манифестира преку соматски поплаки , затоа често е непрепознаена од родителите.
- и климактериумот често е пратен со депресивни состојби
И тука авторот дава корисни совети како да се надминат овие состојби.
Депресија по губиток на близок:”Само утеха во Бога дава спокој.Луѓето кога ќе доживеат трагедија, или кога им се заканува трагедија, дури тогаш се склони да се свртат кон Бога и да бараат негова помош. Кога лекарите се соочени со неизвесна прогноза на болеста на своите болни, креваат раменици и нивниот коментар е
“ сега со Божја помош” .Ако у техата не поткрепува,искушението не вразумува
Авторот прави комбинација од медицински, диететски совети и совети да се живее како верник.
Митрополит Макариј Невски вели :
Како се раѓа гревот? Има неколку фази:
-случајна помисла=предлог
-внимание( разговор со помислата)
-наслада(помислата е во срцето)
-согласност со умот, решеност да се изврши гревот)
-согласност со телото, акција
Мелехов, руски психијатар, рекол:” во основа на многу психички растројства е несмирението “.
Неурозите с е судир на желби и стварност што раѓа немир. Аристотел рекол:”ограничи ги своите желби ако не сакаш со тебе да завладее хаосот”.
“Верата е смирение”
За прв пат во науката се признава поврзаноста на телото и душата со откривање и објаснување на психосоматските болести.
Цели на православната психотерапија:
-да успокои
-да всади надеж
--да отстрани смипоми на болест
-да поттикне на внатрешен раст и духовен развој
-да насочи кон неминливи вредности
Пастирска психијатрија
Од сите медицински специјалности психијатрија е таа која може да се поврзе со пастирството.Многу духовни чеда имаат растројства во однесувањето, психичка болест, или се гранични случаи.
Како пастирот да препознае дека неговиот штитеник е психички болен?
Психичките болести не се лекуваат само со аскетски средства, исто како штои лекарот не смее да се доживува омнипотентен,да се става во улога на Бог(да има комплекс на Бог)
Добро е во парохија да има православен лекар.Психијатријата не му се спротивставува на пастирството туку се стреми да го збогати со сознанија.
Духовникот вели:”може да се обратите на психијатар, но треба и да се помолите,за Господ да го исцели вашето заболување,ако е таква неговата света воља,со посредство на лекарот..”
Духовник треба:
-да се моли за болниот
-да го учи на трпение,смирение
Лекар треба:
-со Божја помош, да лекува болест
На почетокот на болеста примарна улога има лекарот, а потоа, со оздравување, се повеќе улогата ја превзема духовникот.
Секој свештеник мора да разбере каде е гревот, а каде е болеста.Има недоволно информирани свештеници кои душевните болести кај своите духовни чеда ги сваќаат или како демонско влијание( зол дух) или гревовна повреденост на душата.Нивните духовни чеда страдаат а не одат на лекар.Духовникот треба да го благослови лекувањето кај психијатар. Рускиот психијатар Мелехов има издадено прирачници за свештеници, кои им помагаат во нивната служба .
И психијатрите во светот полека се менуваат , стануваат верници (на пример во Русија).
Кај нас има 3 можности:
- -медицина
- -црква
- -т.н.”исцелители”
Медицината и Црквата мора да делуваат синхронизирано, како контратежа на овие третите кои прават непроценлива штета на нашите пациенти и духовни чеда и им го губат некогаш драгоценото време.
Лекарот-психијатар пак, треба да работи на сопствениот духовен развој, ако самиот нема духовни вредности како ќе му го симне духовниот товар на болниот?
Автор: д-р Вилма Виденова
Преминпортал (к.т.)
Друго :