Овој преблажен маченик Христов од младоста израсна како лоза доброплодна, која со духовна сладост ги напојува сите, а разумот му процвета како благомирисен крин, кој со љубов ги влече сите кон Христовата вера. Украсен со извонредната добрина Христова, со убавината на лицето ..
Атанасиј Митрополит Лимасолски: За тешката и прекрасна возраст на пубертетот – (IV дел)
И така, проблемот на пубертетот не треба да го фокусираме на младите луѓе, туку на возрасните. И ако сакаме да ги решиме проблемите на младите, треба да почнеме од себеси. Ние, родителите, ќе поработиме на себе и тогаш ќе видиме дека ќе имаме резултати и во односот со децата. Ако сакаме да ги поправиме, без да се поправиме себеси, сѐ ќе направиме прав и пепел, само ќе отвориме рани и ништо нема да постигнеме.