За време на германската окупација, речиси сите резерви жито во манастирот Филотеј се потрошиле, така што отците одлучиле да престанат со давањето милостиња. Во тоа време во манастирот живеел еден побожен монах, старецот Сава, кој бил многу изненаден кога слушнал за таа одлука, поради што го молел Советот на манастирот да ја преиначи одлуката бидејќи, во спротивно, постапката ќе го разжалости Христос
ДА БИДЕМЕ КАКО ДЕЦА КАЈ ПРЕСВЕТАТА- за тоа како подвижниците Ја почитуваа(2)
– Сите ние во Дивеево сме слугинки на Царицата Небесна. А нашиот отец овде е отец Серафим. Тој ништо овде не направи по своја волја, дури ни камче, по неговите зборови, не помести, - така и ние треба постојано да испитуваме, дали е волја на нашата Врховна Игуменија за кои било од нашите започнати работи. Ништо не може да се направи произволно во ова место кое е под покровителство на Божјата Мајка.