Скопје, 09-ти 12.2018 год.- Соборен храм на св.Климент Охридски
На 9-ми декември 2018 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Преподобен Алимпиј Столпник
- Преподобен Стилијан
На празникот на Преподобен Алимпиј Столпник, Преподобен Стилијан, во Соборниот храм во Скопје, презвитер Горан Стојчевски о сослужение на свештеникот Александар Несторовски и протоѓаконот Антонио Дујовски, отслужи Божествена Литургија на која бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.Во текотна Литургијата отецот произнесе многу поучно слово.
[youtube height="400" width="720" align="none"]https://www.youtube.com/watch?v=ISVDIz189pg[/youtube]
Старец Софрониј
Светиот Апостол Петар за царското свештенство вели, дека може да биде остварено со нашето учество во Светата Литургија. Верно, плашете се да одите од навика на Литургија. Потрудете се секогаш подлабоко да го живеете она што го живееше Христос за време на Тајната Вечера, кога ја востанови оваа голема тајна, Божествената Евхаристија. Тогаш, Литургијата ќе се покаже спасителна не само за вас, туку и за сите што учествуваат во неа. Не им припаѓа само на свештениците да ги живеат во своите срца страданијата Христови за спасение на светот, кој пак е жртва на гревот и на смртта!
Преминпортал (к.т.)
Друго:
презвитер Горан Стојчевски: ЛИТУРГИЈАТА – ДВИЖЕЧКАТА СИЛА НА СВЕТОТ
о. Горан Стојчевски - Пастирско слово
о. Горан Стојчевски „БОЛНИТЕ ИСЦЕЛИ ГИ ЛЕКАРУ НА ДУШИТЕ И ТЕЛАТА“
Презвитер Горан Стојчевски - Ниту живи, ниту мртви со ФБ
ѓакон Горан Стојчевски - ПРАЗНИК НА СВЕТЛИНАТА