ПРЕПОДОБЕН И БОГОНОСЕН ОТЕЦ НАШ АНТОНИЈ ВЕЛИКИ

Отче Антоние, кога со божествената благодат на Духот ги скрши лаковите и стрелите на демоните, и со твоите божествени поуки на сите јасно им ги откри нивните лукавства и злоба, озарен со Божјата светлина, на монасите им стана најбогозарниот светилник, и првиот украсител на пустината, а за болните најопитниот и чесен лекар, и оригинален образец на добродетелно живеење






Свети Христови маченици
По повод Празникот на Лесновската Светиња – Свети Гаврил Лесновски, во предвечерието на празникот, на 27. 01. 2019 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион во сослужение на Архимандритот на Лесновската Обител отец Дамаскин со браќата при Лесновскиот манастир, отслужи Празнична Вечерна Богослужба.

Ја кажував молитвата „Господи Исусе Христе, помилуј ме“, и се отвораа нови хоризонти. Од моите очи течеа реки од солзи на радост и веселие заради Христовата љубов и Неговата крстна жртва. Копнеж и радост! Тука се крие величието, рајот. Овие пет збора ги кажуваш со копнеж и радост, од срце, за- тоа што Го љубиш Христос. И така полека се губат зборовите.
Достоен стана о ти преподобен оче Прохоре,

Нивниот спомен молитвено се прослави во ставропигијалниот манастир во Калишта- Рождество на Пресвета Богородица. Отец Стефан Санџакоски отслужи света Златоустова Литургија, на која верните вкусија Тело и Крв Христови. А на крај како круна на се беше неговото слово во кое не поучи со зборовите на великиото руско светило Серафим Саровски- не осудувај; осудувај се самиот себе, така Бог нема да те осуди во осмиот ден.
Пред неколку години додека бев ѓакон, дојде една жена, и ми одржа предавање за тоа, какви треба да бидат свештениците, дека нивната служба е духовна, и поради тоа не треба да земаат пари воопшто и да живеат скромен живот. Делумно се согласив со неа, и ја прашав дали има син. Таа ми потврди и ми кажа дека е осмо одделение. „Штом е така – ѝ реков – запишете го во средното богословско училиште, па потоа нека заврши и факултет...
Безводната пустина стана извор благодатен
Многу е лесно да ја префрламе топката, ние имаме таква навика да ја префрламе топката на другиот и да прашуваме: „Отче, што да правам? Да го земам тој човек или да не го земам?“ Да, но ако ти кажам да го земеш, а здравјето ти се наруши, се појават душевни проблеми, болести, едно-друго, тогаш ќе велиш: „Ти ме посоветува да го земам!“ Што и да стане, за мене ќе се фатиш. Не, одговорноста треба да е твоја. Тоа е многу важно.
Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, се подготви и се испечати книгата „Улогата на архиепископот Охридски и Македонски г.г. Доситеј во возобновувањето на Охридската архиепископија во лицето на Македонската православна црква“. Ова ново издание од издавачката дејност при Повардарската епархија „Св. Ѓорѓи Полошки“ е авторско дело на професорот при Македонската православна богословија „Св. Климент Охридски“, д-р. Александар Атанасов.
Радувај се народе за кого пред Господа
Еднаш еден човек ме праша: „Не е ли за нив разводот подобро решение, во споредба со тоа да живеат една драма, мачеништво кое никако не запира?“ Во принцип готовите решенија се многу лесни. Зашто ако јас сега дозволам „развод“, тогаш некој ќе прокоментира: „Отецот рече дека разводот е добар, кој сака нека се разведе!“ Јас не го спомнав тоа, туку реков дека во одредени случаи, кај некои луѓе се претпочита да се случи нешто кое ќе го промени тој „систем“, отколку сите заедно да пропаднат.
Со благоволение на Oтецот, 























