логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

 

Скопје, 11-ти декември 2018 г.- храм на св. пророк Илија

На 11-ти декември 2018 година, во  нашата света, соборна и апостолска  Цркви молитвено се прослави споменот на :

  • Св. 15 Тивeриoпoлски (Струмички) свeшт. мчци
  • Прeп. Ана
  • Св. нoвoмч. Христo

vozdvizenie.jpg

„Голема пофалба и крепост има градот Тивериополски, светители, свештеници и левити: зашто откако идолската прелест ја разобличија, победници над нечестивите се јавија.
Овие Петнаесет, демонските сили ги изгонуваат и на верните здравје им даруваат.“ (тропар на Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици)

 

 

Во дваесетосмата недела по Педесетница, кога Светата Црква молитвено  го празнува споменот на Св. 15 Тивeриoпoлски (Струмички) свeшт. мчци,Прeп. Ана,Св. нoвoмч. Христo, во храмот на св.пророк Илија, во скопската населба Аеродром, свешеникот Диме Малинов во сослужение на ѓаконот Александар Брајановски отслужи Божествена Литургија на која верниот народ се причести со Светите Христови Тајни. По Литургијата отецот произнесе слово за деешните светители.

 

 

Старец Софрониј

За да ја појмиме тајната на животот во Христа, должни сме да го поминеме патот на послушанието. И да чекориме многу внимателно. Доколку созерцанието му е правилно, човек може да има големо вдахновение, правејќи ја и наједноставната работа, како на пример, подготвувањето храна. Наспроти тоа, без послушание, па макар и да сте патријарх, епископ или свештеник, може да се изгубите. Во нас го носиме прародителскиот грев, оној отров на првото Адамово искушение во рајот - ќе бидеме како богови – но, послушанието може да нè ослободи од оваа состојба.

 

 

 

 

 Преминпортал (к.т.)

 Друго:

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Беседи

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Митрополит Струмички Наум: Воздвижение на Чесниот Крст (26.09.2022)

Ако некое страдање (Крст) ни предизвикува очај наместо радост, тоа е знак дека треба да го смениме нашиот однос со Бог, односно знак дека нашиот однос со Бог сигурно е...

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Беседа на г. Дамаскин, Митрополит на Додимотихо, Орестиада и Суфли

Како што видовте на Светата литургија, на двата јазика, сите заедно ја служевме оваа литургија без да постои прекин или пречка. Познато ми е за да дојдеме до овој момент,...

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Митрополит Струмички Наум - Напразно потрошено време

Што правиме ние? Најчесто, не се трудиме доволно да ги извршуваме нашите дневни обврски во послушание, свесно и согласно Божјите заповеди – во слава Негова и за добро на ближните,...

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

арх. Андреј (Конанос) - Јас имам нешто добро, а тој- не!

Непријателот веќе не го попречува духовниот живот, но настојува да го оскверни, а потоа и да го уништи тоа што е стекнато на тој пат. Тој ти всадува славољубие и...

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Митрополит Струмички Наум – Рождество на Пресвета Богородица (2022)

Освен ова благодатно проникнување, проземање, друг начин на постоење и спасение за нас, христијаните, е невозможен, и незамислив. Ние не сме етичко тело, ние сме Тело Христово – еден со...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Св. Фотиј Велики - За Рождеството на нашата Пресвета Дева Богородица

Девата се раѓа од неплодна утроба, но дури и да била плодна, рождеството пак би било чудесно. О, големо чудо! Штом времето на сеење поминало, тогаш жетвата дошла; штом огнот...

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

Митрополит Струмички Наум: Компатибилност на човечкиот со демонскиот разум (Архива)

 Знаењето на умот е љубовното познание на Бог (како просветленост или обоженост), додека, пак, знаењето на разумот – само по себе е познание на практичниот опит во овоземните науки и...

« »