Свети Наум Охридски
КАНОН НА АПОСТОЛ АНДРЕЈ
(шеста песна)
Сите пагански народи
до пеколот симнати
со громогласна проповед
ги воскресна,Свети Апостоле,
велејќи им: покајте се,
зашто времето за спас на сите се приближи.
Одејќи по морето на животот,
тебе Исус те улови
за да ги улови преку тебе,
со зборот на устата твоја,
како при риболов,народите пагански,
мудри Свети Апостоле.
Потонати во длабочината на безбожјето,
незнабошците на сите земји,
како уловени риби ги привлече кон Христа,
мудри Апостоле!
Се израдува Христос,гледајќи го тоа,
и твојата глава со венец ја овенча,
славни и Свети Апостоле Андрее.
Канонот на апостол Андереј од св. Наум Охридски е откриен во пергаментен минеј од 13 век, сочуван во Зографскиот манастир на Света Гора. Содржи 32 тропари, поделени во 8 песни.Фрагмен од оваа творба откри Ѓорѓи Поп Атанасов во ратковскиот минеј од 13 век