Затоа, деца, како православни ги отфрламе и двете крајности, кои се ерес. Го отфрламе екуменизмот, го отфрламе и зилотизмот. Не прифаќаме дека сме фундаменталисти, ниту екуменисти. Ние сме православни христијани, врамнотежени луѓе, го љубиме целиот свет, се молиме за целиот свет – преку Литургијата – не сме ние оние што ќе му судат на светот, Бог ќе му суди на светот. За нас, пропаста дури и на едно суштество е болка. Не сакаме ниту еден човек да исчезне од Божјото лице, апсолутно ниту еден.
Тропар на светите Христови 12 маченици – Памфил, Порфириј, Валент, Павле и др.16февруари/29/1 март2024
Дванаесет ѕвезди пред престолот Божји,
Памфил мудриот кој Порфирија преку пустина
кон Небеса го приведе,
Валент од чија уста Писмото Свето непрестано течеше,
Павле ревнител кој планина поместуваше,
Илија, Исаија, Еремија, Самоил и Данило,