С. Серафим Роуз, во една прилика рекол: „Зошто луѓето се учат преку болката и страдањето, а не преку удобноста и среќата? Многу едноставно, затоа што преку удобноста и среќата, човекот се навикнува да се задоволува со нештата од овој свет, додека болката и страдањето го тераат човекот да трага по најдлабоката среќа, која го надминува овој свет“.
Тропар на светиот Христов исповедник и маченик Максим 21 јануари / 3 февруари 2024
Од младоста своја Вистината возљубувајќи ја,
патот во животот те хранеше со слободата
о Максиме свети подвижниче,
војнику свет на Богомајката,
столбу непоколеблив пред Пресвета Троица,
исповедниче на животот во вечноста,