Секое духовно делување, бидејќи дар Божји во нас, неизоставно бара наше самоприсилување: зашто присилата е дејствително пројавување и сведоштво на нашата добра волја. Присилата е особено нужна тогаш кога поради паднатата природа или поради злото делување на бесовите, во нас се пројавува некаков гревовен стремеж или немир. Тогаш е неопходно плачните зборови на молитвата да се кажат малку гласно…
Oсобено на почетокот на подвигот, уште пред да се стекне плач на духот, зборовите на молитвата треба да се изговараат со плачен глас, за душата која заспала во смртен сон од гревовно пијанство, да се разбуди на гласот од плачот, и сама да го доживее чувството на плач.
Свети Игнатиј Брјанчанинов
Избор од фб профил на
Ivica Trajkovic