логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

ВОСКРЕСНУВАЊЕТО НА ЛАЗАР И ХРИСТОВОТО ВЛЕГУВАЊЕ ВО ЕРУСАЛИМ

 Кога дојде соодветното време за да пострада Христос за човечкиот род, влезе во Ерусалим, каде што Јудејците му приредија триумфален пречек. Ој пречек се должи на воскреснувањето на Лазар, кој што беше четири дена мртов и погребан во гроб. Јудејците, разочарани од различни општествени состојби и надевајќи се на доаѓањето на Месијата, мислеа дека Он е очекуваниот Израилски водач. Меѓутоа, треба да се каже дека овие месијански очекувања беа вткаени со националноослободителни борби и национални слободи.

Воскреснувањето на Лазар и Христовото триумфално влегување во Ерусалим најтесно се поврзани помеѓу себе, затоа и не можеме да ги протолкуваме одделно. Секако, во т.н. Дванаесет празници на Црквата претставуваат два независни Господови празници. Но поради причината што претходно ја објаснивме, ќе ги разгледаме заедно.

 Впрочем, тоа го гледаме и во литургискиот устав на двата празника, бидејќи и на празникот на Лазаровото воскресение, Саботата пред Цветници, и во Неделата на Цветници го пееме истиот отпустителен тропар: “Општее воскресение прежде Твоеја смерти уверјаја, из мертвих воздвигл еси Лазарја, Христе Боже. Тјемже и ми јако отроци побједи знаменија носјаште, Тебје побједитељу смерти вопием: осана во вишних, благословен грјадиј во имја Господне”. И во двата празника Христос се воспева и се прославува како победител над смртта. Палмовите гранчиња, пак, што ги држиме на тој ден се символи на победата и на триумфот за Лазаровото воскресение, кое што е предобраз на Христовото Воскресение, но и на општото воскресение на сите луѓе.

 Според тоа, прво ќе го објасниме она што има врска со Лазаровото воскресение, а потоа ќе кажеме нешто во врска со Христовото влегување во Ерусалим.

А

 Воскреснувањето на Лазар ни е предадено од Евангелистот Јован (Јован 11) и е предвесник на Христовото Воскресение, но и предобраз на општото воскресение на сите луѓе при Второто Христово Пришествие. Затоа, впрочем, и има големо значење.

 Целиот тој текст може да се подели на три основни точки. Прво, веста што Христос им ја дава на Своите ученици за болеста на Лазар, а потоа за објавувањето на неговата смрт. Второ, во средбата на Христа со сестрите на Лазар кои што плачеа за смртта на својот брат. Трето, во чудотворното воскреснување на Лазара. Помеѓу овие настани се наоѓаат многу и големи вистини, како што е тоа дека Христос е воскресението, дека сите ќе воскреснат во последниот ден итн., но кои што нема детелно да ги проанализираме.

 Темата е дека настанот на Лазаровото воскресение црквата го празнува како потврда за општото воскресение на луѓето. Затоа во отпустителниот тропар на празникот триумфално пееме: “општее воскресение прежде Твоеја страсти уверјаја из мертвих воздвигл еси Лазарја Христе Боже”. Христос на тој начин потврди дека ќе ги воскресне сите луѓе. Значи, нема да воскреснат само праведниците, а грешниците да исчезнат, туку сите ќе воскреснат и ќе се претстават пред страшниот Христов суд.

 Господарственото присуство на Христа пред гробот и пред смртта, Неговиот заповеден глас, преку кој што ја врати душата на Лазар во мртвото тело, оживувањето на Лазаровото мртво тело и мошне живото присуство на Лазар во неговиот дом со неговите домашни, е предобраз на сето она што треба да се случи при Второто Христово Пришествие. Навистина, Христос го направи ова чудо како образ “на општото воскресение на мртвите” (св. Кирил Александриски).

 Секако, постои основна разлика помеѓу Лазаровото воскресение и воскресението на луѓето при Второто Христово доаѓање. Лазар по своето воскресение немаше духовно тело, туку телото што го имаше пред да умре, со сите карактеристични белези на трулежноста и смртноста, затоа и имаше потреба од храна и од се што е потребно за одржувањето на биолошкото тело. Меѓутоа, телата по Второто Христово доаѓање, при што ќе воскреснат, ќе бидат духовни, нема да имаат потреба од храна, сон, пиење и од облека.

 Воскресението на Лазар покажува дека Христос, Кој со Своето Божество го изврши овој голем настан може да ги воскресне и луѓето во денот што Он ќе го одреди. Он е Бог силен и крепок.

Б

 Лазар, како што се гледа во евангелскиот расказ, беше Христов пријател. Не само тој, туку и неговите сестри, Марија и Марта, Му беа многу познати на Христа. Комуникацијата и односот на Марија и Марта со Христа, слободата што ја имаа со Него ја покажуваат блискоста. Сестрите на Лазар Му испратија порака на Христа: “Господи, оној кого што го љубиш е болен” (Јован. 11, 3). Христовата љубов кон целото семејство се гледа од зборовите: “Исус ги сакаше Марта и нејзината сестра Марија и Лазара” (Јован 11, 5). Кога Христос ја објавува смртта на Лазар го нарекува пријател, но не само Негов, туку пријател на сите Ученици: “Лазар пријателот наш заспал” (Јован 11, 11). Кога Марија плачејќи Го сретна Христа, Он на нејзината болка и на нејзините зборови заплака. А тогаш Јудејците рекоа: “ете колку го сакал”(Јован. 11, 36). По воскреснувањето на Лазара Христос се наоѓа во неговиот дом на вечерата што Му ја приготвија (Јован. 12, 1 - 3).

 Од сите овие одломки се гледа дека Христос премногу ги љубеше Лазара и неговите сестри. Св. Андреј Критски го нарекува Лазара блажен, затоа што беше возљубен од Христа, Кој што е Самиот Љубов. И во продолжение вели дека не е воопшто чудно што и жените, т.а. Марта и Марија, беа возљубени од Христа, Кој што дојде во светот за да ги повика сите луѓе кон Себе. Марија и Марта, кои што ги изразуваат праксата и созерцанието, како што ќе видиме во друга точка, го имаа надминато сентименталниот елемент и љубеа совршено и вистински. Следствено беше да бидат многу возљубени од Христа.

 Во почетокот Христос е информиран од Марта и Марија дека Лазар се разболел. Св. Кирил Александриски зборува за дрскоста на болеста, која се дрзна да дојде дури и кај луѓе кои што ги љубеше Бог. Секако, тоа е природно по отстапувањето на човекот од Бога, но, како што се гледа во сите текстови на Светото Писмо и на Светите Отци, и светителите кои што се соединети со Бога го примаат дејството на болеста.

 Во продолжение Христос, бидејќи како Бог знаеше за смртта на Лазар, им го соопшти тоа на Своите Ученици, велејќи: “Лазар пријателот наш заспал” (Јован. 11, 11). Смртта ја нарекува сон, затоа што навистина привремената смрт на телото е еден сон, бидејќи со еден единствен и обичен знак на Христа, Кој што е вистинскиот живот, ќе се отстрани (таа смрт). И уште Христос ја нарекува смртта сон, затоа што Он не сакаше ниту да ја именува смртта, да го каже нејзиното име, токму затоа што го создаде човекот за нетрулежност (св. Кирил Александриски).

 Божјите пријатели, додека живеат со нивниот биолошки состав и во конкретните услови на живот, се подложни на трулежноста и на смртта, бидејќи се обвиткани со кожните облеки. Секако, не се обземени од агонијата на смртта, бидејќи ја надвладуваат со силата Христова, но смртта е една реалност. Со нивното пријателство со Христа од сега ги примаат семињата на бесмртноста. По нивното прославено упокоение и телото ќе ја офрли трулежноста, бидејќи моштите на повеќето светители не се распаѓаат, не подлежат на трулежноста, туку при Второто Христово доаѓање ќе воскреснат нетрулежни.

В

 Во случајот на смртта и на воскресението на Лазара се гледа и тајната на Божјиот домострој, а и тоа како дејствуваа двете природи во Христа.
 Кога се осврнавме на празникот на Христовото Раѓање во тело, ни се даде прилика да зборуваме за двете природи во Христа, и тоа ги анализиравме термините на Четвртиот Вселенски Собор “непроменливо, неслиено, неразделно”. “Непроменливо” укажува на тоа дека не се изменија ниту Божјата ниту човечката природа, што значи дека ниту Божјата природа стана човечка, ниту човечката природа отстапи од своите својства и стана Божја. И двете природи не ги изгубија своите природни својства. “Неслиено” значи дека не се случи слевање помеѓу дејствата на двете природи. Божјата природа ги врши сите Божествени нешта, а човечката природа ги врши сите човечки нешта. “Неразделно” значи дека не се разделија никогаш двете природи. Затоа, кога Христос ги вршеше Божествените нешта содејствуваше човечката природа, а кога ги вршеше човечките нешта тогаш содејствуваше Божјата природа. Светите Отци за да ја прикажат оваа вистина велат дека секоја природа дејствуваше “со општење на другата”, т.е. во заедница со другата природа.

 Како дејствуваа двете природи се гледа во случајот на Лазара. Христос како човек заплака за смртта на Својот пријател Лазар, но како Бог со Својата Божествена сила го воскресна. Оваа тема ќе ја видиме и во некои други страни од настаните што имаат врска со смртта и со воскресението на Лазар.

 Христос кога ја објави смртта на Својот пријател Лазар не зборуваше за смрт, туку за заспивање, додека подоцна кога зборуваше за смртта на Лазар, не го нарече Лазара пријател. Зборува за смртта на Лазар, но ја изразува и решеноста да оди и да го воскресне Својот пријател. Тоа, според св. Андреј Критски, не е само показател на домострој, туку и показател на господарственост. Затоа што господарственоста го допушташе тоа што е човечко и се што има врска со природната немоќ поради применото (човечката природа), а домостројот го изразуваше Божјото и она што беше во врска со Божествената власт, пак поради применото (човечката природа). Така, Божествената власт и сила го допушташе се човечко, а домостројот ги изразуваше Божествените нешта, поради тоа што Христос ја прими човечката природа. Тоа е големата тајна на кеносисот на Синот и Логосот Божји.

 Евангелистот Јован, прикажувајќи ги фактите на средбата на Христа со сестрата на Лазар Марија, вели дека Христос просолзи (Јован. 11, 35). Два пати се гледа во Евангелијата дека ристос заплакал. Првиот пат кога се најде пред смртта на Својот пријател Лазар и вториот пат кога одеше кон Ерусалим (Лука. 19, 41). Солзите Христови укажуваат на човечката природа, и тоа дека ја прими целокупната природа. Така Христос и на тој начин покажува дека освен тоа што беше совршен Бог беше и совршен и целосен човек.

 Освен тоа Христос просолзе пред смртта на Лазар гледајќи ја трулежноста на човечката природа, после гревот, влегувањето на смртта и неубавиот вид на образот (св. Андреј Критски). Човекот не беше создаден за да умре, туку гревот ја воведе трулежноста. Само Христос, Создателот на човекот и Прототипот на своето создание, знае каков беше човекот во почетокот на неговото создавање и каков стана со гревот. Но и кога заплака гледајќи го Ерусалим и размислувајќи за она што треба да се случи, покажа голема милост, и тоа дека не сакаше да ги умртви неговите жители за она што сакаа да Му го направат. Уште заплака и за нечувствителноста на Ерусалим, всушност за нечувствителноста на жителите на тој град (блажени Теофилакт).

 Заедно со плачот се поврзува и еден смут што го почувствува Христос кога се најде пред смртта на Лазар, но и гледајќи ја болката на Марија. Евангелистот Јован вели дека Христос, кога ја виде Марија да плаче, но и сите Јудејци кои се најдоа таму, “се натажи со духот и се возмути” (Јован 11, 33).

 Толкувањето на овие зборови бара големо внимание, затоа што овде пак се крие тајната на дејството на двете природи во Христа. Треба да ги видиме овие зборови низ ерминевтичката анализа на св. Кирил Александриски.

 Затоа што Христос не е само по природа Бог, туку е и човек, затоа и во Него дејствува човечкото. Христос, кога почна кон Него да се движи жалоста која што ги предизвикува солзите, на некој начин го укори Своето тело со дејството и силата на Пресветиот Дух. Човечката природа, пак, трепери, се смутува, затоа што не може да го поднесе движењето на Божеството кое што се соедини со Неговото човечко тело. Впрочем, со Неговото вочовечување Христос имаше за цел да ја исцели слабоста на плотта со силата на Светиот Дух и да ја ослободи човечката природа од земниот начин на мислење.

 Христос го прими страсното и смртно тело за да го ослободи човекот од кожните облеки во коишто се облече со падот на Адам. Како што како човек гладуваше и се замараше, така ја прима и буката од страста. Значи, како што фумкционираа непорочните страсти во Христа, токму затоа што беше човек, така дејствуваа и непорочните страсти на разумната душа, што и е смутот преку сеќавањето и потсетувањето, токму затоа што имаше вистинска човечка природа.

 Исто така она што прави впечаток е тоа што Христос прашува каде го погребале Лазар. “Каде сте го положиле?” (Јован. 11, 34). Ова прашање Христос не го постави затоа што не го знаеше, како Бог, местото каде го погребале Лазар. Ако луѓе кои што живеат во Христа знаат многу идни нстани, затоа што истите им ги открива Божјата благодат, тогаш колку повеќе Христос знаеше се. Како Бог не го знае само тоа што се случува, туку и тоа што треба да се случи пред да се реализира. Христос се прави како да не знае каде го положиле мртвото тело на Лазара, за да го покаже сиромаштвото и ропството на човештвото, т.е. Божественото истоштание (с), и за да ги поттикне и другите да тргнат кон местото каде што ќе се случи чудото (св. Кирил Александриски).

 Пред чудото на воскреснувањето на Лазара Христос се помоли кон Својот Отец: “Оче, Ти благодарам оти Ме послуша; а Јас знаев дека Ти секогаш Ме слушаш, но ова го реков заради народот што стои наоколу, за да поверуваат дека Ти Си Ме пратил” (Јован. 11, 41 - 42). Христос со овие зборови покажува дека е еднаков со Неговиот Отец, бидејќи се испраќа од Него, и чудата ги врши со Неговата волја. Овде треба да се нагласи дека пред пресоздавањето на човекот, т.е. пред воскреснувањето на Лазара, претходеше совет, како што пред создавњето на првиот човек Адам претходеше совет. Меѓутоа постои една разлика. Тогаш Отецот Му рече на Синот да создадеме човек”, а Синот слушаше, додека сега Синот Му зборува на Отецот, а Он слуша. Така се гледа источесноста и еднаквоста н Отецот и на Синот (св. Григориј Палама). Според тоа, оваа молитва ја кажа за Јудејците, за да сфатат дека Он дојде од Отецот, дека е Син Божји и Бог и дека ја има истата волја и природа со Отецот (св. Андреј Критски).

 Додека формата на молитвата беше за насобраниот народ, зборовите што следеа, т.е. “Лазаре излези надвор”, не беа зборови на молитва, туку зборови на власт. Би можел ристос да го воскресне Лазара без да извика гласно, туку само со Својата волја и оддалеку. Тоа што “со силен глас извика: Лазаре, излези надвор” (Јован. 11, 43 - 44), го направи повеќе за народот. Требаше сите присутни да поверуваат дека Он е Оној Кој што ги повикува небитијата во битија и се држи со Својата сила, и то требаше да се докже со сите телесни сетила. Така, Јудејците со својот вид го гледаа Лазара во гробот, со мирисот ја чувствуваа непријатната миризба на мртовецот, со допирот го подигнаа каменот, ги трнаа покривалата на телото и на лицето, а со нивните уши требаше да ги сфатат господката сила и дејство на Христа (св. Григориј Палама).

 Со сето ова се гледа дека Христос беше Богочовек, т.е. совршен Бог и совршен човек, имаше две природи, Божјата и човечката, кои што дејствуваа без да се променат ниту да се измешаат, но и ниту да се поделат. Во чудото на воскреснувањето на Лазара се гледа владичеството и господарството на Христа, но и Неговото истоштание (с) за спасението на човечкиот род.

Г

Христос за време на Неговиот живот изврши три воскреснувања, при различни времиња. Првото беше воскреснувањето на Јаировата ќерка, кое што се случи веднаш штом умрела. Второто беше воскреснувањето на синот на Наинската вдовица, кое што се случи во часот кога го водеа мртвиот кон гробот. Третото беше воскреснувањето на Лазара, кое што се случи во четвртиот ден од неговата смрт.

Евангелистот Јован вели: “Кога дојде Исус, најде дека тој веќе четири дена е во гроб” (Јован. 11, 17). А кога подоцна Христос заповеда да го подигнат каменот од пештерата во која што се наоѓаше погребаниот Лазар, неговата сестра Марта рече: “Господи, мириса веќе; оти четири дена има откако е умрен” (Јован. 11, 39).

Овие цитати покажуваат дека не само што имаа поминато четири дена од неговата смрт, од излегувањето на душата од телото, туку и дека започнало разложувањето на телото. Меѓутоа Христос со Својата сила, не само што даде заповед да се врати душата, туку го исцели и го обнови и телото. Според тоа, всушност имаме пресоздавање, бидејќи се исцели разложувањето што веќе започнало да се случува.

Воскреснувањето на Лазара четири дена по неговата смрт има свои причини, бидејќи Христос не направи ништо без причина и цел. Отците на Црквата, коментирајќи го овој настан, ги навеле основните причини, без, секако, да изгледа дека го исцрпуваат прашањето. Најпрво требаше Јудејците да поверуваат дека Тој што ја има силата да го воскресне четвородневниот мртовец ја има силата да Се воскресне Себеси по три дена. Потоа, колку што минуваше времето од денот на смртта толку повеќе би се восхитиле на Христовата сила (св. Андреј Критски). И уште, бидејќи започна распаѓањето на телото, повпечатливо ќе изгледа покажувањето на чудото, затоа што Христос го пресече мирисот на гниењето (св. Андреј Критски). Исто така, бидејќи воскреснувањето на Лазара е предпочеток на општото воскресение на луѓето, затоа Христос го воскресна Лазара по жетири дена, та на тој начин да се потврди општото воскресение од четирите елементи од кои што е сочинето телото на човекот (св. Кирил Александриски).

Со сето ова се гледа дека Христос на овој начин укажува на општото воскресение на човечкото тело. Тој што го воскресна четвородневниот и замирисан Лазар, Тој може да ги воскресне и луѓето чиишто тела, по излегувањето на душата од нив, се распаднале. Впрочем, идното воскресение на телото се нарекува повторно раѓање и повторно создавање, затоа што се работи за едно ново создавање. Тоа не значи дека телата ќе добијат друг изглед, туку ќе бидат истите, но ќе се ослободат од трулежноста и од смртноста, бидејќи ќе бидат духовни тела.

Д

 Паралелно со претходното е толкувањето кое што го дава св. Андреј Критски на Господовите зборови: “Лазаре, излези надвор” (Јован. 11, 44). Св. Андреј Критски, толкувајќи ја оваа Христова заповед, го лоцира настанот во две точки.
 Прво, дека со таа заповед Христос му наредува на лазара да воскресне, та да покаже какво ќе биде општото воскресение. Како што после гласот Лазар почна да се движи и да излегува од гробот, така ќе биде и при Второто Христово Доаѓање со сите луѓе. Тој што рече “да биде светлина”, и “да биде свод”, Тој заповеда “излези надвор”. И навистина, како што вели св. Андреј, забележуваме дека кај Лазара се случија чудесни нешта. Неговото тело почна да дејствува, иако запреа сите негови функции. Така, значи, гледаме: како дишењето постои во ноздрите, вените се полни со крв, гласот пак се враќа, зборот влегува во ушите, очите имаат можност да гледаат, допирот функционира, чекорењето се врши на природен начин и воопшто целото тело, откако се врати душата, е организирано да функционира правилно.
 Второ, со оваа заповед се наредува Неговиот пријател Лазар да воскресне за да ги види сите чудесни и преславни нешта кои што ќе треба да се случат во тие денови во Ерусалим. Го претставува Христа како му зборува на Лазара во второ лице и да му вели дека требаше да воскресне за да Го види како се распнува заедно со разбојниците, како го напојуваат со оцет и жолчка, како го прободуваат во реброто со копјето, како се измачува под светлината на сонцето, на средина од денот, и ноќта како го засенува сонцето, Јудејците како Го хулат и разбојникот како богословствува.
 Според тоа, во случајот на Лазара требаше да се потврди и начинот на општото воскресение, но да се посведочат и страшните настани кои што требаше да се случат во Ерусалим. А воскреснатите мртовци требаше да ги потврдат човечката неблагодарност и злоба.
 Христос, иако го воскресна Лазара, т.е. иако го направи најглавното, сепак заповеда да го одвиткаат, бидејќи, како што ги погребувале мртвите во таа епоха, Лазар беше врзан на рацете и нозете со  бели ленти и неговото лице беше врзано со еден вид марама (). Заповедта Христова беше јасна: “одвиткајте го и оставете го да оди” (Јован. 11, 44).
 И тоа собитие не се случи без причина и цел. Христос со тоа дејствие ги направи присутните Јудејци сведоци на настанот. А на тој начин потврдуваат самите со своите раце дека не е фантазија тоа што се случи. Јудејците требаше да го одвиткаат, а Лазар требаше да биде оставен самиот да оди, та сите да сфатат дека претходно умрениот, и тоа веќе започнат да се распаѓа, нема потреба од раководител, откако повторно оживеа (св. Андреј Критски).
 Зборовите “одвиткајте го и оставете го да оди” укажуваат и на ослободувањето на човекот од трулежноста на гревот и на смртта при општото воскресение на мртвите. Со гревот на некој начин лицето ни се обвитка со покривалото на срамот. Со Христовото Второ Доаѓање е воскреснат нашите тела и ќе се движиме слободни од трулежноста и од злото. Така ќе се остварат зборовите на пророкот Малахија: “а за вас, кои се боите од името Мое, ќе изгрее сонцето на правдата, и исцеление ќе има во зраците негови, и вие ќе излезете и ќе се разиграте како нахраните теленца” (Малахија. 4, 2). Според тоа, овие Христови зборови укажуват на општото воскресение на луѓето, кога ќе се ослободат од трулежноста и од смртта (св. Кирил Александриски).
 Освен тоа, Христос со овие зборови го открива и дејството на Божјата сила, но и дејството на човечката сила, дека се треба да се врши Богочовечки. Христос со силата на Своето Божество го воскресна Лазара, но луѓето требаше да го одвиткаат, а самиот Лазар требаше да оди. Бог не го заменува човекот, туку го прави тоа што човекот не може да го направи, а овој треба да одговори на Божјото дејство. Ако по духовното воскресение, кое што се случува со Светите Тајни на Црквата, кои што се дар Христов, не следи нашата грижа, тогаш Божјата благодат ќе биде покриена од страстите и човекот пак ќе се умртви.

Ѓ

Отците на Црквата даваат и едно алегориско толкување на настанот на воскреснувањето на Лазара и на она што се поврзува со тоа. Согласно со тоа толкување Лазар е умот, кој што е умртвен од гревот. Сестрите на Лазара, Марта и Марија, се праксата и созерцанието, соодветно. Кога умот на човекот ќе се умртви, тогаш претходи праксата (марта) со различни дејствија за да Го сретне Христа и да Го замоли да дојде да го воскресне мртвиот ум, а следи созерцанието (Марија), која што претходно седеше дома, и така доаѓа кај Христа и плаче пред Него. Христос го воскреснува мртвиот ум на човекот и тогаш бива голема вечера, каде што претходно мртвиот Лазар (умот) е еден од оние кои што седат со Христа, додека Марта (праксата) прислужува на таа вечера, а Марија (созерцанието), пак, ги помазува Христовите нозе со скапоцено миро (Види Јован. 11, 17 - 33 и Јован. 12, 1 - 3).

Тоа значи дека пред воскресението на мртвиот ум кон Христа се приближува прво праксата, а потоа созерцанието. По воскресението на мртвиот ум, пак, праксата работи и Му служи на Христа, а созерцанието ја изразува љубовта и заедницата со Христа со различни благоухани дејствија.

Св. Григориј Палама, поорувајќи зборови на св. Максим Исповедник во врска со ова, вели дека умот кој то се оддалечува од Бога станува или ѕвер исполнет со страсти, или демон кој што се одликува со гордост. Св. Кирил Александриски вели дека кога умот на човекот ќе се умртви, тогаш треба Му пристапиме на Хрита со исповед и со материјалното тело и со смирената душа да Го замолиме, како што направија Марта и Марија. Тогаш Христос ќе заповеда да се подигне бесчувствителноста која што лежи во сеќавањето, и ќе повика со големиот глас на Евангелската труба да излеземе надвор од расејаноста на светот, и ќе ги одврзе врските на гревовите, та да можеме крепко да се движиме кон добродетелта.

Во некој друг ерминевтички приказ св. Кирил Александриски ќе ни рече дека Марта е практичната добродетел, а Марија е созерцанието, кое што следи по праксата. Со праксата и созерцанието попотполно ја покажуваме љубовта кон Христа. Исто така постојат некои кои што тврдат дека двете овие сестри го означуваат Светото Писмо, бидејќи Марта е символ на Стариот Завет кој што му служи на Христа, а Марија е символ на евангелското воспитание. Исто така, некои други тврдат дека со Марта се подразбира Синагогата на Јудејците која сака да Го лечи Христа со телесните дејствија, а Марија е символ на Црквата од Јазичниците која на Бога Му ги вознесува духовните жртви и блаоуханата вера, и која се осветува од благословот на плотта преку мистичното причестување.

Ова алегориско толкување на настаните на воскресението на Лазара е прикажано кај многу свети Отци. Ќе го напомнам само преподобниот Никита Ститат, кој што се усогласува со она што го вели св. Кирил Александриски. Меѓутоа постојат и тропари кои што се осврнуваат на овој настан. Во еден тропар што се пее во Средата пред Цветници, изрично се вели дека Марта и Марија се молитвите што треба да Му ги упатиме на Христа за да дојде и да го воскресне мртвиот и бесчувствителен ум, кој што се наоѓа во гробот на немарноста и не го чувствува Божјиот страв, ниту има некаква животна енергија.

Е

Веќе нагласивме во почетокот дека постои голема врска помеѓу празникот на воскресението на Лазара и триумфалното влегување на Христа во Ерусалим. Воскресението на Лазара е образ на тридневното Христово воскресение и на општото воскресение на луѓето, а триумфалниот пречек на Христа во Ерусалим се случи токму затоа што Јудејците се зачудија од тој нечуен до тогаш настан.

Св. Кирил Александриски во негова беседа на Неделата на Цветници се осврнува на релацијата, но и на разликата помеѓу двата големи Господови празници. Вчера, вели, т.е. на Лазаревата Сабота, празнуваше Витанија, денес, т.е. на Неделата на Цветници, целата Црква го прима Божјото присуство. Вчера Христос му подари живот на друг, т.е. на Лазара, денес Самиот доаѓа кон смртта. Вчера воскресна четвородневниот, денес доаѓа во Ерусалим тридневниот.

Како што постои единство во сите Господови празници, така може да се наје и единство, но и разлика помеѓу Витлеем и Витанија, т.е. помеѓу Христовото Раѓање и Витанија - Ерусалим. Тогаш во Витлеем беа Марија и Саломија, сега во Витанија се Марија и Марта. Таму Го гледаме Христа во пелени, овде го гледаме Лазара обвиткан со бели ленти. Таму јасли, овде гроб. Таму се вознемири Ирод и Ерусалим со Раѓањето Христово, овде Ерусалим се вознемирува и фарисеите го бунтуваат народот, со воскресението на Лазара. Таму се чудат Пастирите, овде свештениците негодуваа. Таму Магите Му се поклонија на Христа принесувајќи ги даровите, овде се бунтуваат против Христа бивајќи Богоборци. Таму децата кои што беа убиени од Ирод плачејќи принесоа погребни песни, овде народот предводен од децата Му упатува на Христа победна песна. Со сето ова се гледа помраченоста на умот на Јудејците, што се пројави тогаш кога Христос се јави воплотен, и сега кога се воспева Распнат.

Навистина, Христос при Неговото јавување во светот предизвика голема возбуда и бунт. Луѓето не можеа да го издржат Божјото присуство помеѓу нив. Човештвото беше толку поврдено од гревот што и најсмиреното присуство на Христа предизвикуваше најдлабока болка, па макар и да е тоа присуство заради нивно исцелување. Целокупното човештво беше една голема рана.

Поради таа состојба Христос се јавува многу смирено и не сака многу да ја предизвика манијата и страста на луѓето. Затоа, впрочем, и Христос секогаш се објавува сокриен и се крие објавувајќи се. само оние кои што имаат духовни критериуми и чувствително срце можат да Го препознаат.

Ж

Покрај акламациите на народот за воскреснувањето на Лазара и покрај неговите очекувања, царското влегување” (св. Кирил Александриски), т.е. влегувањето на Царот Христос во Ерусалим се случува со најдлабоко смирение.

Настаните што се случија при Христовото влегување во градот, каде што по неколку дена ќе претрпи многу измачувања и ќе биде распнат и ќе воскресне, ги опишуваат Евангелистите (Мат. 21, 1 - 11; Марко. 11, 1 - 10; Лука. 19, 28 - 41; Јован. 12, 12 - 16.).

Влегувањето на Христа во Ерусалим, впрочем како и сите Господови собитија, ба пророкувани во Стариот Завет од Пророците. Пророкот Захарија прорече “Ликувај од радост ќерко Сионова, извикувај, ќерко ерусалимска; ете, Царот твој доаѓа при тебе, праведен и со спасувачка сила, кроток, седнат на осле, рожба на ослицата. Тогаш ќе ги истребам колите на Ефрема и коњите на Ерусалим, и ќе се скрши убојниот лак; и Он ќе објави мир на народите, и царството Негово ќе се протега од море до море и од реката до краиштата на земјата” (Зах. 9, 9 - 10).

Присуството на Христа е присуство на жовекољубие, а не на правосудие, на снисходење, а не на казна. Христос се вочовечи и дојде во Ерусалим со обличје на слуга, како младоженец и како јагне непорочно што се принесува за жртва, многу смирено како капка што паѓа врз волнено руно, и на тој смирен начин ги симна силните од престолите, а ги издигна смирените (св. Кирил Александриски). Како што доаѓа младоженецот за бракот не со власт и сила, туку со љубов и смирение, така и Христос дојде при луѓето. Впрочем љубовта не може да се поврзува со господството и со тиранијата.

 Христос е Царот на новиот Израил на Божјата благодат. Но Он Своето Царство не го прави со световна слава и со световен начин на мислење. Тоа е царство на љубов и на смирение. Христос не доаѓа во Ерусалим и во историјата како другите цареви и господари, не е некој злосторник и угнетувач кој што е придружуван од бранители, ниту влече со себе мноштво војници. Не е како царевите и господарите кои што бараат од луѓето даноци, робувања и груби служења. Знаме Христово е смирението, сиромаштвото и понизноста (св. Григориј Палама).

Светите Отци, кога го коментираат Христовото влегување во Ерусалим, предвид ја имаат вообичаената слика од нивната епоха, кога разни цареви и војсководци влегувале во градовите со власт и со многу сила. Меѓутоа Христос нема таква власт, ниту сака да им се наметнува на луѓето на таков начин. Затоа св. Епифаниј Кипарски ќе рече дека Христос немаше жезли и труби, туку се појави со крајно сиромаштво. Не се носеше со мачеви, оружја и копја, како што тогаш биле придружувани земните господари, туку се носеше врз крајното смирение. Немаше вооружни луѓе, штитови и шлемови, туку крајна кротост, бескрајна незлобивост и надмерна умереност.

Христовото смирение не е една лицемерна надворешна добродетел, туку е израз на Неговата љубов и на Неговата едноставност. Оној кој што е едноставен (прост) во однос на природата, но и љуби, истовремено е и смирен. Според тоа, поврзано Христовото смирение со Неговата едноставност и љубов всушност е Неговата несоздадена енергија, која произлегува од простата природа на Божеството. Затоа, кога светителите се удостојуваат да Го видат Христа во Неговата слава, биваат поробени од Неговата љубов и смирение. Христос е кроток и смирен по срце, како што впрочем тоа Самиот го објави.

З

Христовото смирение, како што коментираат светите Отци, се гледа од тоа што Он влезе во Еруалим “седнат на осле”. Евангелистот Јован вели: “А Исус, кога најде едно осле, седна на него” (Јован. 12, 14). Евангелистот Матеј вели дека Учениците Му донесоа на Христа ослица и осле. “Ги дотераа ослицата и ослето и ги кладоа одозгора алиштата свои, и Он седна на нив” (Мат. 21, 7). Евангелистот Лука, пак, зборува за тоа дека Христос седна на ослета, а не на ослицата (Лука 19, 35).

 Не постои противречност помеѓу Евангелистите, како што толкува блажени Теофилакт. Христос влезе во Ерусалим седнат на осле. Учениците Му донесоа на Христа осле, но со него дојде и мајката, ослицата. Кога вели Евангелистот Матеј дека Он “седна на нив”, не мисли дека Христос истовремено седел на ослето и на ослицата, туку има две толкувања. Прво, дека со зборовите “седна на нив”, подразбира над алиштата што ги ставиле на ослето. Второ, и да протолкуваме дека зборовите “седна на нив” се однесуваат на двете животни што Му ги донеле на Христа, треба да подразбереме дека прво седнал на ослицата, а потоа на ослето, што символира дека прво почиваше во синагогата на Јудејците, а потоа во народот што произлегуваше од јазичниците.

 Ова дејство има свој символичен карактер, како што објаснуваат свештените толкувачи на евангелските текстови. Евтимиј Зигабен вели дека Христос седна над ослето, кое што е образ на народот од јазичниците, а од позади одеше и ослицата, која што е образ на народот од Јудејците. Тоа значи дека откако Христос ќе биде проповедан на народите и ќе почива во нив, тогаш ќе следат и Јудејците, кои што ќе се вратат во верата Христова.

Ако сметаме дека како ослето така и ослицата го символизираат незнабожечкиот народ, тогаш седнувањето Христово на ослицата покажува дека дојде да ја разруши заблудата на идолослужењето, а седнувањето на ослето покажува дека дојде да го заузда невоздржливиот налет што многубожците го имале кон безбожништвото. Не постои ништо понеразумно од неверието и ништо понесредено од многубожците кои им се поклонуваат на бесчувствителните идоли.

Според таканаречените синоптички Евангелисти (Матеј, Марко и Лука) Христос ги испратил Своите Ученици во гратчето отспротива, каде ќе најдат “ослица врзана и осле со неа”. Христос им порачал да ги одврзаат тие две животни и да Му ги донесат.

Свети Атанасиј Велики, толкувајќи го овој настан, вели дека гратчето отспротива е овој земен свет, бидејќи град е небесниот живот, т.е. Рајот, од кој отпадна Адам со гревот што го изврши. Никој друг не можеше пак да нé воведе во она место од кое отпаднавме, освен само Христос. Ослицата и ослето се целокупното човештво. Ослето е нашиот татко Адам кого сатаната го врза со своите лукавства. Ослицата, која е нечисто животно, се многубожечките народи кои се валкаат со идолите и со нечистата крв. Христос ги испраќа Своите Ученици при целото човештво за да ги приведат кон Него како Јудејците така и многубожците и да се основа Црквата која ќе се состои од Христијани произлезени од Јудејци и произлезени од многубожци. Одврзувањето на овие конкретни животни е работа на големи мажи, не во телесна возраст, туку големи во верата, во љубовта, во правдата, во разумот, во храброста и во добродетелта. Такви мажи се Апостолите кои беа испратени во светот за да проповедаат и за да се основа Црквата Христова.

Христовите ученици, т.е. Апостолите, ги одврзаа сите многубожечки народи од мракот, односно од непознавањето на Бога, од заблудата, од гревот, од ропството на непријателот, од мрачната власт на кнезот од овој свет и ги одведоа при Господа нивниот Создател. И сега Христос седи над нив и царува.

Христос им кажа на Своите Ученици, кога ги испрати да го одврзаат ослето, дека ако сретнат некој човек кој би ги прашал зошто го прават тоа, да му одговорат дека Христос го бара ослето. Навистина, кога го одврзале ослето некои од оние кои се нашле таму рекле: “Што правите, зошто го одврзувате ослето?”. А кога Учениците одговориле дека Христос им заповедал, тогаш “ги оставија” (Мат. 11, 5 - 6).

Ова го покажува господарското дејство на Христа како Бог, бидејќи Он го управува светот и никој не може да í се спротивстави на Неговата волја. Не само што сé е од Него создадено, туку и сé се управува од Неговата несоздадена енергија.

Ако замислиме, според толкувањето на Светите Отци, дека ослето е човештвото кое се одврзува од врските на гревот, тогаш луѓето кои се нашле таму се лукавите владетели кои навистина не можеле да í се спротивстават на Христовата заповед, но веднаш, како што толкува свети Атанасиј Велики, притекнале кон нивниот началник ѓаволот и му соопштиле за она што се случило. Затоа, веднаш потоа се прави совет и “собир на лукавите” против Христа. Му рекле на ѓаволот дека нешто треба да се случи, затоа што ослето беше одведено при неговиот господар и не е веќе негово и нема власт над него. Ѓаволот размислувал што треба да прави и така ги поттикнал книжинците и фарисеите да го осудат Христа на смрт. Меѓутоа, бедните тие, не знаеле дека смртта Христова нам ни ја дарува бесмртноста и дека Неговото слегување во адот го предизвикува нашето издигнување на Небесата.

Ѕ

Пророкот Давид обраќајќи Му се на Бога вели: “Како скот станав пред Тебе, но јас секогаш ќе бидам со Тебе, Кој не задржа за мојата десница и со Твојата волја ме воидш и ќе ме примиш со слава” (Пс. 82, 22 - 24). Овде давид го изразува своето уверување дека се става себеси на располагање на Бога, бидејќи има совршена доверба дека Он ќе го воид на најдобар начин.

Свети андреј Критски го прилагодува овој дел од псалмите на настанот што го проучуваме и вели дека како што ослето без да се спротивставува ги следеше Учениците кои го одврзаа и го водеа кон Христа, така и човекот треба да стане скот, како ослето, во однос на простотата на мислењето. Човекот би требало да му се потчинува на оној кој го има преземено неговото духовно раководство во Христа, без да се спротивставува, и на тој начин да стане осле Христово, ослободен од секаква скотска неразумност. Тогаш нема да чекори по земјата на земниот начин на мислење, нема да се свива под товарот на искушенијата, нема да се обременува од тежината на неразумните страсти, туку одејќи врз облеката од практичните дела и носејќи се над телесните задоволства, газејќи над празната надуеност на празната слава, ќе биде осле Христово.

Човекот, оддалечувајќи се од Бога, станува како скот, бидејќи е обземен од бесловесните желби и од плотската волја, и им се потчинува на желбите на стариот човек. Меѓутоа кога ќе го стекне Христовото смирение и кога ќе ја отфрли бесловесноста, тогаш станува кола Христова. Ова толкување го имаат зборовите од псалмот станав како животно пред Тебе.

Свети Атанасиј Велики учи дека секој од нас личи на ослето, врзан со врските на гревот. Затоа треба да Го замолиме Христа да ги испрати Неговите Ученици да ни ги одврзаат врските. Еден е врзан со среброљубието, друг се заплеткува со блудот, некој се поврзува со пијанството, некој е под власт на празната слава, некој онеправдува, некој го граба она што го има ближниот и сиромавиот, некој зема камата врз камата, и општо сите се имаме разболено со нашите неправди. Поради тоа сите ние имаме потреба од терапијата на Христа Спасителот.

Кога некој станува како скот, односно кога без противречење им се потчинува на Христовите Ученици, тогаш безбедно бива воден кон Христа Исцелителот, Кој го исцелува од сите болести и станува престол Божји. Затоа треба да станеме разумни скотови, кои ќе се осветуваме од Христа.

 

И

Торжественото и триумфално влегување Христово во Ерусалим и радоста на Јудејците се гледа и од тоа што ги постелиле своите облеки за да помине Христос. Тоа било вообичаено при триумфални и победнички влегувања на Цареви и Воени началници.

Во Евангелијата се гледа дека биле постелени два вида облека. Најпрво Апостолите ги ставиле своите алишта врз ослето каде седнал Христос, а потоа некои од Јудејците ги постилале своите облеки на земјата од каде минувало ослето врз кое седел Христос. “И го доведоа (Апостолите) ослето при Исуса и ги ставија на него своите облеки, и Он седан на него. Мнозина ги постилаа своите облеки по патот... (Марко. 11, 7 - 8).
Облеките на Апостолите што беа ставени над ослето се добродетелите на Апостолите, врз кои добродетели седи Христос. Според блажениот Теофилакт тоа значи дека ако не се украси душата на човекот со апостолските добродетели, не може да се качи на неа Бог. Апостолскиот живот е претпоставка за доаѓање и за вселување на Христа во срцето на човекот. Постелувањето на нашите облеки не е ништо друго освен тоа нашето тело и нашите желби да му се потчинат на духот, затоа што само така се удостојуваме да му се поклониме на христовото Страдање и на Неговото славно Воскресение.

Покрај добродетелите на Апостолите, облеките што беа ставени над ослето ја покажуваат и благодатта што им беше дадена на Апостолите. И на тој начин им Го потврдија Христа на сите народи. Апостолите не би можеле да го направат целото тоа дело ако ја немале благодатта и дејството Христово.

Евангелистот Лука запазува еден детал кој е многу карактеристичен за смислата што ја има. Тој вели дека Учениците најпрво ги постелиле своите облеки врз ослето, каде седнал Христос, а потоа, како што Христос врвел, тие ги постилале своите облеки по патот. “А додека врвеше Он тие ги постилаа своите облеки по патот” (Лука. 19, 36).

Свети Атанасиј Велики, толкувајќи го фрлањето на облеките на апостолате под нозете на ослето, вели дека тоа се моралните ----------, кои се фрлаат на нозе. Тиа морални --------- се Божјите заповеди, не убивај, не блудствувај, не кради, не сведочи лажно, почитувај ги татко ти и мајка ти. Апостолите ги постилале своите облеки по патот за да не чекориме по земјата и да не одиме со желбата и со стомакот, т.е. да не бидеме обземени од страстите на желбениот и на дразбениот дел на душата. Треба да внимаваме да не газиме долу на земјата, затоа што таму се постелени облеките на Апостолите, односно Христовите заповеди. После овој труд треба да се издигнеме и повисоко. Значи, наместо да ги наклонуваме градите на земјата, треба да ги наклонуваме на Христовите гради, како што направи Јован Богослов. Тогаш човекот нема да ги влече своите нозе по земјата, туку ќе се движи на небесата. Овде јасно се подразбира практичната и созерцателната добродетел, бидејќи преку праксата треба да се бориме да го очистуваме срцето, а преку созерцанието да се издигнуваме во општење со Бога.

Тоа што Апостолите ги извадиле своите облеки и ги постелиле за да мине Христос, освен другото, значи дека оние кои се достојни да Го воспеваат Христа треба да го отфрлат стариот човек и да Му го потчинат на Христа. Тогаш Христос ќе се качи на нив и ќе ги освети, и така телото нема да се дигне против духот.

 

Ј

Радоста на Јудејците со влегувањето на Христа во Ерусалим беше невоздржана. Извикуваа велејќи: Осана; Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово (Јован. 12, 13). Евангелистот Матеј вели дека луѓето кои оделе напред и тие кои оделе позади извикувале велејќи: Осана на Давидовиот Син; Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово (Мат. 21, 9). А според Евангелистот Марко извикувале велејќи: Осана, Благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово. Благословено е Царството што доаѓа во името на Господа на нашиот татко Давида; осана во висините (Марко, 11, 9 - 10). Според Евангелистот Лука мноштвото народ извикувале: Благословен е Царот Кој доаѓа во името Господово; мир на небото и слава во висините (Лука. 19, 38 - 39).

Централната смисла на сите овие акламации е истата, но се разликуваат зборовите, затоа што народот извикувал, како што се случува во слични случаеви, без да постои некое раководство и затоа секој Евангелист ни го запазува она што го слушнал или она што му било пренесено со особените нијанси. Факт е дека се работи за едно ура на триумпх и на слава, затоа што повеќето се надевале дека дошол Месијата кој би ги ослободил од нивното ропство на Римјаните. Значи, Го очекувале како светски началник, кој би им ја дарувал националната слобода.

Зборот “осана” е еврејски и значи “спаси”. Произлегува од Давидов псалм, кој им бил познат на Јудејците, бидејќи го пееле во Синагогите: “О, Господи, спаси нé и упатувај нé. Благословен е кој доаѓа во името Господово, сме благословувани во домот Господов. Бог е Господ и ни се јави” (Пс. 118, 25 - 27). Би можеле да кажеме дека Јудејците тогаш за овој настан употребиле еден литургиски израз. Постои и став дека “осана” се толкува како “Божја благодат”. Не се работи за спротивставено толкување, бидејќи Бог ги спасува луѓето со Својата благодат. Така “осана” е химна која Му се упатува на Бога и се толкува како “спаси нé”, а “во висините” покажува дека Христос не се воспева само на земјата, туку и во висините Го воспеваат ангелите.

Зборот “благословен” со кој луѓето се осврнуваат кон Бога има различно значење од она што се упатува од Бога кон луѓето. Во недоумицата како е можно создадениот човек да Го благослови несоздадениот Бог, а би требало да се случува спротивното, светиот Никодим Светогорец вели дека зборот благослов во Светото Писмо има двојна смисла и значење. Се употребува за да укаже на осветувањето што од Бога произлегува и им се дава на луѓето, според зборовите “и го благослови Бог седмиот ден и го освети” (1. Мој. 2, 3). Исто така, се употребува зборот благослов за да укаже на нашето славословие и благодарење кон Бога, како што се вели во Давидовиот псалм: “благословувај Го душо моја Господа и целата моја внатрешност да го благоскловува Неговото свето име” (Пс. 102, 1), што има значење на славословење и благодарење.

Свети Јован Златоуст вели дека не само Бог го благословува човекот, туку и човекот Го благословува Бога, но на поинаков начин. Кога Бог го благословува човекот, го прави поблескав, а кога човекот Го благословува Бога, тогаш самиот човек станува поблескав. Така, било да кажеме дека Бог го благословува човекот, било да кажеме дека човекот Го благословува Бога, сепак добивката завршува кај човекот, бидејќи Бог нема никаква потреба.

Оваа литургиска химна има и најдлабока христолошка смисла, затоа што ги покажува двете природи во Христа. Изразот “осана во висините” укажува на возвишената Божја природа, а изразот “благословен е Оној Кој доаѓа во името Господово” укажува на суштината на човештвото, тоа е семето Авраамово што Бог го благослови, бидејќи преку него требало да дојде спасението на човечкиот род. И двете овие нешта соединето во Личноста Христова укажуваат на Неговото Богочовештво, односно на тоа дека Он е Бо и човек, дека има две природи во една ипостас и во една личност.
Јудејците извикувале велејќи: Осана на Давидовиот Син (Мат. 21, 9). Го нарекуваат Давидов Син затоа што од Старозаветните пророштва знаеле дека Христос ќе дојде од родот Давидов. На Давид му било дадено ветувањето Божјо: “Се заколна Господ на Давида со клетва и нема да ја поништи: од плодот на твојата утроба ќе поставам на твојот престол” (Пс. 131, 11). Во тој час народот се просветлил од Светиот Дух, се сетил на тој псалм и разбрал дека Христос е ветениот Месија за да ги ослободи.

Така, по воскреснувањето на Лазар ангелите ги виделе скришно, а луѓето јавно величијата Божји, затоа и ја извикувале оваа победна химна, славословувајќи Го Христа како Месијата Кој го очекувале, за да го ослободи човечкиот род и да им подари непроменливост и на ангелите. Особено ангелите почнале да ги разбираат Божјите величија. И ангелите се Божји созданија и затоа не ја знаат иднината, ниту го знаат она за што не е потребно да бидат информирани. Ангелите разбрале и станале сигурни за воскресението на Адам, гледајќи Го Христа Кој го воскресна синот на вдовицата и ќерката на стотникот, а особено кога Го видоа како го воскреснува Лазар, кој веќе мирисал, почнал да се распаѓа и бил опфатен со црви. Значи, ангелите гледајќи дека воскреснал човекот иако бил опфатен од црвите и од демоните, се запрепастиле и се восхитиле, па затоа пееле Осана.

Со оваа химна Христос се воспева како победител над смртта. Не може да се спореди победата и триумфот на некои стратези против земни војски со победата Христова над ѓаволот и над смртта. Затоа оваа химна е единствена.

К


Додека целиот народ по патот Го воспеваше Христа извикувајќи “Осана”, кога Христос влезе во храмот и ги избрка од таму продавачите и купувачите и ги исцели слепите и хромите што се наоѓаа таму, тогаш првосвештениците и книжинците негодуваа. Особено негодуваа кога ги гледаа децата како викаат во храмот и велат “Осана на Давидовиот Син”. Првосвештениците и книжинците протестираа кај Христа, а Он им рече: “Зарем никогаш не сте читале дека од устата на младенците и на оние кои цицаат ќе приготвам пофалба?” (Мат. 21, 15 - 16).

Настанот на воспевањето од страна на децата, како што се гледа и од напомената што ја дал Христос, беше пророкувано од Пророкот давид во Стариот Завет: “Од устата на младенците и на оние кои цицаат ќе приготвам пофалба заради непријателите твои за да се уништи непријателот” (Пс. 8, 3). И секако, како најчисти какви што биле Го славословиле во храмот, а не по патот.

Тие деца се покажале како големи богослови, а нивната химна богословска, иако биле необразовани и неуки. Навистина чудна и неприродна глетка е да се видат младенци кои цицаат во прегратките на своите мајки, со едната рака да ја држат дојката на својата мајка, а со другата маслиновите гранчиња, и дури со устата да пијат мајчино млеко и од истата уста да изливаат догма Господова. Јазикот и устата на младенците се движеле со силата и дејството на Светиот Дух. Инаку би било невозможно да го направат тоа.

Најчудниот факт е тоа што младенците, децата, Го воспеваат Христа како Бог, а нивните татковци, првосвештениците и книжинците Го хулат. Свети Кирил Александриски прави извонредни забелешки, нагласувајќи ја оваа разлика. Тој вели дека децата Го препознале Владиката на созданието од самата природа, а нивните татковци се покажале безумни. Децата Го воспеале како Бог, а нивните татковци Го распнале како непријател. Децата пееле Осана, а нивните татковци извикувале да биде распнат. Младата и неука возраст мудрува, а мудрите се помрачуваат. Децата ги постелиле своите облеки за да помине Христос, а нивните татковци ја разделиле Христовата облека. Децата Го дочекувале Христа со палмови гранчиња, а нивните татковци доаѓале со ножеви. Децата благословувале, а нивните татковци хулеле. Децата како јагниња Го прифатиле Пастирот, а нивните татковци како волци Го заклале Јагнето.

Оваа разлика е израз на различната душевна состојба, бидејќи Светиот Дух дејствува во срца кои се чисти и непразнославни, а во срца кои се скаменети не може да дејствува.

Химната на младенците и на оние кои цицаат всушност е химна на новиот народ Божји, кој е младенец во срцето. Апостолот Павле им порачува на Коринтските Христијани: “Браќа, не бидете деца според разумот, туку бидете младенци во злото, а според разумот бидете совршени” (1. Кор. 14, 20). Постои младенство и детинство во разумот и младенство и детинство во срцето. Христијаните не треба да бидат младенци во разумот, туку во срцето, а во разумот треба да бидат совршени и зрели. Младенството во срцето е поврзано со чистотата и со отфрлањето од таму (од срцето) на сите помисли.
Свети Григориј Палама им порачува на Христијаните од неговото стадо: Браќа, да младенствуваме и ние во злото, и млади и стари, и началници и потчинети. Кога младенствуваме во злото, тогаш добиваме сила од Бога и ги држиме трофеите на победата и на триумфот, не само над лукавите страсти, туку и над видливите и невидливите непријатели, при што добиваме благодат на збор за секаква помош.


Л

Народот не се задоволил само да извикува и да Го воспева Христа како Бог, туку во своите раце држел и палмови гранчиња. Евангелистот Јован пишува: “На другиот ден, мноштво народ, кој беше дошол на празникот, кога чуја дека Исус доаѓа во Ерусалим, зедоа палмови гранчиња и излегоа да Го пречекаат” (Јован. 12, 12 - 13). Другите Евангелисти наведуваат дека скинале гранки од дрвата и ги постилале на патот (Мат. 21, 8; Марко, 11, 8).

Оваа сцена потсетува на манифестации на пречек на еден народен водач кој ги победил непријателите. За победата на Симон Макавејски пишува: “И влезе во градот... со пофалба и палмови гранки... (1. Мак. 13, 51). Но и светителите, кои Евангелистот ги видел како стојат на престолот Божји, носеле бели облеки и со палмови гранчиња во рацете (Отк. 7, 9).

Од сведоштва што имаме Црквата ја повторува оваа триумфална сцена во Ерусалим. Се правеле литии со палмови гранчиња, народот одел на Маслиновата Гора каде Епископот во образец Христов седел на ослица. Литијата со палмови гранчиња се наведува во многу тропари од богослужението на Цветници.

Христијаните и денес на тој ден ги држат палмовите гранчиња затоа што освен што го символизираат дочекот на Христа, тие го символизираат и постоењето на добродетелите. Претходел периодот на Великата Четириесетница, со аскеза, пост и молитва, и така Христијаните се подготвени да Го дочекаат Воскреснатиот Христос.

Свети Кирил Александриски им советува на Христијаните не само да ги држат гранчињата во своите раце, туку да ги поседуваат и палмовите гранчиња на душата кои се поврзани со соблекувањето од душата на умртвеноста на старата и кожна облека и со отфрлање на секоја надменост и гордост. Свети Андреј Критски советува да не го постиламе патот каде ќе помине Христос со маслинови или палмови гранчиња и цвеќиња, туку колку што е можно да ги постелиме во себеси смирението на душата и исправноста на мислењето, за да Го примиме Логосот и за да се смести во нас Бог, Кој е несместлив. На друго место светиот Андреј вели дека треба да Му парадираме на Христа не со палмови гранчиња, туку со добродетелем живот. Впрочем, маслиновите гранчиња се рацете што се пружаат кон милост и милосрдност.

Гранчињата што ги држат Христијаните не треба да се само надворешна манифестација на богослужението, туку нешто подлабоко, бидејќи тие ја означуваат духовната, практичната, спознателната и чистата дејност на внатрешниот човек, како што учи Тит епископ Востроски. Навистина, духовната дејност на човекот не се однесува само на праксата, туку и на познанието и на созерцанието. Палмовите гранчиња ја покажуваат интегралната духовна дејност на човекот кој жеднее да Го дочека Победителот над смртта.

Ј

Еден тропар од Вечерната на Цветници почнува вака: Денес благодатта на Светиот Дух нé собра; и сите понесувајќи Го Твојот Крст велиме... Свети Никодим Светогорец ја изложува причинита поради која се кажува овој тропар, а таа причина е доволно индикативна.

Тој вели дека старите (поранешните) Отци кои се наоѓале во манастирите, кога го празнувале споменот на светиот Антониј Велики (17. Јануари) заминувале од таму и оделе во пустините, во горите и во пештерите и таму останувале подвизувајќи се во свештеното тихување, постејќи и молејќи се, до празникот Цветници. Седмицата пред Неделата на Цветници се собирале сите за да ги прослават Страдањата, Крстот и Воскресението на Христа. Многу тропари се однесуваат на овој факт. Во еден тропар се вели: “Вие кои сте во пустините и во пештерите дојдете; понесете заедно со нас палмови гранчиња за да Го дочекаме Царот и Владиката”. Токму поради таа причина пееле: Денес благодатта на Светиот Дух нé собра.

Овој факт покажува дека не е доволно надворешното празнување на настаните, туку се бара внатрешен егзистенцијален пристап. Молитвата, тихувањето, трезвеноста се соодветните мерки за да може човекот правилно да им пристапи на овие настани и да празнува Божествено, а не идолопоклонички. Затоа Црквата определила период од педесет дена за подготовка, што почнува од Неделата на Митарот и Фарисеот. Христолошките настани се однесуваат на спасението на човекот и претпоставуваат соодветна подготовка.

Воскресението на Лазар и триумфалното влегување на Христа во Ерусалим ја покажуваат надежта на општото воскресение и на влегувањето на Христа во чистото срце на човекот. Не треба да бидат надворешни настани, туку внатрешни празници.

 

 

Извор:

Скопска православна епархија

Јеротеј Влахос: ГОСПОДОВИТЕ ПРАЗНИЦИ

Превод од грчки:

јеромонах Атанасиј Арсоски


 Вовед

Христос е единствената глава на нашето спасение од многу причини. Он е Синот Божји, “икона на невидливиот Бог” (Кол. 1, 15), прототипот на човекот, Создателот на светот и Глава на Црквата. Според тоа, ние и како созданија и како луѓе и како членови на Црквата многу сме поврзани со Христа и многу сме Му должни.

Во светоотечките текстови може да се сретнат многу изрази коишто ги прикажуваат Личноста и делото Христово, а секој од тие изрази покажува еден од белезите Христови, додека, пак, и сите заедно не можат да го искажат тое што е Христос. Он е животот на сите, патот, вистината и животот”, како што објави Самиот (Јован, 14, 6).

Помеѓу изразите коишто ги употребуват светите отци за Христа се и следните: Он е “тајната на надспознатливото молчание”, “резиме на се сетилно и умно”, “Украсител на сите твари”, “славно скончание на законските установи”, “почеток на средината и на крајот” на човекот, “висина и длабочина, должина и ширина на познанието”.

Еден значаен дел во православното учење зазема и Христологијата, т.е. словото за Христа. Овој дел од православната вера е премногу важен, затоа што Христос е толкувањето на сите нешта, бидејќи преку Него разбравме за Троичноста на Бога, преку Него беше создаден и пресоздаден светот. Он е главата на Црквата, преку светите Тајни ние стануваме Негови членови, членови на Неговото прославено Тело. Поради тоа Христологијата е клучот на православната вера и на вистинскиот живот.

Светите Отци му дале големо значение на учењето за Христа, затоа што ако се искриви тоа учење, тогаш се менува и Тријадологијата, бидејќи Христос е “Еден од Троица”. Тогаш немаме ниту правилна нтрополгија, бидејќи Он е прототипот на создавањето на човекот. Тогаш не ја живееме ниту вистинската еклисиологија, бидејќи Христос е главта на Црквата и Црквата е Неговото славно воскреснато Тело. И тогаш, се разбира, не можеме да го постигнеме спасението, бидејќи надвор од Него е невозможно спасението на човекот.

Затоа што врз тајната на Богочовекот Христос “се сопна” целата јудејска и елинско - философска мисла која што ја употребуваа нагласено еретиците, затоа светите отци широко го развиле Христолошкото учење. Ако внимателно забележиме, ќе се увериме дека сите Вселенски Собори се занимавале со тајнта на Богочовекот Христос. Само Вториот Вселенски Собор повеќе проникна во Личноста на Светиот Дух, но и тоа е најтесно поврзано со Христологијата на другите Вселенски Собори, од една страна затоа што учењето на Вториот Вселенски Собор е продолжение на Првиот, од друга страна, пак, затоа што Христос Го испраќа Светиот Дух.
 Целото учење на Црквата за Христа на убав и индуктивен начин е распоредено во Господовите празници, коишто се празници на божјиот домострој. Кога зборуваме за Божјиот Домострој мислиме на вочовечувањето на Синот и Логосот Божји за спасението на човечкиот род. Божјиот Домострој, којшто е единствената надеж за живот, се поставува наспроти човечкиот домострој, или подобро Богочовекоцентричноста се поставува наспроти современата, еретичка и погрешна човекоцентричност. Навистина, денес денес центарот е некако преместен. Од Божјата Икономија (Домострој) одиме кон економски системи, а од Богочовекот Христос одиме кон човекобогот, што е најголемиот проблем на нашево време.

На Семинарот на Катихетите којшто се одржа во Атинската Архиепископија во 1994 - 1995 година ја развивме Христологијата на Господовите празници, коишто се празници на Богојавлението и на Божјата љубов, но и на обожувањео на човекот. Се обидовме да ја видиме целата оваа тајна на Божјото вочовечување и на обожувањето на човекот. И верувам дека беше посебен Божји благослов колку за мене што ги изложив овие реферати, толку и за слушателите, затоа што ни се даде можност, но и прилика повеѓе да Го возљубиме Христа, Којшто е “непотрошлива ризница на сите блага”, “веселие на срцето”, и “сладост на јазикот”.

Оваа книга е поделена на два основни дела. Во првиот дел се објавени рефератите за Господовите празници коишто беа искажани на Семинарот за којшто спомнавме претходно, и коишто празници ги сочинуваат Дванаесетте празници. Во нив се прикажани, главно, Христолошките теми на тие големи Господови празници. Како што ќе се увери читателот, употребувам цитати од многу свети отци на Црквата, но најмногу ми послужија во развивањето на овие теми св. Јован Дамаскин, св. Григориј Палама и св. Никодим Агиорит, и се разбира, ми послужија и беседи од други светители коишто ги изговориле за овие Господови празници. Во вториот дел се вметнати некои текстови коишто порано беа објавено во разни списанија, и повеѓе анализираат некои Христолошки страни, коишто се прикажани во првиот дел. Мислам дека имаше потреба да се вметнат и овие текстови во ова издание.

Признавам, се разбира, дека теолошките теми, а пред се Христолошките се многу суптилни и бараат особена работа и особено внимание. Оној којшто се занимава со такви сериозни прашања нагласено ги увствува зборовите на свети Григориј Богослов дека “да се богословствува е исто како да се оди на јаже”. Треба секој постојано да оди по јаже, да внимава, да не падне во погрешни теории. Впрочем, формулацијата на догматските термини барала многу време и го барала присуството на големите отци на Црквата, коишто имале опит - Откровение, но и познание на претпоставките, врз основа на коишто богословствувале еретиците. Токму поради тоа, ако и покрај мојата волја и покрај мојата лична вера, во некои моменти формулацијата не е прецизна, молам да ми се укаже за да ја исправам, затоа што и покрај моето лично несовршенство, сакам да останам во вистината, во учењето и во животот на Црквата.

За појаснување треба да се нгласио дека тајната Христова, тајната на Божјиот Домострој е единтвена и не може а се дели, т.е. не може апсолутно да се подели во различни празници. На пример, ког некој зборува за тајнта на Божјото вочовечување, секако треба да се осврне на Христовото смирение (с). Но тоа Божјо смирение најизразно се гледа за време на Христовите Страдања. Исто така не може целосно да се оддели Крстот од Христовото Воскресение. Така, поделбата на Господовите празници е спогодбена, но и нужна, поради човечката слабост. Црквата ги празнува одделно тие Господови собитија, а востановила да им претходи пост и молитва, за да му се даде можност на човекот да ги доживее стадиумите на Божјиот Домострој во својот личен живот. Покрај ова значение, Црквата со распределувањето на Господовите празници во целата црковна година го осветува времето, го преобразува и го возведува во вечноста. Всушност го преобразува човекот којшто живее во времето и го води во вечноста.

Сите собитија и сите т. н. стадиуми на Божјиот Домострој се доживуваат на секоја Литургија, каде што го живееме Христовото воплотување, она што го кажа и што го направи Христос, Неговите страдања и Крст, Воскресението, Вознесението и Педесетницата. Затоа и светите Отци велат дека “секогаш е Божиќ” и “секогаш е Педесетница”. Со други зборови, во Литургијата на денот на Христовото раѓање го доживуваме и Христовото Воскресение, и во Литургијата на празникот на Воскресението или на Вознесението го доживуваме и настанот на Божјото воплотување.

Уште треба да се забележи дека стадиумите на Божјиот Домострој тесно се поврзани со стадиумите на духовниот живот. Христијаните аналогно на степенот на својата духовна состојба ги доживуваат Господовите собитија. Според тоа, не се работи за едно надворешно сообразување, т.е. не се работи за еден формален празник, туку за духовно доживување, и за да бидеме попрецизни, за светотаинско и аскетско подражавање на Христа.

Секако, терминот “подражавање на Христа” има попримено едно еретичко фалсификување, затоа што од другите конфесии на овој термин му е дадено етичко значение и поимање. Но сепак терминот “подражавање на Христа” е библиски и светоотечки и го содржи целиот двиг на човекот кон обожувањето, што е неговата најдлабока цел.

Свети Григориј Палама учи дека оние коишто живеат според Христа го подражаваат Христовото живеење во тело. Како што објаснува карактеристично св. Григориј Палама, “пожеток” на подражавањето е светото Крштение коешто е образ на Гробот и на Воскресението Христови, “средина” е добродетелниот живот и живеењето согласно со Евангелието, а “крај” е победата над страстите преку духовната борба. Таа победа го предизвикува безболезниот и небесен живот. И св. Григориј Палама продолжува велејќи дека и светителите коишто се поврзани со Христа, ќе умрат кога ќе дојде нивното време, како што впрочем се случи и со Христа, но ќе воскреснат со Него, прославени и нетрулежни, и ќе се вознесат за да го пресретнат Христа кога ќе дојде при Второто Пришествие.

Св. Максим Исповедник, осврнувајќи се на подражавањето на собитијата од Божјиот Домострој и на нивното лично доживување, јасно вели дека Христос се зачнува во душата на човекот со вистинската и неосквернета во дух вера, се воплотува со вршење на заповедите, се распнува со трудот на практичната философија којшто труд е борба за преобазувањето на страстите, и воскреснува во срцето на човекот со духовните созерцанија. Така, аналогно со степените на духовниот живот, ги доживуваме Господовите празници, ги живееме воплотувањето, Богојавлението, Преображението, Крстот, Воскресението и Вознеснието на Христа. Според тоа, степените на духовниот живот, како што ги анализира св. Максим Исповедник, и коишто се практичната философија, природното созерцание и мистичната Теологија, најтесно се поврзани со личното учество во собитијата на Божјото вочовечување.

Според светите отци Христос им се случува и принесува на луѓето аналогно на нивнта духовна состојба. Он е очистувањето на оние коишто се очистуваат, Он е просветелението на просветлените и Он е созерцанието на обожените (св. Максим Исповедник). Он им станува на луѓето постојана и бесмртна храна и пиење. На оние коишто се младенци и цицаат им станува светлосна дојка, на тие коишто се оддоени им се нуди како грижлив татко којшто ги воспитува, а на тие коишто пораснале им се нуди како најсладок леб (св. Симеон Нов Богослов). Аналогно со духовната состојба на човекот Христос се принесува како брат, пријател, татко, мајка и младоженец (св. Григориј Палама). На оној којшто му студи му станува облека, на тој на којшто е гладен му станува леб, на тој кој што е жеден му станува пиење. Затоа и Отците на Црквата ни советуватда врвиме неосудено преку сите “возрасти и сили Христови” (св. Григориј Богослов).

На ова степенување на духовниот живот се осврнува и Апостолот Павле кога зборува за разликата помеѓу животот на духовниот младенец и на духовно зрелиот маж. “Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детинското” (1. Кор. 13, 11). Токму за таа цел даде Бог пастири и учители во Црквата, та да пораснеме “во маж совршен, во мерата на возраста на полнотата Христова, за да не бидеме веќе мали деца” (Еф. 4, 11 - 13).

Според тоа, Господовите празници од Црквата ни се принесуваат за нашето духовно усовршување и созревање, за духовното растење. Тие не се прости “фолклорни” пројави, туку извори на живот и спасение. Според степенот на учеството во тие празници изразуваме дали сме младенци или зрели духовно. И, се разбира, на тој начин го изразуваме и нашиот црковен начин на мислење.

Христос, според пророштвото на праведниот Симеон Богопримец, “лежи за паѓање и подигање на мнозина во Израилот и е знак против Кого ќе се зборува” (Лука 2, 34). Он е “владетел на сите, судија на сите, цар на сите, творец на светлината и на животот Господ” (св. Симеон Нов Богослов). Он “е спокој на сета твар” (Исихиј Ерусалимски), но истовремено е големиот камен “и кој ќе падне врз тој камен ќе се разбие, а тој врз кого падне, ќе го здроби” (Мат. 21, 44).


Го напишав овој вовед во Атина на 25 Март 1995 година, на празникот на Благовештението на Богородица, коешто е објавување на тајната од вековите


Архимандрит Јеротеј С. Влахос

 

Друго:

http://www.youtube.com/watch?v=805SREX88HU&feature=share

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3119
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7588
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Најново од духовност

Православен календар

 

13/11/2024 - среда

Светите апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул; Светиот маченик Епимах; Светиот маченик Никола Хиоски; Преподобните Спиридон и Никодим;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная