Скопје, 14ти април 2019. година - храм на св.вмч. Димитриј
Недела на св. Марија Египетска
(Недела 5 на Великиот Пост)
св.апостол Марко 10:32-45
На 14ти април 2019 година,во Недела на св. Марија Египетска,кога Македонската Православна црква- Охридска архиепископија молитвено го празнува споменот на св. Марија Египетска, во храмот на св.вмч.Димитрија каде фреските и понатаму сведочат за присуството на дарот на Светиот Дух, протопрезвитер Сашо Додевски во сослужение на о.Жикица Денковски и ѓаконот проф. Димират Белчовски, отслужи Божествена Литургија. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Љубовта не зависи од времето и секогаш има сила. Некои мислат дека Господ страдаше заради Својата љубов спрема човекот, но бидејќи тие самите таа љубов не ја наоѓаат во својата душа, мислат дека тоа било некогаш одамна. Но, кога душата ќе ја познае љубовта Божја преку Светиот Дух, тогаш таа јасно чувствува дека Господ ни е Татко, најродениот, најблискиот, најмилиот, најдобриот и дека нема поголема среќа од тоа да се љуби Бог со сиот ум и со сето срце, со сета душа, како што ни заповедал Господ, и ближниот како самиот себеси. И кога таа љубов постои во душата, тогаш таа на сè се радува. А кога љубовта се губи, тогаш човекот не наоѓа спокој, и се возмутува, и ги обвинува другите за тоа што тие, божем, го навредиле, и не разбира дека самиот е виновен. Тој ја загуби љубовта спрема Бога и го осуди или го намрази братот. Благодатта доаѓа од љубовта спрема братот, и со љубовта спрема братот се чува. Но, ако не го љубиме братот, тогаш благодатта Божја нема да дојде во душата.- Свети Силуан Атонски
Преминпортал (к.т.)
Друго: