логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 Томас Хопко - ПРАВОСЛАВНАТА ВЕРА II


СТРАСНА СЕДМИЦА

sv.Josif.Prekrasniot.jpg

Во Православната Црква последната седмица од Христовиот живот се вика Страсна седмица. За секој нејзин ден во богослужбените книги се зборува како за голем и свет, и во секој од нив, во сите цркви се извршуваат посебни служби. Земниот живот за верниците престанува, зашто тие одат горе во Ерусалим со Господа (Утрена на Велики свети понеделник).


Во Страсниот понеделник Црквата ни ја дава за размислување темата за бесплодната смоква, осудена од Христа. Вторник е посветен на темата за Мудрите девојки кои, за разлика од своите неразумни сестри, биле спремни за Господовото доаѓање. Во среда нашето внимание е свртено кон покаената блудница. Службата ја нагласува разликата помеѓу спасената грешна жена и погинатиот Јуда, избран како апостол: првата го дава своето богатство на Христа и ги бакнува Неговите нозе, а другиот пак, за пари го предава со бакнеж.


Црквата пропишува во првите три дена на Страсната седмица на часовите да се читаат сите четири Евангелија до местото кај што почнуваат Христовите страдања. А старозаветните читања се земаат од II Книга Мојсеова, од Јов и пророците. Може да се каже дека како оишта тема на првите три дена од Страсната Недела се јавува крајот на светот и Христовиот суд.
Утрената обично се служат доцна навечер, и на нив се пее посебен тропар:
Ете, младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен е оној што ќе биде најден немарен. Внимавај затоа, душо моја, да не те совлада сонот, да не оидеш предадена на смртта, и да не бидеш исклучена од царството. Туку, освести се и викни: Свеш, свет, свет си,  Боже,  иоради молишвише на Богородица смилувај се на нас.

ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК

Бдението спроти Великиот четврток е посветено исклучиво на Тајната Вечера, која Христос ја прослави со своите апостоли. Главна тема на овој ден е вечерата на која Христос заповеда Пасхата на Новиот Завет да се јаде во знак на Негово сеќавање, на Неговото скршено Тело и Неговата Крв пролеана за отпуштање на гревовите. Покрај тоа, централен дел во литургиското сеќавање на овој ден го прави Јудиното предавство и миењето на нозете на учениците. Понекогаш во катедралните храмови, по Литургијата епископите извршуваат посебен обред на миење нозе на свештениците.
На бдението за Велики четврток се чита Евангелието од Лука, кое раскажува за Тајната Вечера и сите песнопеења исто така говорат само за неа:
Кога славните ученици во време на вечерата со миењето се просветуваа, тогаш злочестивиот Јуда со болеста на среброљубието се помрачуваше и на безаконите судии Тебе праведниот Судија Те предаде. Погледни заљубениче во парите поради кои Него на давење си го предал. Бегај ненасштна душо, која вака на Учителот си се осмелила. Благ Господи спрема сите, слава Ти (тропар на Велики четврток).
Со владично гостопримство и бесмрттна трпеза, на горното место, со возвишени умови одете верни и да се насладуваме. Со Возвишената Реч, од Словото научени. Него да го величаме (ирмос).

Литургијата на св. Василиј Велики се извршува заедно со Вечерната. Се читаат делови од Книгата за Излезот, Јов, Исаија и првото Послание на св. апостолот Павле до Коринтјаните (Гл. 11). Евангелското читање е посебно составено од описите на Тајната Вечера од сите четири Евангелисти.
Херувимската песна и причесните стихови се заменуваат со пеење на следната молитва.
Прими ме денес, Сине Божји, за причесник на Твојата Тајна вечера, зашто нема да ја кажам тајната на Твоите непријатели, ниту ќе Ти дадам  бакнеж  како  Јуда, туку како разбојник Те исповедувам: Спомни ме, Господи во Твоето царство.

Може да се каже дека во најдлабоката смисла Преломеното Тело и пролеаната Крв, за кои Христос им зборуваше на Своите ученици на Тајната Вечера, не беа едноставно предвкусување и предчувство на Неговиот Крст, гроб, тридневното воскресение, вознесението на небо, туку напротив, сето тоа се случи за луѓето да го добијат Божјиот благослов за вечната Света Причесна. Затоа на Вечерата Тој не им се обраќа само на апостолите, туку и на сите верни луѓе:
Не бој се, мало стадо, зашто е волја на вашиот Отец да ви го даде царството    (Лк. 12, 32).
А вие сте тие кои што се одржавте со мене во моите искушенија. И јас ви го ветувам Царството како што мене ми го вети Отецот, да јадете и да пиете на мојата трпеза во моепло царство... (Лк. 22, 28-31).

Така Тајната Вечера на Синот Божји што постојано се слави на светата Литургија на христијанската Црква, е самата суштина на она што во Царството Божјо ќе биде живот за вечноста.
Блажен е оној што ќе го вкуси лебот во Царството Божјо! (Лк. 14,15).
Блажени се повиканите на брачнапш вечера на Агнецот (Откр. 19, 9).

ВЕЛИКИ ПЕТОК

Утрената на Великиот петок обично се служи во четврток навечер. Главната особеност на оваа служба е читање на така виканите Дванаесет Евангелија, т.е. дванаесет евангелски делови, кои раскажуваат за Христовите страдања и се сместени меѓу разни делови од службата.
Првото и најдолгото од нив е евангелието од Јована, во кое Господ се открива себеси како пат, вистина и живот, како драгоцен дар на Божјата Љубов, која ги соединува луѓето со Него и еден со друг. Нема поголема љубов од таа, кога некој ќе ја положи душата своја за своите пријатели. И целиот разговор на Христа со апостолите е обележен со радоста од спасувањето и искупувањето среде мракот и тагата  на  светот:   Во светот  ќе имате неволји, но бидете храбри зашто Јас го победив светот.
Ова евангелско читање се завршува со така наречената Првосвештеничка молитва, која ни ја објавува целата смисла на доаѓањето на Спасителот:
...Не се молам само за нив, туку и за оние што ќе поверуваат во Мене поради нивните зборови, за сите да бидат едно, како што си Ти Оче во Мене, и Јас во Тебе, така и плие да се едно во Нас...

Читањето на Страдањата Господови се завршува со приказот за запечатување на гробот и поставувањето на стража, од Евангелието на Матеја.
Во Великиот петок, кога Спасителот умре на крстот, Божествената Литургија не се извршува, но на Часовните служби, во петок наутро, повторно се чита Евангелието за Неговите страдања.

* * *
Вечерната на Велики петок, Изнесувањето на Плаштаницата е посветена на погребувањето на Спасителот и се извршува обично во средината на денот, но по својата смисла таа веќе се однесува на Великата сабота и како да станува нејзина прва служба.
Пред нејзиниот почеток, во средината на Црквата, се поставува гроб, украсен со цвеќа, а на престолот се сместува Плаштаницата на која е нацртан или навезан ликот на Спасителот положен во гроб.
Вечерните песнопеења се посветени на страдањата и смртта Христови. По влегувањето со Евангелието и пеењето Свете тихи се читаат делови од Книгите на Излезот, на Јов и 52. глава од Книгата на пророкот Исаија. Од Апостолот се чита првото Послание до Коринтјаните и Евангелието повторно составено од четирите прикази за Христовата смрт и погребување. Прокимените и Алилуиите се позајмени од пророчките псалми што веќе сме гислушале порано.
Ги разделија меѓу себе алиштата мои и за облеката моја фрлија жрепка (Пс. 21, 18).
Боже, Боже мој, зошто ме остави? (Пс.  21,1)
Ме ставија во јама најдолна, во мрак и во бездна (Пс. 87, 6).

По додатните песнопеења за Христовата смрт, додека се пее молитвата на св. Симеон Богопримец, свештеникот се облекува во полно облечение (најтемно) и ја кади Плаштаницата која се уште се наоѓа на престолот. Потоа, по Отче наш, кога се пее тропарот, тој ја подига Плаштаницата над главата, го обиколува престолот, излегува на средината на црквата и ја сместува врз гробот.
Благообразниот Јосиф, откако го симна од крстот Твоето Тело, го обви со чиста плаштаница, го помаза со мириси и во нов гроб го положи (Тропар на Велика сабота)

Во некои цркви по Вечерната се пее Повечерието или така нареченото Оплакување на Пресвета Богородица.

ВЕЛИКА САБОТА

Утрената на Велика сабота обично се служи во петок навечер. Таа започнува со пеење на Бог Господ..., тропарот Благообразниот Јосиф... и следните тропари:
Кога слезе во смртта, Животебесмртен, тогаш го умртви адот со блескавоста на Божеството, а кога мртвите ги подигна од подземјето, сите небески сили кликаа:
Христе Боже наш, којшто даваш живот, слава Ти.
На жените мироносици кај гробот им се појави ангел и гласно им рече: Мирото им приличи на умрените, а пропадливоста е туѓа на  Христа.

Потоа се пее 118. псалм со рефрени или стихови од новозаветните песнопеења, наречени непорочни. Ние веќе напоменавме дека овој псалм се јавува како усмена икона на Исуса Христа, како Праведник, Чиј живот се наоѓа во Божјите раце и Кој поради тоа не може да остане мртов. А непорочншпе го прославуваат Христа Бога, како Воскресние и Живот и се восхитуваат на Неговото смирено слегување во смртта. Во Него се слеваат во едно, совршената човечка љубов кон Бога и совршената љубов на Бога кон човекот. И токму оваа божествено-човечка љубов ние јасно ја гледаме и славиме покрај гробот на Спасителот...
Постепено непорочните стануваат се пократки и се усмеруваат на крајната Господова победа, и така доаѓаат до потполниот свој крај:

Жеден сум за Твоешо спасение, Господи, и Твојот закон е моја утеха.(Пс. 118, 174).
Умовите се ужаснуваат од Твоето необично и страшно погребение, Создателу на се.
Нека живее мојата душа и Тебе нека Те фали, и судовите Твои нека ми помогнат  (Пс. 118, 175).
Мироносиците многу рано дојдоа и го помазаа гробот со миро.
Залутав како овца загубена: побарај го својот слуга; зашто заповедите Твои не ги заборавив (Пс. 118, 176).
Дарувај, мир на Твојата Црква, спасение на својот народ, со своето воскресение.

По прославувањето на св. Троица, храмот се осветлува и се прогласува веста за жените-мироносци, дојдени при гробот. Во ова време свештеникот врши кадење. Така, за прв пат јасно се прогласува благата вест на нашето спасение во Христовото воскресување.
Песнопеењето на утринскиот канон продолжува да го слави Него, Кој со Својата смрт ја победи смртта. Тука, исто така, по прв пат, се зборува дека оваа сабота навистина е најблагословен седми ден, кога и да бил. Овој дсн кога  Хрнстос  помииува  од Својот труд,  по обновувањето иа светот. Тоа е деи кога Словото Божјо. преку кое се почнало да постои, лежи во гроб како мртов Човек. но во исто време спасувајќи го светот и отворајќи ги гробницпте.
Оваа сабота е преблагословена, во неа Христос почина и ќе воскресне во третиот ден (завршен стих на кондакот и икосот).
И повторно канонот завршува со споменување па крајната Христоца победа:
Не плачи мајко моја, гледајќи го Синот што бессемено во утробата си го зачнала, зашто ќе воскреснам и ќе бидам прославен, и како Бог ќе ги воздигнам во слава оние што во вера и љубов тебе те величаат.

Додека се пеат следните стихири. свештеникот се облекува во темнн одежди и иа почеток на великото славословие, уште еднаш го кади гробот на Спасителот. Потоа, повторувајќи ја Трнсветата песна, го зема Евангелието и Христовата плаштанпца и носејќи ги над глава започнува литија околу храмот. Народот го последува со заналени свеќи. Свечената поворка бавно обиколува околу храмот, сведочејќи дека целата вселена е очистеца, ослободена и обновена со влегувањето на животот на свеот во смртта.
Кога народот новторно влегува во храмот, хорот уште еднаш ги пее тропарите и се чита пророчеството на Езекнја за сувите коски:
... Јас ќе ги отворам ваиште гробови, и ќе ве извадам од вашпте гробови, мој народе, и ќе го вложам во вас Духот Мој, и ќе ожнвеете ... (Езек. 37, 1-14)

Победните строфи на псалмите, кои го повикуваат Бога да стане, да ги подигне Своите раце и да ги израдува праведните, а исто така многукратното пеење Алилуја, го иридружува Посланието на ап. Павле кон Коринтјаните: Пасхата наша е Хрпстос, што се жртвува за нас. Евангелието за запечатување на гробот се чита уште еднаш и по ектенијата и благословот, Утрената завршува.
Службите на Великата Сабота се јавуваат како ремек-дело на православната литургиска традиција. Тие не се драматизирано оживување на Христовата историска смрт и погребение. Ниту е тоа некое обредно прикажување на сцени од Евангелието. Тоа всушност е најдлабоко духовно и литургиско понирање. во вечното значење на Христовото спасоносно делување, веќе видено и прославено со полното познавање на Неговото божествено значење и сила.
Црквата пе се преправа дека не, е познато за понатамошните настани. Таа не тагува и не плачи по Господа, знаејќи дека и самата е родена од Неговото прободено ребро и од длабочината на Неговиот гроб, и јасно ја гледа и ја прогласува победата и воскреснувањето на Христа во текот на сите овие служби. И само во светлината на победното воскресение може вистински да се сфати, да се оцени и да се прослави длабокото божествено и вечмо значење на Христовите страданија и смрт.
* * *
Вечерната на Великата Сабота се служи заедно со Литургијата на св. Васнлиј Велики. Оваа служба веќе ирипаѓа кон Пасхалпата недела. Таа почнува на обичен начин, со вечерниот псалм, ектенијата, песнопеењата, кои следуваат по 140. псалм и входот со пеење на вечерната песна Свете тихн. Свештеникот не служи пред престолот во олтарот, туку стоејќи пред Плаштаницата, во средината на храмот.
По вечерниот Вход којшто се извршува со Евангелието, се читаат петнаесет делови од Стариот Завет. Во сите нив се говори за творечкото дело и Божјото спасение на светот, кое е извршено со доаѓањето на ветениот Месија. Покрај читањата за создавањето на светот од Книгата на Битието и на Излегувањето на Евреите од Египет од Книгата за Постанокот, се читаат и извадоци од пророштвата на Исаија, Езекил, Еремија, Данаил, Софронија и Јона, а исто така и од Книгите на Исус Навин и Царството, на два пати преплетувани со песни на Мојсеј и трите Вавилонски младичи.
Наместо Трисвјатое, се пее кршталниот стих од посланието на апостолот Павле до Галатјаните: Сите кои што во Христа се крстивте, во Христа се облековте. Алилуја.
Апостолот на Велика Сабота е истиот што се чита на крштавањето:
Зашто ако постанавме соединети со обликот на неговата смрт, значи и со Неговото воскресение (Рим. 6, 5).
Потоа Царските врати се затвораат и свештениците со послугата ги менуваат своите темни, страсни облеченија, со бели велигденски, тогаш се менува и завесата на Царските врати, и сите прекривачи (на престолот, жртвеникот, и т.н.). Овие промени и преоблечувања што го симболизираат Христовиот триумф над гревот, ѓаволот и смртта, се случуваат за време пеењето на стихири од 82. псалм:
Стани Господи, суди на земјата; зашто по наследство Твои се сите народи.

По свеченото пеење на стихирите кон кои често се додава песнопеење кое го прославува Христа како Нов Велигден, закланата Жива Жртва, Божјиот Агнец, кој ги прима гревовите на светот, свештеникот излегува од олтарот и над гробот ја објавува радосната вест на Христовата победа над смртта и Неговата заповед кон апостолите:
...Одете и научете ги сите народи, крштавајќи ги во името на Отецот и Синот и Светиот Дух, учејќи ги да пазат се што сум ви заповедал... (Мт. 28,16-20).

Божествената Литургија продолжува во победничкиот сјај на Христовото уништување на смртта. Следната песна ја заменува Херувимката.
Нека замолчи секое човечко тело, и нека стои со страв и трепет, и ништо земно нека не помислува во себе си; зашто Царот над царевите и Господ над господарите доаѓа да биде заклан и да се даде Себе си како храна на верните; а пред Него одат хорови на Ангели со сите Началста и Власти, многуоки Херувими и шестокрили Серафими, затскривајќи ги лицата и извикувајќи ја песната: Алилуја.

Место песната за Богородица Достојно е, се пее 9. песна од канонот на Утрена Не ридај за мене, Мајко... Како причесен стих на Великата Сабота служат строфите од 77. псалм:
Како од сон Господ станал, и воскресна спасувајќи не.

Божествената Литургија завршува со причестување со Тој, Кој во човечкото тело лежи мртов, и во исто време заседава на Престолот од десната страна на Отецот; со Тој, Кој јавувајќи се како Творец на животот во светот, ја уништува смртта со Својата животворна смрт. Неговиот гроб, кој и натаму стои во центарот на храмот, во Литургијата се нарекува извор на нашето воскресение.
Првобитно, Литургијата на Велика сабота била велигденска крстителна Литургија, но и сега таа останува за секој христијанин како негово лично умирање и воскреснување со Господа, што се повторува секоја година.
Ако умревме со Христа, веруваме дека и ќе живееме со Него. Знаејќи дека Христос, станувајќи од мртвите, повеќе не умира; смртта по-веќе нема власт над него (Рим. 6, 8-9).

Христос лежи мртов, но Тој е жив. Тој веќе со смрт ја уништи смртта и на сите во гробовите им дарува живопл. И нам веќе ништо не ни останува освен да ја проживееме Благословената Сабота до крај, до тој полноќен час, кога ќе чукне почетокот на Денот Господов и ќе дојде таа ноќ. Ноќ, полна со светло, ноќ, во која ние ќе речеме заедно со Ангелот:
Тој воскресна, не е овде, еве го местото каде што го положија (Мк. 16,6)

(Продолжува)

Издавач: КАНЕО

при Дебарско- кичевска епархија - Охрид

-



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная