Средба на Атандсиј Андреевич со отец Всеволод
Кој ги читал житијата на светиите, знае дека облеката и предметите на светителите лечеле болести со еден допир.
Облеката на Атанасиј Андреевича, исто така и предметите, кој ги држел во раце, имале сила и делувале посебно на оние луѓе кои биле опседнати од нечисти духови.
Еднаш добив разгледница од Атанасиј Андреевич, на која беа два каранфила.






Дошло до ова: што и да правел Макариј, што и да зборувал - се се вртело против него. Во такви тешки услови на духовно живеење, ракополагањето во свештенички чин се одложувало на неопределено време. Монахот се одржувал исклучиво од молитвите на старецот. Еднаш во присуство на Макариј, јеросхимонахот Јован ја спомнал смртта. Инокот за тоа му раскажал на еден жител на Корената обител,
Aко треба да дадеме најкратка дефиниција и најверодостојна карактеристика за науката на Господ Исус Христос и христијанството воопшто, треба да речеме дека тоа е љубов. Можат да се дадат и други дефиниции за христијанството дека е вера во троединиот Бог, вера во воплотениот Бог, вера во спасението на човековиот род, но сите овие дефиниции претпоставуваат љубов.
Неодамна, со благослов на Митрополитот Струмички г. Наум излезе од печат книгата „Мисли за женската душа: есеи за психологијата на животот“ од д-р Дмитриј Авдеев и Јоана Беседина, во издание на списанието „Премин“. Издавањето на книгата го овозможи манастирот „Светите Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“, Струмица.
„Ништо не се случува вон законите создадени од Творецот на се, од Бога. Животот на човекот создаден е по образ и подобие Божјо. На создаденото тело, Бог му даде душа, која во себе содржи закон, неменлив и непреоден - вечен. Во тој Божји закон се наоѓа една прва, основна и најголема заповед. Законикот, сакајќи да го искуша Исуса Христа, Го прашува која е најголема заповед во Законот?
Бог не не‘ создал сите подеднакви, еднакво умни, прекрасни, богати, силни, затоа што тогаш не би останало на земјата место за љубов. Љубовта ги покрива сите недостатоци: Ти си богат, другиот е беден- љуби го и Љубовта ќе ја исполни неговата сиромаштија. Ти си умен, образуван, а другиот неумен, неук- љуби го и Љубовта ќе те натера да му дадеш знаење.
Неволјата на човекот е во тоа што постојно се брза, но брза суетно, бесплодно. Човекот ги привижува планините со својата енергија, подигнува и руши цели градови за многу кратко време. Но, ако се загледаме во таа негова енергија и ги погледнеме нејзините последици, ќе забележиме дека таа не го умножува доброто во светот.
„Да се здобие Исусовата молитва – значи да се здобиеме со вечноста. Во најтешките моменти од разградувањето на нашиот физички организам, Исусовата Молитва, станува облека на душата; кога ќе престанат активностите на нашиот мозок и кога сите други молитви
Пред сè, потребно е да кажеме, дека колку и да е тажно, сите ние нема да ја дочекаме староста. Болест, убиство, несреќен случај може да го прекине човечкиот живот во секое време. Како што рекол поетот, претскажувајќи ја својата прерана смрт:
Кога за штетноста од богатството, славата и уживањата зборуваат луѓе, кои тоа го немале, може и да се посомневаме во нивните зборови, но кога тоа го зборува човек кој го уживал сето тоа – мора да му веруваме.
Ти беше првиот учител на покајанието! Ти беше единствениот кој уште во утробата на мајка си поучуваше во вератa и пророкуваше за Христа, а сега си во прегратките на небесниот Отец. Тебе Иродијада те осуди неправедно и твојата глава беше донесена за време на царска гозба, не на глинена, ниту на сребрена, ниту на златна чинија, бидејќи тоа беше гнасно за тебе, туку на царот му
Кој има љубов за Христа, се радува на секое страдање заради Христа. Затоа, ништо не е така славно како што се оковите заради Христа. Да се биде затворник и роб заради Христа пославно е одколку да се биде апостол или учител или евангелист. Кој Го љуби Христа ќе ги разбере овие зборови. Кој гори за Господа и копнее по Него, ја знае силата на оковите.
Во нас тече Христовата крв, Господ не зборува теории, тоа не се идеи или философии, туку Тело и Крв Христови. Го јадеме и пиеме Христос и Христос станува наша храна и питие. Ете! Каде е теоријата? Каде се философите? Каде се фантазиите? Тоа е факт, тоа е храна, тоа е живот, тоа е нешто онтолошко, како што велиме во Црквата, Христос суштински влегува во нас. Кога го живееш тоа, го разбираш и се исполнуваш со Христа, значи, дека можеш да кажеш, како Свети Симеон Нов Богослов, ги гледам рацете свои

Тие не само што Го возљубиле, туку и воделе борба за Него, односно дела, не теории. А делото знаеш ли што е? Не само да воскликнуваме: „Ах, колку е убаво да се молиме!“ Така само желби и копнежи… Старецот Јосиф се молел осум часа секоја вечер, осум часа го кажувал името Христово. И Старец Ефрем, во почетокот започнал со шест часа, постепено ги зголемувал и кажувал осум часа постојано – Господи, Исусе Христе, помилуј ме!
Единственото што заслужува да го возљубиш во овој свет целосно, единственото коешто те следи кога ќе ги затвориш очите – е Христос. На еден погреб видов како во гробот ставаат CD-а, DVD-а, часовници… „Тој ги сакаше!“ – велеа и ги ставаа во гробот. Е добро, бре луѓе, што треба сега да прави, да игра на компјутер во вечниот живот? Да си има компјутер?
Бурата на лекарските прегледи ја заменува бомбардирањето со неодговорените „зошто“. Зошто, Боже мој, толкава болка? Што згрешило ова невино создание? Зошто моето дете, кое ми се чини дека е најдоброто, а не некое непознато и далечно? Зошто да е повредувано, да се мачи, да страда немо и неосновано, одненадеж да трпи?
Такви многубројни „зошто“ излегоа и од устата на многустрадалниот Јов, или од перото на повредениот Давид, двајца луѓе на кои трагичната смрт на нивните деца им го запечати поминувањето низ историјата, и кои често ни се презентираат како единствени примери на вера, истрајност, трпение.
























