Она што е воздухот за телото, тоа е слободата за човечката душа. Колку еден народ има поразвиено самосознание, толку повеќе тој ја цени слободата. (Ив. С.)
8ми септември 1991 година ја возгласи на целиот свет вистината дека Македонија е достојна за дарот на слободата и за самостоен државен живот.
Братството на Свештената Бигорска Обител на сите граѓани на Република Македонија, радосно и срдечно, им го честита Денот на независноста!
Вечен им спомен и слава на сите македонски родољупци и слободољупци!
Бог нека ни ја сочува Татковината вечна и нека им вдахне родољубие на сите наши политичари!
Извор: Бигорски манастир