логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Кога срцето ти гори од Христовата љубов, искушението не може да те допре, зашто и тоа ќе се стопи, ќе исчезне и ќе почувствува, дека душата што сега тргнува да ја допре, блеска од Божествена љубов. Кога ѓаволот доаѓа постојано да те најде, а ти постојано кажуваш во себе си: „Исусе, Те сакам! Христе мој! Боже мој! Избавителу мој! Исусе мој!“ Возможно ли е некој којшто цел ден кажува: „Исусе мој, Те сакам! Христе мој, помилуј ме!“ – возможно ли е во душата да му влезе искушение? Ама од каде да влезе? Од каде да влезе, кажи ми? Кога душата ти е опколена од Исусовата молитва, искушението не може да влезе. Искушението влегува кога ќе види отворен прозорец, кога ќе види ладна душа – така влегува во мразот, ѓаволот не ја поднесува топлината на молитвата, топлината на Божествената љубов. Моли се постојано: „Исусе мој! Христе мој! Избавителу мој!“ Еден човек ми рече:

– Згрешив!

– Дали се молиш?

– Ама како да се молам откако згрешив?

– Бре, дете мое, два грева направи сега! Прво, си згрешил нешто и второ, после гревот си се оддалечил од Христа. Си згрешил, човек си, врати се при Христа, истата вечер, во истиот миг требало да кажеш: „Христе мој, пак Те сакам!“ Нека пукне ѓаволот, но не се занимавај со него, туку речи: „Христе мој!“, обрати се при Него.


Изгонувањето на Адам и Ева од Рајот

Тоа што Адам и Ева не го направиле кога згрешиле. Добро. Луѓе се, биле измамени, згрешиле. Да пошле да кажат: „Господи мој, леле, Христе мој, Боже мој, Света Троица, како Те оставивме?! Прости ни!“ И Господ би ги прегрнал и би им рекол: „Елате, деца мои! Уште не сте тргнале и правите грешки, но после се каете, елате да ви простам!“ А тие започнале да се оправдуваат, Го заборавиле Бога и се прашувале: „Кој? Зошто? Ти си виновен, овој е виновен, ѓаволот е виновен!“ А требало само да кажат: „Господи мој! Целото гревопаѓање се случи затоа што ја изгубивме топлината на љубовта кон Тебе. Те заборавивме и гревот влезе во нас, се зголеми, доби тежина, зашто те загубивме Тебе“.

Не се занимавај со гревот, туку предај се на Господа, на молитвата. Го разбираш ли тоа? Подвизувај се одново, грешиш илјада пати на ден, постојано треба да Го молиш Христа. Не очајувај! „Христе мој, Те сакам, грешам, но Тебе Те барам! Христе мој, паѓам, но ќе го повикам Твоето име. Острастен сум, но паѓам пред Твоите нозе. Во калта сум, но нешто се подава од калта, ја кревам раката, барам помош и велам – Господи мој, помилуј ме! И пак сум во калта, но ќе го повикам Твоето име“. Тоа не се неповрзани нешта, туку борба, напор, смирение, тоа смирува. Зашто нешто во тебе ти вели: „Ама што ќе се случи на крај, не можам да издржам повеќе!“ Но тоа нешто е смирение. Другото е егоизам, да сакаш да велиш: „Јас сакам да сум потполно совршен, беспрекорен, безгрешен!“ Се надевам дека ќе станеш. Кој љуби, вели Свети Јован (Богослов) во своето послание, не греши, зашто Го љуби Господа и станува безгрешен како Господа. „Помогни ни, Господи, преку овој ден, ноќ, вечер, живот, да се сочуваме од грев“ – значи можеш да бидеш безгрешен, но не велиш: „Нема да згрешам!“ Кога го сакаш Господа, тогаш ништо друго не те занимава, туку само Господ и се чувствуваш многу среќен, животот ти се исполнува со радост, ликување, смисла, со убави нешта.

Кога ќе Го возљубиш Христа, сѐ во животот ќе ти се случува поинаку и кога ќе Го ставиш Христос во својот живот, ќе бидеш човек од друг поредок, ќе ја имаш истата тежина, тело, душа, но ќе бидеш различен. Ќе бидеш како што бил Христос после Воскресението. Истиот, но не истиот. Ќе си како другите луѓе во твојата канцеларија, но не сосема. Тоа не го разбираш сега, но ќе ти го кажат некој ден:

– Бре, дете, како стана таков?

– Каков сум?

– Имаш нешто!

– Што имам, бре, луѓе?

– Имаш мир!

– Каде го виде?

– Е, не знам, имаш мир, ти зборувам, не се гневиш. Другите се нервираат, ти имаш мир, имаш спокојство, имаш тишина, не ропташ.

– Добро, за што да роптам?

И нема да знаеш зошто, а причината ќе биде тоа што Христос е во твоето срце и ти го менува животот. Ќе чувствуваш дека Бог те сака, дека си сакано дете на Господ, дека има Некој Кој мисли за тебе постојано и твојот живот има смисла, има вредност, не си за отфрлање, не си презрен, и презрена, во овој момент, во кој ти зборувам, постои Некој Кој те очекува, постои Христос, за Когошто ти имаш многу голема вредност. Денес може никој да не ти зборува и да си само со твојата осаменост, но постои Христос, Којшто те сака и има многу големо место за тебе во Неговото срце; Тој би дошол само да те допре, да ти зборува, да јаде со тебе, да чекори со тебе, да ги слушне твоите проблеми, Тој би дошол само за Тебе. Господ не го бара само свештеникот, архиепископот или патријархот, туку сите нас, како и тебе – простодушниот, незначајниот, непознатиот, осамениот. Се сеќаваш ли, кога ми кажа дека многу ноќи си правиме друштво (слушајќи ја репризата на предавањето), зашто не ти се спие и се грижиш? Е, кога ќе заврши предавањето, го исклучуваш радиото и денот заврши, Господ е близу до тебе и те сака.

Тоа е убавината, да се радуваш, дека си принц и принцеза, дете на небесниот Цар, дете на Бога и Тој те сака. Ако мислиш за тоа, постојано ќе се молиш, ако мислиш за тоа, молитвата нема да ти биде тешка, туку како струја, ќе тече постојано. Ќе велиш: „Исусе мој!“ – преку целиот ден: „Христе мој! Исусе, Боже мој! Исусе!“ И ќе велиш, леле, каква смисла има животот! Многу голема смисла има постојано да велиш: „Исусе мој!“, тоа е најубавото нешто. До тој степен, што некои ја сфатиле таа смисла и откако сфатиле, постојано го изговараат тоа име. Не постои поголема убавина во животот од тоа да Го сакаш Христос и да го врежеш Неговото име во своето срце. Си гледал ли некои луѓе кои гравираат разни нешта на дрво, цртаат шеми и со мерак прават убави нешта? И така, не постои нешто посакано во животот од тоа да го врежеш Христовото име во своето срце. Најубавото нешто. Сите други нешта – и да ги издлабиш, ќе те остават и ќе се огорчиш. Си ја читал ли книгата „Мојот старец Јосиф Исихаст Пештерник“ од старец Ефрем Филотејски? Избегнувам навечер да ја читам, зашто после тоа не можам да спијам, затоа што ти доаѓа да се молиш со часови по ред. Не го правам тоа, но сакам. Во тој час те обзема желба да се молиш. Не можеш да спиеш, сонот ти исчезнува. Еднаш ѝ го реков тоа на една госпоѓа, која беше малку аристократ: „Прочитај ја таа книга!“ Си помислив, или ќе се нервира или не знам што ќе ѝ се случи, зашто тие нешта за кои пишува внатре се необични, аскетски, калуѓерски, подвизи, во пустините на Света Гора итн. После два дена ми испрати порака во која пишуваше: „Отче, ја читам книгата за која ми рековте, ја читам веќе четири часа и не можам да запрам, но сега не можам да продолжам од солзите, така од постојано плачење, не можам да видам што пишува во неа, зашто плачам. Разбирате ли? И чувствувам како да ќе влезам во нивната дружина, дека и јас сум помеѓу нив и книгата ме пренесува во борбата на овие луѓе, кои толку многу Го возљубиле Христос“.


Братството на Старец Јосиф Исихастот

Тие не само што Го возљубиле, туку и воделе борба за Него, односно дела, не теории. А делото знаеш ли што е? Не само да воскликнуваме: „Ах, колку е убаво да се молиме!“ Така само желби и копнежи… Старецот Јосиф се молел осум часа секоја вечер, осум часа го кажувал името Христово. И Старец Ефрем, во почетокот започнал со шест часа, постепено ги зголемувал и кажувал осум часа постојано – Господи, Исусе Христе, помилуј ме! Ако не си го правел тоа, не зборувај. Не суди и не донесувај заклучоци дека тоа е нешто без содржина и дека нема смисла во него. И јас сум во недоумица како издржале и како не им дотежнало? Ние не можеме осум часа, дури ни осум минути не можеме, дури ни осум минути! Но ако го искусиш, седнеш и кажеш – и јас ќе се помолам на Тој Христос, да видам како е, какво е тоа нешто, бре, дете мое? Добро, не им дотежнало ли на овие луѓе? Не се ли изморувале? Старец Ефрем вели дека се изморувале, се разбира, се испотувал, Старец Јосиф целиот станувал вир вода од молитвата, но на крај чувствувал искуство со Христос, му се случувале такви нешта кои не се искажуваат. Тој Го чувствувал Господа до себеси, чувствувал дека Христос присуствува во неговиот живот, чувствувал како во ќелијата има благоухание, чувствувал како Божјата благодат му ја покрива душата, чувствувал бескрајно ликување, дека лета, дека се наоѓа на друго место, дека срцето се раширува и простира, дека го прегрнува целиот свет, дека се весели, многу нешта гледал. Сепак зборувам за осум часа молитва. Не ти кажувам и ти да се молиш осум часа, зашто знам дека не можеш. Но можеш барем осум минути. Ако не правиш ништо, што можеш? Што можеш? Навистина живееме во епоха, во која не правиме ништо. Топло-ладни сме, ние сме Христијани кои си паѓаме на емисии, колку убаво зборува овој  отец, колку убаво кажа оној отец, трчаме да слушаме беседи, ќе зборува некојси отец, страшно, одиме да го слушнеме, добро, тоа ли е христијанскиот живот? Да трчаме само на беседи? Убаво правиш, го поздравувам тоа што слушаш. Браво! Но не е тоа тоа. Кога ќе видиш на телевизија дека даваат разни готварски рецепти, ги гледаш и велиш – гледај колку убаво го приготвува, гледај, гледај како го стави брашното и додаде сос на крај, стави и лимон, интересно го пресече јајцето! Добро, си гледал, а после тоа? Седиш на канабето и си стоиш така. Часот станува дванаесет, станува еден, два… Виде како се приготвуваат јадењата, ти зготви ли? Што ќе јадеш? Ќе гледаш? Ама не се наситуваш, гледајќи. Не се наситуваш. Зашто во духовниот живот не постои таква достава на храна по домовите, ниту готови замрзнати продукти, туку ќе го јадеш јадењето што ќе го зготвиш со крвта на своето срце, со крвта на својата душа, ти самиот ќе водиш борба, не може да јадеш готова храна, разбираш ли? Ние сме теоретски Христијани.

Ако воопшто не се подвизуваш, како ќе дојдат тие нешта? Потоа отец Ефрем вели дека тоа низ кое минале, љубејќи Го Господа, за Господа го правеле. Во нашата епоха само да си помислиш на тоа, се разболуваш, ти се случува нешто, не можеш да поверуваш. Денес, кога се е релаксирано и лесно.

– Тогаш ние ја дадовме нашата крв, ги изградивме нашите пештери, куќички и колиби со нашата крв, буквално, пролеавме крв. Одевме во нашите колипки, од љубов кон Господа го правевме сето тоа – и како сопственост за преживување најдовме една-две калаени чинии, две виљушки од кои фалеа два заба.

– И како јадевте?

– Едниот јадеше, ја оближуваше виљушката и ја даваше на другиот; немавме вода, зашто бевме во пустината. Од љубов кон Господа.

Јас не сакам и ти да правиш точно така, но да се потсетиш, кога велиш дека си отишол во супермаркетот, а бил затворен, не си нашол кока-кола и си се изнервирал, зашто како ќе ја јадеш вечерата без да пиеш кока-кола. Се изнервира зашто нема освежителен пијалак! А тие немале вода од љубов кон Христос, и кога јаделе Старец Јосиф Исихаст им велел дека за да ја измијат чинијата, треба да стават вода во неа, да ја замијат и да ја испијат содржината. „Така и вода пиевме и чинијата ја чистевме, зашто немавме вода за да ги миеме. Од љубов кон Господа, но бевме среќни, имавме бескрајна радост во душата, бескрајна среќа. Сакавме да умреме од радост и велевме: Господи, животот со Тебе ни е рај!“

А ние имаме сѐ и не правиме ништо. Да те прашам, колку часа се помоли вчера? Конкретно, не теории, колку часа се помоли и Го допре Господа? Остави го тоа што го знаеш, дека времето немало значење, немало значење колку часа се молиш. Се разбира дека и времето има значење, се разбира! Како што има значење и времето на предавањето, односно, ако јас го започнам предавањето и кажам: „Здраво! Што правите? Добра ноќ! Догледање!“ Тоа предавање ли е? Зборуваме еден час и душата ни се активира, стоплува, мислиме и се замислуваме. Ако предавањето беше пет минути, немаше да биде истото. Ако е истото, тогаш добро, ќе правам пет минути предавање. Или по телефон велите дека сакате да го чуете предавањето одново, зашто ви се допаѓа. Ако нешто ти се допаѓа, го сакаш одново и одново. Тоа е молитвата. Ако ја бевме возљубиле молитвата, немаше да се задоволиме со пет или десет минути. Каква е оваа духовна штета? Ќе се молиме без часовник. Еден ден поставив една свеќа и ја гледав. Си велам: од љубопитство ќе набљудувам, додека се стопи. Не си замислувај некаква голема свеќа, една малечка свеќа – ќе седнам да видам како минува времето, да Го гледам Распнатиот Христос. Само од љубопитство седев и размислував за Господа без да правам нешто – лошо ли е тоа? Како што ти стоиш и оглупуваш пред телевизорот, како што зјапаш во списанија, читаш весници и се расејуваш со суетни нешта, така и ја си реков да се „занесам“, гледајќи Го Господа, додека свеќата се стопи. Си мислев колку ретко го правиме тоа движење на молитвата, кое би требало да опфаќа голем дел од нашиот живот. Тоа значи Го ставам Христос во својот живот, се молам, се молам на Христос.

После тоа бараш да се случат чуда, да се излекува еден, друг да најде работа, да оздрави, да се ожени, но чудата како се случуваат? Лежејќи? Со расправии? Со телефонски јавувања, со писма? Тоа не е решение. Решението е да се молиме, и јас, и ти.

Продолжува

Извор: Бигорски манастир

08.09.2018 лето Господово

 

Друго:

 

Животот со Бога е рај (прв дел)

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3117
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7587
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

12/11/2024 - вторник

Св. свештеномаченик Зиновиј и сестра му Зиновија; Св. апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј, и Аристовул 31 октомври / 13 ноември 2024

О достославни ученици Христови,вие Бисерот го најдовте,радоста со родот човечки ја споделивте,со неа исполнети маките и прогоните за трици ги...

Тропар на св. Христови апостоли  Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Тропар на св. Христови апостоли Клеопа, Терциј, Марко, Јуст и Артем 30 октомври / 12 ноември 2024

Апостоли свети Христови,трагајќи по патот на слободата Христа го пронајдовте,со учењето за бесмртноста темнината на незнаењето ја осветливте,молете се о...

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Тропар на светата Христова великомаченица преп. Анастасија Римјанка 29 октомври / 11 ноември 2024

Света девојко Анастасио,ние кои те прославуваме,срцата кон Небесата  ги подигнуваме,со солзи духовни радосно твоето име го повикуваме,моли се за нас...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная