логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

Единственото што заслужува да го возљубиш во овој свет целосно, единственото коешто те следи кога ќе ги затвориш очите – е Христос. На еден погреб видов како во гробот ставаат CD-а, DVD-а, часовници… „Тој ги сакаше!“ – велеа и ги ставаа во гробот. Е добро, бре луѓе, што треба сега да прави, да игра на компјутер во вечниот живот? Да си има компјутер?

Ние сме многу мудри, односно ти си мудар и јас сакам да станам како тебе. Во што? Твојата мудрост е во следното – отсега си го допрел идниот живот. Оној Кој е, Кој бил и Кој доаѓа, Христос. Ти веќе си Го допрел, си Го прегрнал, си Го ставил во своето срце и отсега Го сакаш Оној, Когошто некои кои кога ќе Го сретнат едвај тогаш, после смртта, одеднаш ќе се шокираат. Ти отсега Го сакаш, отсега Го предвкусуваш, Му се насладуваш, Го живееш и тоа е одлично.

Има некои кои сега го слушаат предавањето, но вршат и разни работи, не внимаваат и го разбираат погрешно тоа што го зборувам: нормално, јас не велам да отидеш да станеш монах, ти си во светот. Седи таму каде што си, но има и други, кои се во манастирите, се молат и го прават најубавото „предавање“ – да се предаде Божјата благодат преку молитвата. Јас сепак сакам да кажам дека не треба да станеш монах за да Го возљубиш Христа. Христос може да биде возљубен каде и да се наоѓаш, што и да правиш, дома, во соседството, со децата, со жена си, со мажот си, со твоите дела. Љубовта не исчезнува, нејзе не ѝ дотежнуваат сите тие нешта. Твојот проблем не е што си женет, туку што умот ти е на друго место, тој станал бегалец и не си Го допрел Господа. Тоа е твојата грешка. Никој не ти се лути што си се оженил, што си станал домаќин, што си нашол работа, што имаш професија, никој отпосле не ти се скарал и никој нема да ти се скара. Ти се лути твоето јас, коешто ти носи депресија, горчина, празнина, ти ја исполнува душата со меланхолија и таа, твојата несреќна и измачена душа, како и мојата, вели: „Не ми Го даваш Бога и јас не можам да ти дадам радост. Не Го ставаш Христа во мене, за да ме напоиш и мене, твојата душа, и не можам да ти дадам среќа. Загрижена сум, плачам – вели душата – не ми Го даваш Бога, за да играм, не ме напојуваш со светата Причест, за да воскреснам, да процветам и затоа јас ти давам горчина, ти давам празнина, ти давам меланхолија, ти давам негодување, го разбираш ли тоа?“

Затоа реков дека ми се допаѓа тоа што Го сакаш Господа и отсега живееш во рај. Кога ќе Го возљубиш Христа, кога животот ќе ти се исполни со Христа и Христос ќе ти стане сѐ, животот станува посебно убав! Необјасниво убав. Ти завидувам на тоа што го живееш и сакам и јас некогаш да го постигнам. Една жена која еднаш отишла на психолог, ми рече:

– Отче, отидов на психолог и ми открија тешка форма на депресија.

Ѝ реков:

– Не грижи се! Бог нема да те остави! Не ти откриле само тебе тешка форма на депресија, целиот свет е во депресија (κατάθλιψη). Чувствуваш  недостиг, тага, (λύπη), затоа што ти недостасува (λείπει) Христос.


Старец Ефрем Аризонски

Ти недостасува ли Христос – доаѓа тагата. Дојде ли Христос во срцето, тагата исчезнува и доаѓа среќата. До тој степен, што старецот Ефрем од Аризона вели: „Кога бев млад, мислев за адот, за да се приземјам од гревот и да ставам кочница во животот. На почетокот добро беше, го правев тоа. После тоа Го возљубив силно Христа и не можев да помислам дека ќе одам во адот, дури и кога ќе се сетев на адот, не можев и не можев да го прифатам, зашто љубовта кон Христа веќе ме тераше да се чувствувам дека сум во рајот. Излегов од пеколот, одново отидов во рајот и реков: ‘Господи, не можам да Те оставам. Јас секогаш ќе сум со Тебе. Те сакам! Каде и да ме одведеш, блиску до Тебе ќе бидам!’ И чувствувам дека сум во рајот. Сега се подвизувам со леснотија, како среќен, како вљубен во Христос, без лутина, без мака“.

Сум гледал некои души – на пример, завршува едно бдение и тие се толку радосни, што велат: „Уште да траеше, ќе издржев!“ Тоа е убаво. Односно не се изморив во молитвата, во духовната борба, со радост го правам тоа; како кога сакаш некого, со радост му правиш некаква услуга и чувствуваш дека се одмараш со тоа, со кое вообичаено се заморуваш. На пример, ја сакаш девојката или момчето, мажот си, жената си, одиш да пазариш нешто за него/неа и животот ти се исполнува со среќа. Некој ми рече дека подготвил подарок, а бил сиромашен, но подарил една правосмукалка од 400 евра, додека самиот должел многу пари. Ми објасни:

– Немаше што, сакав да ѝ дадам подарок, зашто многу ја сакам!

Му реков:

– Добро, но ти немаш пари да платиш?

– Не е важно – требаше да направам подарок и го дадов најдоброто што го имав.

Тој не ги почувствувал трошоците, зашто љубовта те тера да гледаш поинаку на работите. Кога ќе Го возљубиш Христа, гледаш поинаку на маката. Не чувствуваш дека постиш, се молиш, дека даваш милостина, а животот ти се исполнува со сето тоа, добива друга смисла, стекнува друг код за комуникација, друг јазик, јазикот на Ангелите, разбираш ли? Затоа сега седиш и слушаш. Друг, пак, којшто слуша, ќе рече: „Како седиш и го слушаш тоа, како можеш да го трпиш?“ Или ти вели: „Како ги правиш сите тие работи?“

Прашањето е кој јазик ќе нѐ соедини со јазикот на рајот, кој јазик ќе го зборуваме засекогаш, кој јазик ќе ни даде радост, на кој јазик ќе ја излееме најубавата песна на љубовта и среќата. А? Кој е тој јазик? Јазикот на Христос. На тој јазик можеме да зборуваме за среќата, да ја опишеме радоста и да ја претвориме во наша песна. Затоа сакам да гледаш убаво на нештата, да се поставиш добро во умот, да сфатиш дека животот во Христа значи спокој и среќа, а не притисок и замор, значи задоволство и одмор, на крај – тоа е најприродното нешто. Најприродното нешто! Само на почетокот чувствуваш подредени тешкотии да го промениш животот по христијански, да влезеш некако во определен поредок, но ако уживаш во тоа, после тоа ништо не те интересира – може и свештеник да станеш, да се чувствуваш среќен, другите да те гледаат и да ти велат – како издржуваш, не ти е ли студено, не ти е ли жешко и слични работи, но тебе тоа воопшто не ти е грижа. Една госпоѓа ми рече: „Во Кореја сум и го слушам Пирејското црковно радио на интернет“. Таа е во мисија таму и на лицето и беше испишана радост. „Готвам и помагам, прислужувам!“ и не чувствувала замор, туку среќа, зашто Господ е близу до неа. Со Христос нештата стануваат поинакви, ги крштеваш, ги доживуваш поинаку и веќе ништо гревовно не те привлекува. Не те привлекуваат гревови, световни нешта, не те привлекува ништо од тоа, туку само Христос. Ако ти дадат некакво расипано и мувлосано јадење што не го сакаш, велиш: „Благодарам многу, тоа не можам да го јадам!“ Така, кога Го имаш Христос во себеси, не сакаш ништо друго, се занимаваш само со тоа што има врска со Господ, со Господовите дела, со делата на Црквата, со делата кои го исполнуваат срцето со живот, со љубов, со жртва – со тоа се радуваш. Се сеќаваш ли кога ти се јавив по телефон и ти ми рече:

– Тргнувам за во болница. Ќе одам кај едно девојче, кое сака да учи и ќе останам три часа да му предавам лекции.

Така, бесплатно, со задоволство. Со едно болно девојче. Друг оди во некој старечки дом да му прави друштво на еден дедо. Тоа е животот. Животот за когошто другиот слуша, полудува и вели: „Ама возможно ли е? Како живеете така, бре луѓе, како можете?“ А тебе тоа ти го исполнува срцето со живот и среќа, додека, пак, ако отидеш, на пример, на некои игри, се радуваш, но само за твоето јас, чисто егоистично, чувствуваш задоволство од тебе за тебе и така одново се стига до кавги, нерви и ропот.

А ваму се обидуваш и се откажуваш заради Христа, тоа е друга атмосфера, друго вдахновение, друга побуда. Во житието на Свети Андреј, јуродив Христа ради, пишува дека Го гледал Бога, гледал Ангели, Го допирал Господа, толку многу бил среќен со Христа кога Го ставил во својот живот, што еден ден влегол во едно место со лоша слава, каде што имало грешни жени и додека сите луѓе се искушувале, тој ги гледал и ништо не го привлекувало.

Зашто ја гледал целата суштина, гледал дека тоа што другите го восприемаат како нешто пријатно, слатко, убаво, накрај имало горчина, празнина, имало тага, грижа. Всушност, гревот не може да ти даде среќа, тој само однадвор те тера да се чувствуваш превозбуден, но после тоа пак чувствуваш горчлив вкус. Една од тие грешни жени се осмелила и го прашала:
Свети Андреј Јуродив

– Да те прашам, ти каков човек си? Сите други нѐ гледаат како сладок мед, а ти нѐ гледаш и се одвраќаш, зошто? Убави сме, прекрасни, намирисани.

Тој одговорил:



– Кога би можела да го видиш она што јас го гледам, ако ги гледаше искушенијата кои ги гледам до тебе, кои сега реално те измачуваат во длабочините на душата и колку се уморуваш со тоа што го правиш, колку се расипуваш, колку несреќна стануваш! А доколку ги вкусиш сладоста и задоволството, другото задоволство што Христос го дава, би се чувствувала многу поинаку!

– Јас – ѝ рекол – не страдам од тоа што се лишувам, зашто не чувствувам лишување, туку уживам.

Не знам дали зборувал точно така и дали можеле да го разберат, но знам дека Свети Андреј, безумен заради Христа, толку многу живеел со Христос, што гревовите не го привлекувале повеќе. Во друго предавање ти кажав дека гревовите се отсекуваат само преку Христос. Само кога Христос ќе ни влезе во срцето, тогаш се отсекува гревот. Ќе ми речеш: „додека да влезе Христос, да грешам бесрамно?“ Не. Ќе осетиш борба, но треба да знаеш дека твојот труд е борбата на изборот и природно таа станува тешка и бива благословена, но таму каде што сака Христос да нѐ одведе, е друга состојба. Христос сака не да те натера постојано да се притеснуваш и потиснуваш себе си за да го отсечеш гревот, туку да Го возљубиш Него. И кога ќе го возљубиме, ќе закопнееме за Него, и кога ќе закопнееме толку многу ќе бидеме среќни со Него, што ништо друго нема да нѐ привлекува. Веќе нема да те привлекува гревот, нема да сакаш да согрешиш, нема да го сметаш за нешто пријатно, нема да ти се допаѓа. И кога ќе згрешиш, тоа сакам да ти кажам, не се занимавај повеќе со тоа што си го направил, пак врати се при Христа, пак исполни Го срцето со Христа после гревот.

– Во истиот час – ми рече некој – многу пати правам гревови и во моментот кога ги правам, пак Го молам Бога да ми помогне, Но не можам! Или ќе кажам нешто, или ќе направам нешто, ќе појдам некаде, ќе видам нешто, се навлекувам, но во тој час кога почнувам да грешам, Го молам Христос да ме одржи макар и многу пати да потклекнувам!

Јас му реков:

–  Браво!

– Какво браво? Правам гревови!

– Браво што не го губиш допирот и врската со Христос, макар и таму, во твоето паѓање, односно треба да велиш: „Господи мој, паѓам, погинувам, тонам!“

А Христос вели: „Пак ќе дојдам до тебе, само следниот пат сакај Ме посилно, прилепи се посилно кон Мене, приврзи се посилно кон Мојата љубов, така што следниот пат искушението да не те најде толку опуштен, туку да бидеш поогнен во љубовта“.


Извор; Бигорски манастир

8- септември 2018 лето Господово

Друго:

Животот со Бога е рај (втор дел)

 

 

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

25/11/2024 - понеделник

Свети Јован Милостив; Светиот пророк Ахија; Преподобен Нил Синајски; Преподобен Нил Мироточив;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная