Свети Ефрем Сирин - За борбата со блудната страст (2)
Ако се подигне телесната борба во тебе, не плаши се и не паѓај со духот. Со тоа ќе ја зголемиш смелоста на духовниот непријател во нападите против тебе; тој ќе почне да всејува во тебе нечисти помисли, внушувајќи ти и велејќи тиː „Неможно е изгаснувањето на ова разгорување, ако не ја задоволиш твојата телесна похот.“ Но биди силен и претрпи; Господ ќе те изведе од ровот