На 29.03.2024 година, во петок од втората седмица од Великиот Пост, во храмот Рождество на Пресвета Богородица, во Скопје , отец Ангел Сердарски во сослужение на ѓаконот Благоја Ристевски отслужи Утрена богослужба со великопосни часови и Литургија на претходно осветени дарови. По Литургијата отецот отслужи мал петочен водосвет.
Пазете се да не го сметате постот за едноставно воздржување од храна. Оној кој се воздржува од храна, а неподобно се однесува наликува на ѓаволот кој иако ништо не јаде, сепак не престанува да греши.“ (Св. Василиј Велики)
„ Ние постиме, не за да Му укажеме некаква полза на Господа кој пострада за нас, туку за да го исповедаме, за свое спасение, страдањето Господово, што Он благоволи да го претрпи за нас. На таков начин постот наш ќе Му биде благопријатен на Бога.“ (Св. Епифаниј Кипарски)
„Ти постиш? Нахрани ги гладните, напој ги жедните, посети ги болните, не ги заборавај затворените. Утеши ги страдалниците и оние што плачат; биди милосрден, кроток, добар, тивок, долготрпелив, незлопамтив, благоговеен, вистинит, благочестив, за Бог да го прими твојот пост и изобилно да ти дарува плодови на покајанието.“ (Св. Јован Златоуст)