логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TviTER34

Богатите осиромашеа и огладнеа...

              Деца, сте слушнале како на секое бдение во Црквата се пее следниов стих од Давидовите псалми: “Богатите осиромашеа и огладнеа, а оние кои Го бараат Господа, нема да се лишат од секакво добро”.
Знаете ли зошто се пее така? Не знаете?
Слушајте да ви раскажам.
        Си бил еден цар кој тргнал да го  обиколи своето царство. Стигнал до еден манастир и влегол во црквата. Таму видел неколкумина монаси кои читаат и пеат на певницата, како што се прави на богослужбите и кај нас. Читајќи, тие стигнале до триесет и третиот псалм, до десеттиот стих, каде се вели: “Богатите осиромашеа и огладнеа, а оние кои Го бараат Господа, нема да се лишат од секакво добро”.
             На царот му се допадна манастирот, му се допадна неговиот црковен поредок, му се допаднаа богослужбите, но овие зборови од псалтирот не му се допаднаа. Бидејќи тој беше цар – имаше големи богатства, слуги и домови, животни и земјиште, сите се плашеа од него и тој господареше над сите. Народот го возвишуваше, го пречекуваа со музика, министрите му се клањаа до земјата, генералите го прославуваа, војската му оддаваше чест. Имаше богати јадења и пијалоци на неговата маса.
Освен тоа палати со широки сали, скапоцена облека, брилијантни калики со прекрасни коњи, царски порфири и целосна слобода како цар. А дека може да биде осиромашен и гладен, за тоа не беше помислил, ниту сакаше да помисли.
И им рекол на оние што го придружувале:
            – Нека ова читање престане. Зошто се чита така во Црквата? Заповедам од сега никогаш повеќе да не се читаат овие зборови, а кој не се потчини на оваа моја наредба веднаш да биде казнет, ​​како непријател на моето царство.
Веднаш прекинаа со читањето и испратија гласници и војници да ја објават царската заповед по сите предели на царството. Но чујте како Бог го вразуми царот.
               Набрзо откако беше издадена оваа заповед, царот отиде на едно езеро, бидејќи беше лето и тој имаше обичај да оди таму за да се искапи и да се одмора. Тргна како и обично – со свита, со музика, со фанфари, со цвеќиња, со мноштво што го следеше, како велик цар, каков што си беше.
Кога стигна до езерото, царот ја соблече скапоцената облека, ја симна круната и влезе во водата да се искапи. Додека пливаше, сакаше да биде сам. Се оддалечи од брегот, излезе на едно островче и таму се забави, сончајќи се.
             Но, што се случило. Додека царот оддолжуваше, а придружбата го чекаше на брегот, ангел Господов се претвори во неговиот лик, излезе наместо него од водата и се престори дека е кралот. Го облекоа ангелот во царската облека и сите заедно тргнаа назад кон дворецот: ангелот – цар, заедно со придружбата, музиката, фанфарите и сите советници, а вистинскиот цар остана во езерото.
Приквечерта, заситен од капењето, царот се вратил на брегот, каде што вообичаено требаше да го чека неговата придружба, но таму немаше никој. Тој беше по долна облека, која беше влажна, а паѓаше мрак. Почна да му студи, почувствува и глад. А Бог испрати и големи комарци кои го измачуваа.
               Стоеше царот на брегот и не знаеше што побргу да направи – да се налути ли – зашто е оставен сам, да се брани од комарците ли, или да отиде да побара храна и некоја облека. Сепак, му беше срам да тргне таков.
Додека се измачуваше така, не знаејќи што да преземе, оттаму мина еден старец и царот му излезе во пресрет. А оној, кога го виде, сакаше да избега, бидејќи му се стори дека гледа некакво привидение, излезено од езерото.
           – Стој, не бегај! Јас не сум лош човек – извика царот. Не плашете се од мене. Крадци минаа оттука и ја украле мојата облека, затоа сум така. Дај ми, те молам, некаква облека, за да можам да си одам дома, бидејќи премногу се измачувам овде.
Старецот му даде некоја своја стара облека. Таа беше цела во закрпи, но сепак беше подобра од ништо – можеше да го стопли и да ја прикрие неговата голотија.
             Тргна царот облечен како просјак и сите кои ги пресретнуваше му се потсмеваа, не знаејќи кој е тој. Едни го гонеа, мислејќи дека е крадец, други му се потсмеваа и ги пуштаа кучињата против него. Само тој знаеше како стигна до најблиското село, во предградието на кое, во замок, живееше еден од царските болјари. Тој беше од оние кои со музика го пречекуваа царот, кога тој ќе дојдеше да се капи. Но, кога царот побара да влезе во дворот, чуварите и слугите почнаа да го бркаат:
            -Што бараш тука, просјаку!
          – Сакам да зборувам со болјарот – рече царот.
Не гледаш како си облечен?” Каде си дошол кај Господарот ноќе! Бегај од овде додека не сум те удрил со стапот по грбот.
Но царот не се откажуваше и почна да вика силно, за да го чуе болјарот. Болјарот го чу и го позна царевиот глас, но не можеше да разбере што прави царот тука во текот на ноќта, откако пред неколку часа тој го придружуваше во неговата палата. Тој излезе да види што се случува. А таму, на портата – некој просјак го вика по име. Дојдете поблиску и видете дека ова е самиот цар.
          – Зошто ми се потсмевате? – извика гневно царот. – Како се осмелувате да ме оставите гол во водата и да си отидете! Знаете дека уште утре ќе заповедам на сите да ви ги пресечат главите!
              Болјарот не разбираше што се случило со царот, бидејќи лично го беше испратил од езерото до палатата. Покрај тоа, не беше сигурен дали ова е навистина царот, или само некој кој личи не него и се преправа за да го исплаши. Сепак, царот не би дошол кај него во таква облека. И би го протерал, но се плашеше да не е сепак тоа царот, зашто гласот и ликот беа негови, само што така облечен никогаш не го беше видел. Не знаеше што да прави. И му рече на царот, кој го обвинуваше и заплашуваше:
             – Но, цару, нели ние одевме заедно? Не те облекував ли во пурпур? Не ја ставив ли круната и прстенот врз тебе? Не те пречекаа во другите села со цвеќиња и музика? Не те придружувавме ли во палатата?
Ниту едниот ниту другиот не можеа да разберат што се случило. И така, болјарот го остави царот во својот дом, а сам тајно отиде во палатата, за да разбере што е работата. Кога стигнал, сакал итно да го види царот. Кралицата излегла, и тој ѝ рекол:
              – Сакам веднаш да разговарам со Неговото Височество, бидејќи прашањето не трпи одлагање.
              – Не може. Сега се одмора. Го оставив во неговата одаја.
             – Разбуди го, затоа што треба веднаш да разговарам со него.
                Тогаш царицата отиде да го разбуди царот, но во неговата одаја немаше никој, само облеката му лежеше таму.
                Оф-леле, царот го нема никаде!
Тогаш болјарот рече:
            – Значи оној кој ми дојде на портата е тој, но ми изгледа избезумен, бидејќи пристигна облечен како просјак и прашува зошто не сме го чекале крај езерото и зошто сме го оставиле во водата.
Тогаш сите отидоа кај царот и го доведоа во палатата. И тој, уморен, веднаш заспа. На сон му се јави ангел Господов и му рече:
             – Зошто забрани да се читаат во црквите Божјите слова? Не знаеш ли дека Господ те постави за цар и пак тој може за миг да те симне од престолот? Виде ли како брзо може човек да биде понижен, ако се лиши од Божјата помош?
                Се присети царот и веднаш издаде наредба по целото царство – уште истата ноќ, а потоа и постојано, на секое бдение да се пее трипати, со полн глас, та да одекнат сите цркви: “Богатите осиромашеа и огладнеа, а оние кои Го бараат Господа нема да се лишат од секакво добро”. И оттогаш по сите храмови, при секое бдение, се пеат велегласно овие зборови.
                А ние знаеме дека сè што имаме: и имот и разумот, и чинови, и знаење, и здравје, и почести – сè е од Господа, Којшто како што тоа ни го дал, секој миг може и да ни го земе, ако сме неблагодарни за Неговата грижа. Исто така, знаеме дека богатството не носи среќа, но благословен е оној кој ќе ја спаси својата душа, зашто тој ќе биде над сите светски цареви и ќе живее бескрајно во вековите со Бога и со сите светци.


Старец Илие Клеопа

Март 2024 лето Господово

 

Фб Православие.мк

 

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3213
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7697
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

22/12/2024 - недела

Божикен пост (на риба)

Зачнувањето на Света Ана; Св. Ана, мајката на Пророкот Самуил; Преп. Стефан Новосјаен; Св. Софрониј, архиепископ Кипарски;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Тропар на светата Господова пророчица Ана мајка на Пророк Самоил 9 декември / 22 декември 2024

Се зарадува душата твоја во Господа,а таа радост по твоите молитви Христос ја пренесе на верните свои,о Ано смирена слугинко...

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Тропар на светиот апостол Андреј Првоповикан 30 ноември / 13 декември 2024

Како првоповикан меѓу апостолите,и брат на врховниот апостол,Андрее, моли го Владиката на сите,мир да ѝ подари на вселената,и на душите...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная