Житие: Свети Јован Богослов, апостол и евангелист
На тој остров Свети Јован мнозина ги обрати во христијанството со зборови и чуда и добро ја утврди Црквата Божја. Овде го напиша своето Евангелие и Откровението. Во времето на царот Нерва, којшто им даде слобода на сите заробени, Јован повторно се упати во Ефес, каде што проживеа извесно време утврдувајќи го таму своето порано започнато дело. Имаше над сто години кога се престави кај Господ.