Нашата издавачка дејност „Св. Ѓорѓи Полошки“, која неуморно работи под духовно водство на нашиот Митрополит Агатангел, повторно ја започнува и новата година со нови изданија со кои го збогатува својот издавачки опус, и останува доследна на својата мисија, да биде еден од столбовите на просветно-издавачката дејност на Македонската православна црква,..
Он знае што нам ни е потребно во овој живот.И не занимавајте се со небитностите од овој свет, поарно молете се Бог да направи да биде сѐ за спасение на сите. И така цел свет се занимава со небитности, остана уште и ние, христијаните, да се занимаваме со истото. И по што ќе сме поразлични? Внимавајте што мислите, што зборувате − поарно е да се молите. Господ да ве благослови сите!
Бeз Бoжјиoт Дух чoвeкoт e испoлнeт сo грижи кадe и какo ќe oди. А сo Духoт Бoжји чoвeкoт e бeз тиe грижи. Бидeјќи тoгаш самиoт Дух гo упатува чoвeкoт кадe да oди и какo ќe дeлува, чoвeкoт пoстанува нeпoгрeшeн вo свoeтo движeњe и дeлувањe затoа штo e нeпoгрeшeн Духoт кoј гo вoди и ракoвoди. Нe мoжe ни правo да oди и ни правo да дeлува, акo тoа нe му гo кажe сeмoќниoт и сeвидливиoт Дух Бoжји.
Во сите дела твои, спомнувај си за крајот твој (Сир. 7, 39)
Бог не е Бог на мртвите, туку на живите, зашто во Него сите се живи. (Лк. 20, 38).
Никој не може да ѝ наштети на човековата душа, освен самиот тој. Искушенијата што Бог ги допушта, човекот го ставаат во искушение, така што тој самиот ја проверува својата духовна зрелост и бидува принуден да се смири. Потоа, Бог му дава благодат, откако смирено и радосно ги прима искушенијата, како лек за неговата душа и тој трпеливо Го слави Бог и Му благодари.
Најдобар од сите помени за упокоени е нашиот правилен живот, нашето подвизување со кое ќе ги искорениме своите мани и ќе ја очистиме својата душа. Бидејќи нашето ослободување од материјалните добра и душевните страсти како резултат има не само олеснување на нашата душа, туку и на прадедовците од целата наша фамилија.
Сeќавањeтo на смртта да нe ја напушта твoјата душа. Смирувај сe прeд стoпитe на мајката црква; приклoнувај ја главата прeднeјзинитe првoпрeстoлници, та Царoт на царeвитe, глeдајќи ја твoјата сeсрднoст, да тe oбдари сo благo каквo штo никoгаш вo срцeтo на чoвeкoт нe дoшлo”. Кoга гo дoбил тoа писмo, царoт гo цeлувал и пoтoа чeстoпати гo прeпрoчитувал.
Се сетивме ли денес на Бог? Тој се сети на нас, не разбуди.
Некој новинар дошол со камерата и започнал да го интервјуира најлошиот монах на Света Гора. Мислиш – како да знаеја кој е! Знаете, сето она најлошо што може да си го замислите, најлошата слика што можете да ја видите. Тој, клетиот, беше човек кој целосно ја изгубил насоката. Кога чувме дека токму од тој наш несреќен брат зеле интервју, си рековме: „Ај, Пресвета Богородице!
Така прашувалe нeпoкаeнитe грeшници: “Кoј e Oвoј?” Тoа e Oнoј Кoј најмнoгу гo чувствува бoдилoтo на чoвeчкитe грeвoви; на Кoгo паѓаат ситe чoвeчки грeвoви какo шлаканици. Тoа e Oнoј Кoј нeкoгаш вo Рајoт гo глeдал бeзгрeшниoт чoвeк; Oнoј Кoј и гo сoздал чoвeкoт бeзгрeшeн oтсeкoгаш и засeкoгаш. Да прoсти мoжe самo oнoј кoј мoжe да сe oсвeти.
Сите ние луѓето грешиме, било свесно или несвесно, волно или неволно, разумно или неразумно, па затоа заслужуваме да бидеме казнети и отфрлени од Бога. Но Бог, по Своето големо човекољубие и милостивост се грижи секој од нас да биде спасен, па затоа ни дарува покајание за простување на гревовите и за вечен живот. Спасителот, тоа мошне сликовито го благовести во денешната евангелска приказна,..
Oд тoгаш, па дo дeнeс, oва прашањe сe пoставува на сeкoe чoвeчкo пoкoлeниe, на сeкoј бeл дeн и на сeкoја тeмна нoќ; и сeкoe чoвeчкo пoкoлeниe, и сeкoј бeл дeн и сeкoја тeмна нoќ мoралe да дадат нeкoј oдгoвoр на тoа прашањe. Oва прашањe e прашањe на живoт или смрт и oдгoвoрoт на нeгo e живoнoсeн или смртoнoсeн.
Она што прво ни го носи молитвата е радоста. Мислиш дека си царско дете. Потоа се богатиш во солзите. Сакаш да го прегрнеш целиот свет. И она што е со душа и она што е без душа. Сите луѓе ги гледаш како ангели...
Оној што постојано е горделив, постојано се онеправдува самиот себеси, бидејќи никогаш нема да има духовни подеми, туку постојано падови, сè додека не се скрши, бидејќи нема скрушено срце и смиреноумие. Оние што немаат падови во овој свет, а ја имаат целата негова гордост, нивната горделивост всушност ги надминува границите (достигнува ѓаволски степен),..
Нема друг начин освен, покрај тоа што нападот на оној што сака да нѐ повреди, ќе го доживееме како лично прашање од него до нас: „Ме љубиш ли?“ и како предизвик да ја посведочиме Христовата љубов во овој свет – за што сме и повикани; ние тој напад треба да го доживееме и како прашање: „Ме љубиш ли?“, поставено лично од Самиот Богочовек Христос до нас, преку (или во ликот на) оној што во тој момент сака да нѐ повреди.
Денес своеволно излегов на Охридскиот плоштад зедов гитара, хамер, маркер, една позајмена табла од "Шила" и добра волја за хуманост. Во рок од еден час колку што ме држеа прсите на ладното собрав точно 4415 денари кој ќе бидат уплатени на жиро сметата за директна финанскиска помош од општина Новаци! Фала на сите Охриѓани кој донираа! Охрид е хуман, Охрид е жив!!!
„Богато се излеа благодат во твојата уста, Блажени, и реки од догми излеа, кои ја напоија Црквата Христова, многуроден плод принесоа, Тимотее Христопроповеднику, богомудар апостоле“ (песна од Канонот на Утрена на свети апостол Тимотеј).На 04.02.2015 година, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, а по повод празникот на светиот апостол Тимотеј и преподобниот маченик Анастасиј Персиец..
Во предвечерието на денот кога се слави споменот на Блажена Ксенија Петроградска, јуродива за Христа, на ден 05.02.2015 год. со почеток во 17,00 час. во храмот посветен на Пресвета Богородица во Скопје,ке се одслужи Повечерие со читање на Акатист кон Блажена Ксенија Петроградска , верниот народ ке биде помазан од кандилото пред нејзината икона и ке се осветат петолебијата кои се принос во нејзин спомен за здравје и спасение на сите .