Скопје, 20.06.2015 г.
Христијаните особено се познаваат во времето кога искушенијата го притиснале ближниот, братот,сестрата... Нашите браќа христијани од Блискиот Исток, кои страдаат и се гонети, ете, Господ ни ги подари за да го покажеме своето милосрдие и добродетелност, својата љубов, па ги насочи да поминуваат низ нашата земја - позната по своето гостопримство...
Нели, македонскиот народ е топол народ, гостипримлив... Да го докажеме тоа: кога ќе поминат покрај вашите домови, не се кријте и не гледајте ги чудно - подајте им шише вода, леб, нешто храна, заштитете ги од профитерите и непријателите. Тие не покажуваат интерес за вашите домови, бараат иднина на подобри места.
ЗАТОА, СИТЕ ОНИЕ КОИ САКААТ КОНКРЕТНО ДА ПОМОГНАТ, СО НЕКОИ ПРОДУКТИ: КОНЗЕРВИРАНА ХРАНА, ВИТАМИНИ, ЛЕБ И ПЕЦИВА, РАЗНИ ПАКУВАНИ ПРОИЗВОДИ...ДА ГИ ОСТАВАТ ВО СЛЕДНИТЕ ДВА ДЕНА ВО ХРАМОТ "СВЕТИ НИКОЛАЈ" ВО НАСЕЛБАТА АЕРОДРОМ.
Извор: фејсбук страна на :
Јуни, Лето Господово 2015