логоFacebookTwitterYouTubeeMail

  hqdefault


Еден богат човек живеел во својот замок. Тој имал сѐ и од сѐ му здодеало. Паднал во униние. Тогаш човекот решил да отиде на пат за да се развесели некако. Но ништо не помагало. Тој и понатаму бил тажен. Во еден момент, тој застанал да одмори. Погледнал околу себе и што ќе види: пред него се простирало поле, а среде полето здогледал земјоделец, кој, паднат на колена, Го славел Бога, додека еден од неговите волови стоел во браздата, а другиот бил паднат на земја. Богатиот го прашал земјоделецот:
– Зошто си Му толку благодарен на Бога?
– Ми умре волот.
–  И затоа се радуваш?!
– Јас сум голем грешник. Но Господ е милостив: ми го зачува животот и ме казни со смртта на волот. Затоа и го славам Бог. Го славев Господ, кога Он ми ги даде воловите, зарем да не го славам и сега, кога ми зеде само еден од воловите? Слава Му!
– А како ќе ја обработуваш земјата само со еден вол?
– Господ сѐ ќе си среди – се насмеал земјоделецот.

quote-a-rich-man-is-nothing-but-a-poor-man-with-money-w-c-fields-61723
– Гледај колку овој човек е среќен и се смее, иако го изгуби волот. А јас имам толку голем имот и пак не се смеам!” – си помислил во себе богатиот човек. Тој извлекол неколку златни монети и му рекол на земјоделецот:
– Купи си друг вол. Денес многу научив од тебе.
– Нели ти реков дека Господ сѐ ќе среди! – воскликнал радосно земјоделецот и повторно почнал да Го слави Бога.
А богатиот човек си тргнал да се врати дома. Кога доближил до замокот, тој забележал дека целиот замок е опкружен со пламен. Тогаш човекот паднал на колена, ги кренал рацете и воскликнал:
– Ти благодарам Боже! Ти благодарам, Боже!
Слугите го гледале зачудено.
– Не се чудете, – им објаснил богатиот човек. – Не Му благодарев на Бога, кога Он ми даваше сѐ, но сега кога Он ми зеде, јас двојно сум Му благодарен. Ете време и за мене да се потрудам со вера во Бога! Тоа ќе ми  ги врати смислата на животот и радоста. Господ сè ќе среди.

Св. Николај Велимировиќ

Подготвил: Б. Ч.
 
А како сведоштво за ова, прочитајте ја приказната за следните добротвори:

„Две тела, со едно големо христијанско срце“


Извор: Преспанско- пелагониска епархија



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Ноември 10, 2020

Се упокои во Господ Митрополитот Црногорско-приморски Амфилохиј (30.10.2020)

Митрополитот Амфилохиј е роден на Божик, 7 јануари 1938 година, во Бари Радовиќ, во Долна Морача. Завршил Богословија во Белград, а на Богословскиот факултет на СПЦ, во Белград, дипломирал во 1962 година. Покрај теолошките науки, студирал и класична…
Февруари 23, 2020
ih3387

Свети свештеномаченик Харалампиј

Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот живот. Името е наша сопствена карактеристика, но малкумина го знаат вистинското потекло на своето име и неговото вистинско значење. Секое православно име има своја суштина…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 1591
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 2037
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Митрополит Струмички Наум: ВОВЕДЕНСКИ РАЗМИСЛУВАЊА

Дек 05, 2019 Беседи 1800
7.Vselenski.sobor
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни…