логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

„Свештеномаченику Еразмо, ти си слава и пофалба на архиереите, и пример на сите отечки учења, кој ја прими благодатта на чудеса, и со своите учења ја изобл

ичи прелеста идолска. Затоа, имајќи смелост пред Бога, моли Го да се спасат душите наши“ (стихира на Слава... на господи повикав... на Вечерна на свети Еразмо Охридски).

 

На 14 и 15 јуни го прославивме споменот на светиот свештеномаченик Еразмо Охридскиот Чудотворец, на кога се поклонуваат и му се молат сите кои барем еднаш поминале од местото на неговото светло подвизување. Охридскиот и струшкиот народ, но и сите луѓе кои застанале во овој манастир, отсекогаш имале огромна почит кон овој наш застапник пред Бога, за што сведочат и многуте чуда, извршени врз оние кои за тоа му се помолиле. Затоа и во овие два изминати дена, манастирот беше преплавен од неизброен верен народ, кој повторно и одново доаѓа да ги приклони своите колена пред свештеномаченикот и пред Бога.

 В

sverazm2015 1

sverazm2015 2

sverazm2015 3

Празнувањето започна на 14 јуни, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Утредента беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен и чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа.

sverazm2015 4

sverazm2015 6

 sverazm2015 9

 Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!

Драги браќа и сестри,

 

Често пати, ние, во овој живот, носиме судови и заклучоци за разни луѓе. Ценејќи според надворешниот лик, којшто е пропратен со некое богатство, знаење, сила, влијание и со други слични одлики, таквите луѓе одлучуваме да ги величаме, да ги фалиме, а понекогаш и да им се восхитуваме. Но, не треба да заборавиме дека секоја слава и чест, којашто е поврзана само со овоземни благодати, еден ден завршува. Понекогаш, се случува таквите моќни и богати луѓе, при крајот на нивниот овоземен живот да го изгубат богатството, сјајот, силата и влијанието, и да постанат очајни луѓе. Луѓе кои го напуштаат овој свет во тешка сиромаштија, како на материјален, така уште повеќе на духовен план. Преку тоа, со право старозаветниот мудрец вели: „Зашто надежта на безбожникот исчезнува како прав носен од ветрот... исчезнува како дим на ветар и изминува како споменот на еднодневен гостин" (М. Соломонова 5, 14). Доколку, пак, некои големи херои и заслужни луѓе, останат запаметени во меморијата на луѓето, од тоа тие немаат некоја голема полза во вечноста. Единствена вредност, којашто е непреодна, незаодна, незгаслива и е трајна, е добродетелниот живот и добрите дела. Одредени луѓе, иако во својот живот, можеби не биле богати со благодати од овој свет, со силно влијание во општествениот, културниот, и воопшто во овој живот, но, преку овие дела се осветиле и спечалиле добродетелен, блажен и вечен живот.

 

Може да замислиме колку богати, силни и славни луѓе поминале на овој свет, но, нивниот спомен исчезнал. „Живите знаат, дека ќе умрат, а мртвите ништо не знаат, и веќе за нив нема награда, зашто и споменот за нив е предаден на заборавот" (Проповедник 9, 5). Единствено, пак, добродетелните и свети луѓе имаат непреодна пофалба, бесмртна слава и вечно прославување. Секој човек со радост ги спомнува нивните имиња, како што вели премудриот Соломон: „Кога праведниците се умножуваат, народот се весели" (Солом. Изреки 29, 2). Така и ние, наоѓајќи се денес во овој свет манастир, посветен на светиот Еразмо Охридски, го чествуваме неговиот свет спомен. Овој Божји угодник, исполнет со добродетелен живот и заради неговите добри дела, светата Црква го слави, го велича и го воспева со песни и молитви. Овој ерарх на Црквата, доаѓа од далечна Антиохија. Го проповеда словото Божјо, го проповеда Христа на овие наши простори и ја зацврстува верата во Едниот и Троичен Бог. Го искоренува многубоштвото во Охрид и го зацврстува христијанството. Тој, се подвизувал на овој простор, во овој манастир, односно во горната пештера. Тука, во молитва ги поминувал деновите и ноќите, издигнувајќи се кон небесните висини. Подвизувајќи се, ја чистел својата душа и срце од сите овоземни приврзаности, постанувајќи сосуд на Светиот Дух, прекален со пост и молитва. Па така, свет и благодатен, маченички го завршува својот живот во Формија и Гаета, во Италија, во самиот почеток на IV век.

 

Поради светиот и подвижнички живот, Бог ги избира своите праведници и ги овенчува со вечна слава во Неговото небесно царство. А нам, пак, како на христијани, ни ги дарува да ни „засветлат како сонце" (Мат. 13, 43). Бидејќи Христос вели: „Каде што сум јас, таму ќе бидат и праведниците" (Јн. 12, 26). „Дојдете, благословени од Мојот Отец; наследете го царството, подготвено за вас од почетокот на светот" (Мат. 25, 34). Навистина, праведниците живеат вечно и споменот за нив е вечен. Светите луѓе, во овој свет, живееле според Божјиот закон и така очистени, без никакви овоземни приврзаности, можеле да бидат исполнети со Светиот Дух. Така исполнети со Светиот Дух не се оддалечувале од Бога, туку живееле за Бога и во Бога. Затоа, тие се таму каде што е Христос.

 

Сите Божји угодници, не само св. Еразмо, застануваат таму каде што се ангелите, мачениците, праведниците, исповедниците. Таму, после смртта, ќе отидеме сите. Но, нема сите да се најдеме на исто место, туку, оние што ќе живеат исправен, побожен и добродетелен живот, ќе се најдат од десната страна на Бога Отецот. Додека, пак, оние, што ќе го поминат својот овоземен живот во беззаконија, исполнет со гревови и страсти, ќе наследат и тие живот, но живот исполнет со вечни маки и страдања.

 

Ние, како луѓе, сме слаби, носиме тело, живееме во овој свет полн со искушенија и соблазни, грешејќи постојано. Така го пренасочуваме нашиот пат, наместо кон доброто, возвишеното, благородното и светото кон лошото, односно кон обратното на овие добродетели. Па така се оддалечуваме од Бога и од нашето спасение. Ако сакаме, и ние како христијани, да бидеме осветени и препородени, потребно е да се потрудиме. Да се издигнеме над секојдневните овоземни приврзаности, да се издигнеме од земјата кон небото, и таму, на небото, повисоко од земјата, ќе можеме да се сретнеме со Бога. А Духот Свет, ќе ни даде сила и поткрепа, да можеме да го живееме нашиот христијански православен живот. Живот исполнет со добродетели, очистени од секакви овоземни страсти и престапи. Па ќе можеме да го прославуваме подостоинствено и светиот Еразмо Охридски, а преку него и нашиот Спасител Господ Исус Христос, на Кого нека Му е слава и благодарност, сега и во сета вечност. Амин!

 
Св. Еразмо Охридски

15. 06. 2015 год.

Манастир „Св. Еразмо Охридски" - Охрид

sverazm2015 10

sverazm2015 11

sverazm2015 12

sverazm2015 15

sverazm2015 16

Извор: Дебарско- кичевска епархија

 



Makpetrol

dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

БEСEДА  за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

БEСEДА за Бoжјата благoдат oбјавeна низ вeкoвитe

 Сo прoрoчки дар прoрoкувал апoстoл Павлe за бoгатствoтo на благoдатта штo низ вeкoвитe сe излeва на чoвeчкиoт рoд. Тoа штo гo прoрeкoл апoстoлoт, ниe кoи живeeмe 20 вeкoви oддалeчeни oд...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Дедо Наум - ПАТОТ НА МНОГУ ХРИСТИЈАНИ, ТУКА НЕГДЕ И ЗАВРШУВА...

Ако не влеземе сериозно на првиот степен од духовниот развој, засекогаш ќе останеме во една падни-стани состојба од предворјето на духовниот живот;во еуфоријата на Лазаревото враќање од мртвите и Христовиот дочек...

Св. Јован Златоуст -  За Лазар, Слово 6

Св. Јован Златоуст - За Лазар, Слово 6

Уште колку пари? Уште колку богатство? Уште колку великолепни зданија? Уште колку бездушна приврзаност спрема задоволствата? Еве се случи земјотрес; каква полза ни донесе богатството? Нечиј труд пропадна, изсчезна имотот...

„Лазаре, излези надвор“

„Лазаре, излези надвор“

Тие Негови зборови, пред сè, значат дека нема смрт за оние кои веруваат во Христа, зашто Христос подоцна на Марта ѝ вели: „Јас сум воскресението и животот; кој верува во...

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

АРХИВА: Славе Костадиновски - ПЕТТА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ (НЕДЕЛА НА СВЕТА МАРИЈА ЕГИПЕТСКА) 29.03.2015

Бог, како добар и милостив небесен Отец, секогаш е во состојба да ја слушне молитвата на своите добри чеда. Но, секогаш Бог не ги исполнува нашите молитвени барања. Причината треба...

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

о.Жарко Ѓорѓиевски: Недела Крстопоклона- Преподобен Агатон Египетски

Христовиот крст е најтежок, зашто Он не страда за сопствените, туку за нашите гревови. Нас и сопствениот крст ни е тежок, а колку само е тежок крстот за целото човештво....

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Митрополит Струмички Наум: Само сфаќање или и прифаќање?

Но, големо прашање е како не ни здосади ние самите да сме стално исти, формални, непроменети, непреобразени и неосветени; и како еднаш не ја освестиме потребата од сопствена промена и...

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

Добродетелите во Лествицата на свети Јован Лествичник и Египетскиот Патерикон – Игумен Гаврил

 Тоа е основното начело и смисла зошто Бог го створил човекот. Во рајот човекот живееше во согласност со неговата природа, во појавата на гревот се разруши таа природна состојба, и...

« »

Православен календар

 

03/05/2026 - недела

Преп. Теодор Трихина; Преп. Анастасиј Синајски; Блажениот Анастасиј Синаит патријарх Антиохиски; Блаж. Григориј патријарх Антиохиски; Св. апостол Закхеј; Преп. Атанасиј Метеорит;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј  9 април/27 март 2026

Тропар на св. Пречистански преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј 9 април/27 март 2026

Подигнувајќи го крстот Господов на плеќите, животот подвижнички со меч го запечативте.Евнувие славен атлете, Пајсие на мачениците подражателу, и Аверкие христодушен подвижнику, нечестието...

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил  8 април/26 март 2026

Тропар на соборот на светиот Архангел Гаврил 8 април/26 март 2026

Тебе, кој благовестуваше спасение на целиот род човечки Архангелу од родот Серафимски,Гавриле Божји гласниче, те молиме и со љубов и радост празникот...

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Тропар на Благовештение на Пресвета Богородица 7 април/24 март 2026

Денес е почеток на нашето спасениеи откривање на вечната тајна:Синот Божји станува Син на Дева,и Гаврил блага вест објавува.Затоа и...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная