Заупокоена Литургија во Куманово (11.05.2015)
Да се даде својот живот за своите ближни е најголема и највозвишена жртва која еден човек може да ја направи. Оттука, голема е и нашата обврска да им оддадеме секаква почит и никогаш да не ги заборавиме, но и да принесуваме молитви за покој на нивните души, и утеха на нивните најблиски. На богослужбата се произнесоа и молитви за побрзо закрепнување на останатите повредени полициски службеници, и утврдување на мирот во земјата.