† ОСВЕТУВАЊЕ НА ХРАМОТ „ВОЗНЕСЕНИЕ ХРИСТОВО“ ВО С. ЛОКОВ
Храмот започна да се гради во 2010 година, а се изгради по иницијатива на локалното население, а со донациите на сите локовчани, како и на сите добронамерни верници од пошироката околина и од дијаспората. Откако беше осветен храмот, според црковниот устав, се отслужи и првата Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоерејот Никола Христоски, свештеникот Васко Голабоски и ѓаконот Христијан Костоски.