05 / 18 ноември 2016 лето Господово
Научниците, кои што го истражуваат местото на Христовото погребение во храмот на Гробот Господов во Ерусалим, се соочуваат со ретка околност: необјасниви електромагнетни пречки ја нарушуваат работата на некои мерни уреди поставени околу Гробот Господов. Имено, уредите почнале да работат со прекин или целосно се расипале. Истражувачите, кои се очевидци на овие појави, претпоставуваат дека инструментите биле погодени од силно електромагнетно зрачење. Тие исто така сведочат дека приближувајќи се до гробот Господов, од кој неодамна беше симната горната мермерна плоча, тие почувствувале „сладок мирис“ – богат цветен аромат каков што често се спомнува во древните извори при описите на јавувања на Пресвета Богородица и на Светиите.
Како што е познато, во октомври научниците за првпат во историјата ја тргнаа мермерната плоча од каменото погребно легло на Христос во Гробот Господов, поставена во 1555 година. Специјалистите се надеваат дека ќе можат да го отстранат превезот на тајната за тоа како мајката на Императорот Константин, Св. царица Елена, дознала дека токму оваа пештера е Гробот Господов.
Извор: Седмица
Преземено од: Бигорски манастир