Отец Јосиф: Верата и религијата не се фолклорно наследство
Тоа што некој таму не чул за социјалните активности на Црквата, не значи дека ги нема. Во овој повик не беше вклучена само социјалната мотивација, а со тоа и моралната – да им се помогне на тие што немаат, туку се алудираше и на поткренување на општествената одговорност во моменти кога сите ги трпиме последиците од загаденоста на воздухот. Па ако Црквата не нè мотивира и поучува на добродетелност – тогаш кој?