логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Еден старец сакал да даде одговор на прашањето, поставено од неговото чедо.
- Оче, зошто има недоразбирања и кавги меѓу родителите и децата, меѓу наставниците и децата, меѓу децата и децата?
- Ох, - извикал Старецот на глас и рекол: - Чедо, ми постави многу тешко прашање, ќе морам прво да му се помолам на Бога, а потоа да ти го дадам одговорот.
Старецот решил да Му се помоли на Бога, на Оној, во кого е собрана целата премудрост за овој толку сложен проблем на денешницата и почнал.
- Господи, помогни ми јас сум грешен човек и во себе не наоѓам мудрост да одговорам на многуте прашања од моите чеда, кои ти ми ги довери. Многу е сè комплицирано, животот стана многу сложен. Ти Самиот најдобро знаеш. Помогни ми да земам од Тебе, од Твојата премудрост и да им ги дадам одговорите на моите чеда.
И така, во разговор со Бога, во плач и молитва, наеднаш, од Бога, го добил одговорот во своето срце:
- Духот на гордоста, на суетата, на непокорноста, на непослушанието е најголемиот виновник, заедно со човекот, за сите недоразбирања и кавги!
- Да, да, Господи така е, тоа е духот на гордоста и човекот заедно со него. Знаев, но сакав да бидам во разговор со Тебе и да се потпрам на твојата десница, која премногу ми помага во овие тешки времиња на живеење, - воздивнал Старецот и продолжил во мислите, но, овој пат, во разговор со себеси и си велел:
„Што ако јас го имам одговорот од Бога?
Зарем кога ке им кажам ќе ме послушаат? Зарем ќе променам нешто?
Ах, тој дух на гордоста на непослушанието...?!
Ах, ти човечки роде, кој засака сè што е спротивно од Божјите повелби и заповеди.“
Тогаш Господ му рекол на Старецот:
- Немој да тажиш премногу.. Додека ти ме бараш преку молитвата и се насладуваш во разговорот со мене, тие се насладуваат со лошиот дух на горделивоста и сакаат со него да општат. Но, има и такви кои се во заблуда и кои не му се покорија целосно на духот на гордоста. Заради нив, оди и шири го словото Божјо, а јас ќе те наградам со вечен живот и Царство небесно.
Старецот натажен се упатил кон своето чедо. Заѕвонил на вратата од неговата куќа и почекал малку. Вратата се отворила, а пред вратата се појавила мајката на Зоран, Велика.
- Оче, добренидојдовте! - со радост извикала мајката!
- Влезете, нашата куќа е секогаш отворена за вас. Вие сте нашиот заштитник пред Бога, нашиот молитвеник. Повелете.
Старецот прашал за Зоранчо:
- Јас го барам Зоранчо и имам нешто за него.
- Зоранчо треба да си дојде од училиште. - одговорила мајката.
- Повелете, можете внатре да го почекате. Секогаш прво дома си доаѓа, а потоа, доколку му дозволам, игра со другарчињата.
Влегол Старецот заради љубезноста на мајката, а мајката го запознала со својата слепа свекрва по име Марта и со ќеркичката Марија. Старецот не ни седнал, а некој затрчан влегол во куката, а тоа бил Зоранчо. Затрчан и малку разгневен и налутен, влетал во куќата.
- Што е, што се случува, Зоранчо? Има ли некој проблем?
А Зоранчо, изненаден од присуството на Старецот, се потрудил да ги сокрие гневот и лутината, но не успеал.
- Ништо Старче, т.е. ме налутија другарите. Поточно, се скарав и им се лутам многу, дури не знам и како ќе другарувам со нив. Мамо, сакам да учам во друго училиште. Мамо, многу сум тажен. - извикал Зоранчо.
- Ох, - и мајката и Старецот се запрашале што се случило и во што е проблемот. Зошто Зоранчо е толку лут и зошто сака да оди во друго училиште...
- Овој пат не им се допаѓа моето име! - со плачење извикал Зоранчо.
- Зошто ми го дадовте тоа име? Не го сакам. Сакам и друго школо и друго име. Џексон и Роберт ме исмејуваат, ме удираат по глава и ми велат: „ Зоран, Зоранчо со селското име,“ а потоа сите ми се смеат и ме потурнуваат.
- Аха, значи тоа е проблемот! - рекол Старецот.
- Ох, - извикала мајката, - зарем името е проблем?
А слепата баба Марта воздивнала со болка, бидејки таа била причината што Зоранчо е Зоран..
- Дојди, мило чедо кај мене, - му рекол Старецот и силно го прегрнал, - и биди силен во Бога. Ќе го надминеме и овој проблем, и ова искушение. Немој да им се лутиш на твоите другарчиња. Тие и самите не знаат колку е убаво твоето име. Можам да кажам дека твоето име за мене е најубаво и ќе ти кажам зошто, само малку почекај, само што влегов кај вас дома. Малку да замијам лице и раце на чешмата и ќе дојдам.
***
Старецот сакал да го утеши Зоранчо, но и самиот бил во недоумица. Како сега ќе му зборува за гордост и суета и колку тоа ќе му помогне на малиот Зоранчо, кога во моментот имаме конкретен проблем со името?
Се помолил и се прекрстил Старецот и рекол: „Господи, ти зборувај преку мене. Ова дете, пред сè, е твое дете. Ние, грешните, колку и да се трудиме да го изведеме на правиот пат попречен од многуте искушенија, без Тебе не ќе можеме. Те молам, ти раководи го преку мојата уста и Ти Самиот зборувај преку мене...“
Така и биднало.
Господ ја услишал молитвата на својот послушник и на сите други… молитвите, за кои Старецот ќе се заложел. Затоа и големината на Старчеството е голема пред Бога, а треба да е голема и за луѓето.
Да ги сакаме и почитуваме своите Старци, духовници и црковни лица, зашто преку нив, доколку сме доволно добри и доколу веруваме, ќе ни прозбори Самиот Бог.
Се замил Старецот на чешмата и на враќање слуша како малиот Зоранчо со плачење и` вели на својата мајка:
- Да беше жив мојот татко, ќе видеа убаво... Ќе им покажеше тој, па ќе им беше убаво и моето име и немаше да ме исмејуваат и поттурнуваат.
Не ги сакам, мајко и сакам да учам во друго училиште и не сакам да се викам Зоранчо!
- натажен со плачење и` кажуваше малиот Зоранчо на својата мајка.
- А и сакам татко ми да е жив. Ми недостасува.
Зошто Господ го зеде толку млад?
Влезе Старецот а малиот Зоранчо притрча кон него. Силно го прегрна и ги повторуваше зборовите,
„зошто, зошто..... “
А Старецот го зеде во прегратките, го прегрна и тој и му рече:
- Поспиј малку, чедо мое. Одмори се на моите гради.
И така, со солзи на очите во прегратките на Старецот, малиот Зоранчо заспа.
А Старецот што да каже, дали да го утеши за името или за смртта на својот родител.
„Ах, Господи“, воздивнал Старецот, „колкав голем терет носат овие мали суштества. Колку само си одмагаат меѓусебно. Се повредуваат, омаловажуваат и се тоа само заради гордоста.“
А Гордоста не бира возраст, таму каде ќе најде врата отворена , согласност од човекот, горделиво ќе влезе.
Старецот го оставил малиот Зоранчо на креветот да поспие и започнале тивок разговор помеѓу себе.
Бабата Марта рекла:
- Оче, синот ми го зеде Господ. Таква била неговата воља и тука ништо не можеме, а за името на Зоран јас сум виновна. Јас инсистирав да се вика така, а кутро дете сега не го сака. Не го сака ниту тој, ниту неговите другарчиња.
А Старецот одговорил:
- Не, не сте виновни вие, не се обвинувајте залудно. Сите имиња се убави, сите се од Бога.. Да беше и Миле, да беше и Петар ќе беше убаво.... тука има нешто друго што е неубаво...
А мајката Велика рекла:
- Гледате ли, Старче, колку е тешко една вдовица сама да гледа две малолетни деца. Но, таква била Божјата воља за мојот сопруг. Не се израдува ни тој за децата, а ни тие за својот татко. Голема е нашата болка, се прашуваме дали има утеха и надеж за нас.
- Има, има, - изустил Старецот. - Како тоа да нема?! Да стоиме во Бога и сè ќе биде во најдобар ред. Последните ќе бидат први, а првите последни, - повторно изустил Старецот.
А слепата баба Марта и мајката на Зоранчо, Велика, го слушале со внимание Старецот, но, не баш го разбирале тоа што сака да им каже.
Тогаш старецот, бркнал во торбата со рацете и почнал да бара нешто. А тоа што го извадил било книга. Голема книга на која пишувало СВЕТО ПИСМО.
- Отсега, - им рекол Старецот, - оваа Света книга, БИБЛИЈА-СВЕТО ПИСМО, ќе биде ваше редовно четиво и таа ќе ве чува од зло. Само читајте ја редовно. Таа книга не е обична книга. Таа е од Бога. Тоа е Божјо слово, кое има моќ, кога сте болни да ве излекува, кога ви е тешко да ја снема тешкотијата, кога очајувате да ве утеши и да ви даде надеж. Само читајте ја, а за сè друго сум тука и јас.
- Сега морам да одам, а ќе поминам другпат, а може и малиот Зоран да ме посети. Слободно кажете му дека го чекам. Со него имам сериозен разговор, - рекол Старецот, - и тоа мора да се случи што поскоро.
Старецот ги благословил и заминал од куќата. „Зоран, Зора? Колку убаво име,“ си велел тој одејќи. „Зарем тоа име не е изгрев на сонцето (Зора)!? Зарем тоа име не е првиот сончев зрак. Прекрасно! Со тоа име, со тој зрак почнува денот. Зора е исто со светлина...“
„Ах, Господи“, повторно воздивнал Старецот. „Колку не знаат децата и колку се суетни и при тоа, колку се повредуваат меѓусебно и колку тагуваат. А малиот Зоран уште нема и родител...“
  Средбата на Старецот со малиот Зоранчо.
- Старче, јас за моите другарчиња не сум доволно добар и тоа ме растажува. Не сум добар и за работи кои не зависат од мене т.е. кои ми се дадени, како моето име на пример. И така, многу се натажив кога ми се потсмеваа и кога ме потурнуваа заради тоа.
Старецот го праша:
- Дали сите деца ти се потсмеваа? Дали имаше некое кое застана во твоја одбрана?
Зоранчо одговори:
- Не баш сите но повеќето ДА. Катја и Михаил застанаа во моја одбрана.
- Аха, тоа е добро, - рече Старецот. - Вие сте деца и премногу сте мали за да речам дека во лошото се гледаат добрите другари и пријатели, но, имај го кажаното на ум.
Ќе пораснеш и ќе се соочиш со уште поголеми проблеми! Запамети ја оваа моја поука и не се растажувај. Стој пред Бога, а тој како верен слуга нема да те остави никогаш.
- Знам Старче, но, после тоа, се оптеретувам и мислам дека навистина моето име не е баш најдобриот избор и почнувам да не го сакам.
Не си го сакам името, не ги сакам другарите, моето срце се полни со омраза, на крај го замразив и училиштето и сакам да учам во друго училиште.
Старецот рече:
Синко, дозволи ѝ на љубота, наместо на омразата, да живее во твоето срце. Без разлика на сè, сакај ги и простувај им - тоа е и заповедта од Бога - да ги љубиме сите, дури и тие кои ни изгледаат како наши непријатели. Тие не знаат што прават. Прости им.
Светлината доаѓа однатре, од Бога и кога ќе дојде ќе ја изгони темнината. Ти не се задржувај на неубавите мисли, туку игнорирај ги. Ако тоа го направиш, ти си ја пуштил во себе светлината силно да свети!
Твоето име е прекрасно! Можеш да побараш и да видиш што значи. Ти имаш преубаво име!
Како што ти кажав, за мене тоа е најубавото.
Да, синко не се задржувај на она што не е од Ангелот чувар, од Бога, туку продолжи храбро, како што му доликува на еден Христов воин.
Невидливата борба која човекот ја води сам со себе за Христа во борбата против доброто и злото е голем ТРОФЕЈ за секој кој трпеливо ќе истрае на тој пат полн со искушенија.
А сега, биди храбар и немој да подлегнуваш на провокациите и на помислите. Ќе ги има, ќе доаѓаат и ќе одат, а ти тивко, без да ти го свртуваат вниманието, продолжи понатака.
Знам дека не е лесно, но, друг пат немаме освен тој.
Малиот Зоран со внимание го слушаше Старецот и на крај му рече:
- Старче јас навистина немам татко. Божјата воља била таква, но, те имам тебе за голема утеха. И му благодарам на Бога што ми те даде и не знам како би продолжил понатака, ако ти не си покрај мене?
Старецот, го прегрна и бакна во челото, слатко се насмевна и рече:
- Мило чедо, Господ и вака и така ќе уреди... Ти само стои на Божјиот пат и немој да се загрижуваш! - и прошепоти:
„Сите ние можеме без секого, но, не можеме без тебе, Господи!“
Потоа се разделија, а на заминување, Старецот му рече на Зоранчо:
- Не заборавај да читаш од Светото Писмо, не заборавај и да му се помолиш на Бога во текот на денот, а молитвата ја знаеш,
„Господи Исусе Христе, помилуј ме грешниот!“


(текстот е дел од детското списание Марков манастир)

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3229
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7726
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

29/12/2024 - недела

Божикен пост (пост на масло)

Светиот пророк Агеј; Свети Никола Хрисоверг, патријарх Цариградски; Светата царица Теофанија;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Тропар на светиот Христов архиепископ Дионисиј Егински 17 декември / 30 декември 2024

Стражарејќи над умот свој,срцето одморено ти стана пристаниште за Бога и ближниот, о Дионисие архиепископу,во жртва целосна за Христа спремна,те...

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Тропар на светиот Божји пророк Агеј 16 декември / 29 декември 2024

Глас 2Агее свети пророче, ти кој поведен беше, храмот Господов духовно да го осознаеш, оној кој човек не го гради,туку Господ...

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Тропар на светиот Христов свештеномаченик Елевтериј Илирски и неговата мајка Антија 15 декември / 28 декември 2024

Глас 3Свети свештеномачениче Елевтерие,ти кој ѕверови скротуваше, со благодат Божја срца човечки лекуваше,Христос преку тебе луѓе во ангели приведе

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная