Архимандрит Андреј Конанос: Покајанието – слатка тага на душата (III дел)
Ќе дојде часот кога ќе се каеме за загубеното време. Ќе дојде часот кога ќе се покаеме за зборовите што сме ги кажале. Зборови... колку односи се расипале заради навредливи, горчливи, злобни, саркастични, иронични зборови со коишто сме го понижиле другиот и чашата се прелеала – од само еден збор, од една навреда. Така пропаднале цели семејства.