логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

„Во ноќта на 08. наспроти 09. април, кога Македонската Православна Црква го прославува споменот на 3-те Пречистански новомаченици - Пајсиј, Евнувиј и Аверкиј, во црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ во Скопје беше отслужено бдение, во присуство на братствата од Бигорскиот и Лесновскиот манастир, сестринството на манастирот во Рајчица и на огромен број верен народ. На Литургијата од Бдението чиноначалствуваше Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение со архимандритот на Бигорскиот манастир, г. Партениј, архимандритот на Лесновскиот манастир, г. Дамаскин, архимандритот на манастирот „Свети Николај“, с. Манастирец, г. Никола, игуменот г. Фотиј, игуменот г. Агатон и игуменот г. Јаков. На овој сеноќен молитвен и евхаристиски собор пееја братството на Бигорскиот манастир, сестринството на манастирот Рајчица, хорот Хармосини од Скопје, и црковните хорови од Пробиштип и Радовиш.“

 Беседата која по крајот на бдението ја изговори Неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски, г.г. Стефан:

 

 

СТЕФАН,
Архиепископ охридски и македонски
ЕДИНСТВОТО ВО БОГА – НАЈЦВРСТО ЕДИНСТВО

Често размислувам на онаа порака од царот Давид кога, со восхит, вели: Колку е убаво и колку е мило кога браќата живеат еднодушно (Пс 132, 1). Гледајќи го овој свештен собир, ова молитвено сеноќно собрание, во овој возобновен Богородичен храм во Скопје, ме наведува токму на овој боговдахновен совет на старозаветниот мудрец. Со доаѓањето на верници од повеќе краеви и места, и монаси од различни манастири и епархии, покажуваме што ни е најпотребно како народ и Црква, и денес и утре, и секогаш! - Најпотребно ни е единството, духовното единство меѓу нас! Па, ако Бог ни е Отец на сите, тогаш сите сме браќа меѓу себе, и од тоа единство, од единството во Бога, од единството во верата – нема поголемо единство! Вака, преку единството со ближните околу себе, се учиме на единство со сите. Нам, пак, на членовите на Црквата, најмногу ни доликува токму тоа – да градиме единство со сите.

Молитвата е најдобриот начин во градењето на единство меѓу луѓето, а особено меѓу верниот народ. Како чеда на свети Климент Охридски и потомци на плејада духовници, богољупци и човекољупци, должни сме на дело да покажеме дека сме достојни рожби на родот и Црквата наша. И црнорисците и верниците – сите сме повикани да дадеме свој придонес во градењето и чувањето на нашето единство како народ и Црква. Но подолг период, за жал, скоро секојдневно слушаме или читаме за многубројни несогласувања, за неединство меѓу нашиот народ, а таа појава не ја заобиколи ниту ерархијата на нашата Света Црква.

Поделбите по партиски и други основи, прераснаа дури и во непријателства што оправдано предизвикуваат загриженост меѓу нашиот народ. Последиците се веќе видливи, но да се молиме истите да не остават подлабоки траги... И верувам дека секој, или повеќето меѓу нас, си го поставуваат тоа прашање: што да правиме, за да се надмине состојбата во која се наоѓаме? – Нема друг излез, туку најпрво и неодложно да почнеме од себеси, па со сите околу нас, да започнеме борба против неединството и поделбите, да започнеме борба и со своите страсти и похотни желби и намери, да започнеме градење на единство, а тоа најдобро ќе го направиме со нашето враќање - кон Бога! Често се случува вината да ја гледаме во другиот, да ја префрламе на другиот, па дури и беспоштедно газејќи преку другите, да сакаме да ги оствариме своите намери и цели, и тоа на сметка на општото добро. Но ако се вратиме кон Бога, сме се вратиле и кон луѓето! И ако знаеме како со Бога, ќе знаеме како и со луѓето! Ако сме вистински членови на светата Црква, ако сме христијани не само по името, туку и по делата, како што вели свети Климент Охридски (Поука за спасение на душата), ако сме достојни на името што го носиме, тогаш ќе ја разбереме и онаа порака на свети апостол Павле, кој вели: Ве молам, браќа, во името на Господ наш Исус Христос, да нема расправија меѓу вас...(1. Кор 1, 10), односно гледајте никој никому да не враќа зло за зло, туку секогаш барајте добро еден на друг, и на сите (1. Сол 5, 15).

Ете, колку малку се бара од секого од нас – а заради нас! Затоа да го градиме и чуваме единството меѓу нас, зашто во единството е најголемата сила на секој народ и на секоја Црква!

Последниве месеци, гледајќи ја мигрантската криза и честите терористички напади, чиниш живееме во апокалиптичко време. Веројатно, токму поделбите по многу основи, посебно на политички и економски, предизвикуваат најголеми несреќи и неволји меѓу народите. Во ова наше време, како никогаш досега, војуваат едни и други, а страдаат трети народи и земји. Некаде има дури војни без војни, каде што за свој интерес, обично економски и геостратегиски, совршените во злото предизвикуваат невидени трагедии меѓу многу невини народи.

Ваквите заеднички молитвени собранија, нека продолжат и нека бидат потврда дека она што го говориме - и го живееме, и во овие времиња преполни со искушенија, нека бидат повик до секого – конечно да сфатиме до каде стигнавме со нашето неединство!

Ви благодариме на сите што дојдовте вака заедно молитвено да го одбележиме и споменот на светите тројца Пречистански новомаченици и на св. Лидија првопокрстената Македонка, и да им се помолиме ним и на сите наши светии, со Мајката Божја, да се застапат пред Бога за нашиот народ и Црква! Амин!

 

 pp

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Лекот го знаеме, а не го користиме

Лекот го знаеме, а не го користиме

 Посебно, проблемот се состои во тоа што, ако стварноста е сосема поинаква од тоа што ние си мислиме, не се ни запрашуваме за негативните последици од погрешните заклучоци по нашиот...

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

Александар Несторовски: РАЃАЊЕТО НА СВ. ЈОВАН КРСТИТЕЛ 07.07.2024

И во нашите животи се случува во некој момент јасно да го слушнеме гласот Божји кој не вика по име и тогаш исполнети со восхит сме спремни на било каков...

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Архиепископ Андреј Римаренко: Беседа на Неделата на сите Светии

Сите светители кои денес ги славиме го следеле Христовиот пример. И секој од нив, во своето време, во своите животни околности, ја исполнил Божјата заповед за љубовта кон Бога и...

БEСEДА  за патoт на живoтoт и патoт на смртта

БEСEДА за патoт на живoтoт и патoт на смртта

Пoнeкoгаш на чoвeкoт му сe причинува дeка бeзбoжничкиoт пат e прав, бидeјќи глeда дeка бeзбoжникoт сe збoгатува и успeва. O кoга би му сe дoзвoлилo да гo види крајoт на...

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Митрополит Струмички Наум:...За контрола и програмирање на умот; и кому, главно, му служи?

Богочовекот Христос ги поучува Своите ученици на кратката молитва: „Господи Исусе Христе, помилуј нè“, како што и секој духовен отец треба да ги подучува своите, т.е. Божјите чеда. Веднаш можеме...

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

АРХИВА: Митрополит Струмички Наум: Недела на Светите отци на Првиот Вселенски собор (12.06.2021)

Да разбереш, односно да сфатиш – во духовно православна смисла, го означува просветлувањето на умот – со дарот на умно-срдечната молитва. Оти, какво е тоа сфаќање и разбирање без просветленост...

БEСEДА  какo мудрoста сe јавува насeкадe

БEСEДА какo мудрoста сe јавува насeкадe

Нo Прeмудрoста Бoжја e најгласна и најјасна вo лицeтo на самиoт Гoспoд Исус Христoс. Вo лицeтo на Гoспoда Исуса Христа прeмудрoста Бoжја сe јавила вo тeлo и сe пoкажала на...

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Св. Климент Охридски: Поука на вознесение на Господ наш Исус Христос

Поради тоа, браќа, бидејќи нè очекува бесконечна мака, да се потрудиме преку подвиг да ја избегнеме, со милостина да го пречекаме бедниот и да го угостиме, примајќи го туѓинецот, гладниот...

« »

Православен календар

 

16/07/2024 - вторник

Св. маченик Јакинт; Свети Анатолиј, патријарх Цариградски; Преп. Александар; Св. Исаија Отшелник;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Тропар на св. Христов маченик Јакинт 3 јули / 16 јули 2024

Мачениче Христов, свети Јакинте,земната храна со небесната си ја заменил,на Бога послужувајќи, срцето твое дел на Светиот Дух постана,тебе кого...

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Тропар за чесната риза на Пресвета Богородица во Влахерна 2 јули /15 јули 2024

Богородице Приснодево, заштито на луѓето,ризата и појасот на Твоето пречисто телоси го дарила на твојот град како моќна ограда,останувајќи нетлена...

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Тропар на св. Христови бессребреници Козма и Дамјан 1 јули / 14 јули 2024

Христос нашиот Бог и Господ,повика срце да принесеме,о свети бессребреници Козмо и Дамјане,за да Спасителот него го очисти од страстите.Наука...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная