логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 IMG_2041

Отец Гаврил, ќе сакате ли да ни раскажете како се определивте за својата верска мисија?


Ја сакам мојата земја и мојот народ и ќе се чувствувам благодарно ако успеам да му послужам некако и да допринесам за неговото добро и доброто на човештвото. Како секој млад човек во своето време, кој се бара и испитува каде ќе се пронајде, така и јас барав и испитував каде припаѓам и каде се пронаоѓам себе си. Но Господ промислил за мене тоа да е Црквата. Кога почнав да осознавам за Бога, а особено за монаштвото, тогаш сфатив дека тоа е моето место, тоа е за мене.

Некаде при крајот на 1996 година, во манастирот Водоча, една вечер, мојот духовник ме повика да присуствувам на еден синаксис на отците монаси. На тој синаксис (собир и разговор за Бог) се зборуваше за подвигот за очистувањето од страстите и отварањето на срцето за Бога, за непрестајната умносрдечна молитва и служењето на Бог.

Кога ги слушнав зборовите: “Ние не треба да се занимаваме да откриваме кој е крив, а кој прав. Тоа е работа на световното право, ние треба да ја бараме Божјата правда. Како реагирало моето срце во времето на искушението? Дали духовно се помрачив? Дали мојата љубов оладила кон оној што ме повредил? Дали сум се разгневил? Дали му вратив со лоша помисла, збор дело..?” Тогаш, како да ми се отвори небото и си реков: Ова е големото поле за работа на мене лично како и огромно пространство на истражување. Ова е бескрајност. Овде, колку и да напредуваш сеуште си на почетокот и имаш уште многу пред себе. Тука ја насетив за прв пат слободата. Тука на миг го видов совршенството… Во тој момент Бог ми помогна да сфатам дека тоа е она по што целиот свој живот копнеев и го барав. Всушност Него, Единсвениот Kој ни треба – Господ.

А тоа што сум тука, тоа е чисто Божја промисла. Паметам еднаш на исповед кај мојот духовен Отец, му раскажав како имам желба да одам на мисија во Африка, а тој ми рече: “Ако сакаш мисија, и нашиот народ има потреба од мисија.” Не помислив тогаш дека еден ден зборовите на мојот духовен Отец ќе се остварат и дека ќе ме испрати овде во Австралија. Ја сакам оваа земја, го сакам нашиот народ овде и сакам да му служам. Јас знам дека нашиот народ е добар, и жеден како секој еден од нас за малку добро. А тој мој народ секогаш ќе ти врати со многу повеќе добра.

Во кои манастири досега сте служеле?

Заради потребите на МПЦ – ОА имам служено во повеќе манастири во Mакедонја и овде во Австралија. Впрочем, јас и како и повеќемината мои браќа и сестри сме од генерацијата која го доживеа преминот од старо во ново, во многу нешта во општесвтвото, па и во обновата на Црквата и монаштвото. Со доаѓањето на тогашниот светогорски монах, денешен Митрополит Струмички г. Наум, се обнови и монаштвото во МПЦ – ОА. Со негов благослов и духовно раководство се замонашив во манастирот Покров на Пресвета Богородица, кој тогаш се викаше св. Леонтиј, во Водоча.

Уште како искушеник, и подоцна како млад монах, бев испратен да учествувам во подигањето на монашкиот живот во манастирот на св. Арх. Михаил во Варош – Прилеп и во Лесновскиот манастир, кога во него се пресели Јеромонахот Иларион, денешен Митрополит Брегалнички.

Кога во еден период капацитетот во манастирот Водоча се потполни и немаше доволно соби за сите нас, дел од братството, на чело со Игуменот Пимен, денес Европски Митроплит, заминавме да живееме во Струмица во манастирот св. Петнаесет Тивериополски Свештеномаченици, каде подоцна бев и произведен во Игумен. Додека живеев во овој манстир и подоцна откако повторно се вративме во Водоча, во рок од 3 години секојдневно служев во манстирот св. Богородица Елеуса во Вељуса.

На 1 Септември 1998 година, беше основан монашки живот во манстирот св. Никола во с. Љубанци на Скопска Црна Гора и таму бев испратен и привремено служев, како и во другиот женски манстир во Скопската Епархија, манастирот Успение на Пресвета Богородица во Матка.

Потоа се изгради и основа и манстирот св. Климент и св. Наум Охридски во Хамзали, а по него и мансторот св. Антониј во Струмичко Ново Село, кој и ми беше мој последен манастир во Македонија.

Во 2006 бев повикан да го основам манашкиот живот, овде во Австралија. Во манстирот на св. Прохор Пчински живеев десет години. Откако Владиката Петар го претвори во женски манастир, ние бевме премесени во манстирот св. Наум во Роклин, за денес со Божји благослов, да се преселам во најстариот манстир во Дијаспората, манастирот св. Климент Охридски во Кинг Лејк.

Сега служам во црквата Успение на Пресвета Богородица на 340 Sydenham rd, Sydenham заедно со протојереј ставрофор o. Ефрим Бетински. Овде се чуствувам среќно и исполнето. Искренoо и благодарам на луѓето што не примија и направија да се чувствуваме како дома при свои.

Кога денeс би ме прашале, кој ти е омилен манстир и од кој манастир ги носиш најубавите спечатоци, тешко е да одвојам некој, затоа што сите се убави на свој посебен начин и секаде доживеав прекрасни моменти. Мегутоа, сепак себеси се сметам за “Водочанец” и би го издвоил мојот прв манстир, каде и бев замонашен и го дадов своето ветување дека ќе му служам на Бог. А интересно е дека овде, кога во разговор ќе помислам на Донибрук, честопати спонтано ќе речам “Водоча”. Она што беше ми значеше Водоча во Македонија, тоа е Донибрук во Австралија.

Извршивте силна афирмација на монашкиот живот во Австралија за штодобивте и признаниe од прајминистерот на оваа земја. Колку манастири има МПЦ-ОАво Австралија и како се организирани тие?

По некоја Божја промисла јас сум првиот монах на МПЦ – ОА во Австралија, a манастирот на св. Прохор Пчински прв жив манастир на МПЦ – ОА во Дијаспората, што значи дека нашиот народ овде немаше никакво познавање за монаштвото и во нашите манастири немаше соодветни услови за нормално фунционирање на монашки живот во нив. Тоа ми беше благословот (воедно и крстот) – да ги организирам. Со Божја помош и колку што можев, се трудев, пред се со пример да ги учам луѓето. Нашиот народ е побожен народ и монахољубив. Многу брзо научи што е монаштвото и како треба да  фунционира еден манастир. Луѓето што доаѓаа во манастирот во Донибрук тоа го препознаваа и го почитуваа тоа.

Живеејќи во овдешните услови и околности сфатив дека за да се формира еден вистински манастир според сите критериумите и правилата на монашкиот типик треба да помине време, односно да се создат соодветни услови за тоа. Затоа, моето внимание го насочив најнапред да ги научам луѓето, посебно младите, како да создадат навика да одат на Црква, да го засакат православниот светоатински начин на живот со пост, молитва, исповед, причест, да се оградуваат од светот и да се чуваат од гревот. Со време во манастирот свети Прохор Пчински се создаде една заедница, една фамилија во која духовно се раѓаат децата, растат и се воспитуваат во тој светостаинско-литургиски и аскетско-исихастички начин на живот, за утре, кога тие ќе станат доволно возрасни, од нив да произлезат идните монаси, свештеници и епископи на нашта света МПЦ. На тој начин тие стануваат темел на Црквата, а Црквата застанува на здрави основи.

Сметам дека за мисијата на Црквата правилно и најефикасно да дејствува треба идните мисионери да потекнуваат од овие простори затоа што тие најдобро ќе го знаат менталитетот на ова општесво и времето во кое што живеат и најдобро ќе можат да ги сфатат и да им помогнат на оние кои ќе им пријдат за помош.

Покрај манастирот на св. Прохор Пчински во Донибрук, кој е сега женски манастир, во Викторија има уште два манастири, Првиот македонски манастир во Кинг Лејки, посветен на св. Климент Охриски и манастирот посветен на св. Наум Охридски како машки манастир.

МПЦ – ОА има уште еден манстир кој се наоѓа во НЈВ, манстирот на св. Петка во Илавара, во кого се планира да се организира женско монаштво.

IMG_5491
 

Внесовте нови односи меѓу нашите манастири овде и нашите верници кои почнаа масовно да ви пристапуваат. Како ги замислувате тие релации во иднина?
 

Уште кога бев студент на Теологија сфатив дека на денешниот човек му недостасува љубов. Посебно на овие простори, каде се живее во бесчуствителниот и суров натпревар за стекнување на овоземен капитал, студенило во односите и голема идвидуалност, а со тоа и осаменост, недостаток на љубов. Изморениот човек на денешницата има потреба од некој да му ја покаже таа љубов, посебно на нашиот народ кој е како едно пресадено дрво и се бори да се привикне на новата почва и да преживее. Борбата е тешка и со големи ризици. Ако ние, како свештени лица, и служители Божји не ја сведочиме таа љубов Божја, тогаш сме го промашиле нашот позив, а да не кажам и нешто потажно – сме го промашиле и нашиот живот.

Во нашите манастири ние се учевме да љубиме, да простуваме, да се смируваме еден пред друг и да се почитуваме. Да го љубиме најпрво Бог, а потоа и својот ближен како самите себе си. Да љубиме и да му служиме на другиот. Искреноста е најбитниот фактор за воспоставување на здрави и добри меѓучовечки односи. Така се стекнува и довербата и луѓето тоа го препознаваат и со иста мера возвраќаат. Тука дејствува и благодатта Божја која ги привлекува и собира луѓето и благословот Божји кој го запечатува и чува тоа во Црквата.

Мислам дека на ова треба да обрнеме внимание и да поработиме малку на него, а другото, само ќе си дојде.

Дали сега, по официјализацијата на двете македонски епархии во Австралија, очекувате да се елиминираат недоразбирањата и да отпочне ера на соработка и соживот?

За тоа, колку беше потребно во моментот да се регистрира и друга Епархија на МПЦ – ОА во Австралија, зборува и фактот дека одлуката е донесена со едногласна согласност на сите Архиереи. Со регистрирањето и на Австралиско – Сиднејската Епархијата се овозможува конечно да се надминат долгогодишните подeлби и несогласувања во Црквата во Австралија, со тоа што сега ќе имаме две канонски епархии под покровот на МПЦ- ОА.

Светиот Синод ја донесе одлуката, сега останатото останува на нас овде. Ние треба да се надминеме себеси, да си простиме и подадеме рака. Да ги оставиме зад нас сите несогласувања и заеднички да живееме и твориме.

Јас мислам дека сега се одлучувачки историски моменти за нашата Црква во Австралија. Сега е период на промена на генерации кога настанува (се раѓа) четвртата генерациа на македонци во Австралија. До сега, преку најстарите, бабите и дедовците, успеавме да ја продолжиме нашата Православна и македонска традиција. Сега пак, кога полека тие заминуваат, нема кој да ги учи и да им зборува на децата на македонски. Затоа велам дека треба да покажеме најмногу доблест и да се надминеме покажувајќи повеќе смирение, трпение и разум и да бидеме повторно заедно во Црквата, а Црквата е таа која не одржала со векови, па и нас сега ќе не одржи тука.

Според вас можно ли е скорешно прифаќање на МПЦ во семејството на православните национални цркви?

Моето размислување за ова прашање е дека ние, пред се, треба да се трудиме на Бога да му угодиме за Бог да не признае. Административното прифаќање на МПЦ – ОА е само формалност и тоа еден ден ќе дојде. Денешнот наш (на Православните) најголем непријател е национализмот. Кога нацијата ќе ја изедначиме со Црквата, па дури и ќе ја понизиме Црквата за сметка на нацијата, се раѓаат поделбите и недоразбирањата. Се додека постојат такви поедници во некој сестрински Цркви, нашето признавање и прифаќање ќе оди тешко.

Кога се кршаваме, стануваме христијани, членови на Црквата. Не се кршеваме во името на нацијата, туку во името на Бог, а  тоа што сме родени како Македонци, не е пречка да бидеме примени во соборот на другите Цркви.

Нашата МПЦ- ОА е потполна Црква во се’. Има свој Синод, (собор на Епископи), православно свештенство, преподобно монаштво и верен народ.  Служиме света Литургија и се причестуваме, исповедаме православна вера, а се друго е човечки фактор и тоа не може да биде пречка за заедница со Бога.

На прашањето кога ќе добиеме и адмистративно признавање зависи од тоа, во колку побргу другите помесни Православни Цркви ќе ја сфатат опасноста што не држат во изолација, која на никој не му е од корист.

Колку добро го запознавте повеќеслојниот верски живот во Австралија и какого оценувате успехот на македонските верници кои во текот на половина век изградија и осветија импресивен број свои храмови?

Да речам дека потполно го запознав, како што го нарековте, “повеќеслојниот верски живот во Австралија” неможам, но ќе речам дека го запознав доволно. Во мојот десетгодишен активен живот во Црквата и македонската заедница во Австралија научив многу. Тоа ми помага да создадам една слика за се што се случувало, па да се осмелам да кажам, и за она што може да се случи во иднина во нашата заедница.

Можам да кажам дека нашиот народ е вреден и благочестив, добар народ кој создал и допринел многу во Австралија, не само во изградба на нашите многубројни храмови туку и во целовкупниот општествен и верски живот во Австралија.

За жал, вечниот непријател на човекот, ѓаволот, успевал во многу нешта, па и ги помести од своето вистинско место нашите меѓусебни човечки односи, а како резултат на тоа створени се поделби, судови, нетрпеливост, па дури и омраза, што допринесува до препрека за да напредуваме уште повеќе. Јас мислам дека е момент да ги надминеме тие времиња, а со повеќе верба во Господа. Да ги обновиме разрушените мостови, да ги надминеме нашите недоразбирања и да си подадеме рака. Да не си одиме еден против друг, туку еден со друг да работиме за наше заедничко добро. Нема потреба од поделби и омраза. Еден народ сме, еден јазик зборуваме, во еден Бог веруваме и како што често знам да кажам, една е Македонија од која потекнуваме.

Стојам зад тоа дека на сите што допринеле во изградбата и организирањето на храмовите и црковниот живот треба да им се даде достојно признание. Сум слушал дека луѓето си ги заложувале своите сопствени куќи, ја донирале скоро сета своја заработувачка во изградбата на храмовите, работеле волонтерски, се бореле со оние кои го попречувале организирањето и признавањето на МПЦ и Македонскиот народ и слично. Едноставно, кој колку и со што можел, искрено и сесрдно и помагал на Црквата. Сведок сум дека и во денешно време има такви благочестиви христијани, македонци, кои се вложуваат и од се срце и помагаат на Црквата. Искрено се надевам дека и во иднина ќе има такви верници и ќе постигнуваме уште повеќе и поголеми успеси, во изградна на нови црковни храмови, центри, сали, оганизирање на нови Црковни Општини, друштва, организации и достојно ќе ја сведочиме нашата света православна вера и ќе ја промовираме нашата Македонија.

Јас верувам во тоа, му се молам на Бог, и искрено се надевам дека, со Господ напред, ќе успееме!


Извор : http://go.epublish4me.com/ebook/ebook?id=10088252#/0



Видео содржини

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 10, 2023
TVIT602

Проскомидија

·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на Литургијата, нејзин пролог. Таа е нашиот допир со Небесното Царство и Небесното жителство.
Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Сеп 03, 2021 Беседи 5803
Default Image
Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 6621
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 6404
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 5598
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…

Најново од духовност

Православен календар

 

19/04/2024 - петок

Велигденски пости; (строг пост)

+Упокоение на Свети Методиј Солунски; Свети Евтихиј, патријарх Цариградски; Светите Сто и дваесет маченици коишто пострадаа во Персија; Преподобен Григориј Синаит; (Акатист); (второ бдение);

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Тропар на светиот Методиј Солунски 6 април / 19 април 2024

Словото Божјо, слово земно подаде,кое ти Свети епископе Методие во слава Негова го раздаде,а Он Началникот на животот устрои заради...

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Тропар на светите Христови маченици Агатопод ѓакон и Теодул чтец 5 април / 18 април 2024

Вистина непоколеблива имајќи во срцата вашиАгатоподе и Теодуле,познавте дека земниот живот е суета, сенка и сон,а верата во Љубовта го...

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Тропар на светиот Христов преподобен Јосиф химнограф 4 април / 17 април 2024

Славен и прославен е Господ од целиот род човечки,што изнедри таква фиданка како тебе о, Јосифе,рако продолжена на Духот Свети,поттикнат...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная