ВЕЛИКА ИЛИ СТРАСНА СЕДМИЦА - СВЕТИОТ И ВЕЛИКИ ПОНЕДЕЛНИК (29.04.2024)
Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме. Затоа пази, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе, но разбуди се, викајќи: Свет, Свет, Свет си, Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нѐ.