На празникот Богојавление, излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум – „Прирачник за празнични беседи“, во издание на манастирот „Воведение на Пресвета Богородица Елеуса“, Велјуса.
***
„Да влеземе прво, преку четивото што следува подолу, во Стариот Завет и да го видиме тригодишното девојче Марија како чекори кон Светињата на светињите од Соломоновиот храм и како влегува внатре. Да погледнеме и да видиме како малата Марија го посветува Својот живот за да ни ја покаже вистинската Светиња, а како старозаветната станува сенка во Нејзиното присуство. Да видиме како Пречистата Дева девет години во осама се подготвува преку умно-срдечната молитва да Го прими во Себе Единородниот Син Божји. Да видиме како времето се исполнува и како Тој бара дозвола да се воплоти во Неа и како Таа слободно и љубовно Го прифаќа. И на крај, да видиме како Богородица и Приснодева Марија станува Вечнонова и Единствена Светиња на светињите – Ширшаја Небес.“ (извадок од книгата)