БОГОЈАВЛЕНИЕ
Голем благослов е што имаме можност и денес да го живееме оној настан, кој се случил во Јорданската Пустина, кога Исус од Назарет дошол на реката Јордан за да биде крстен од Јован Претеча. Тој Исус, на триесетгодишна возраст, предвестен од пророците и очекуван како Месија, тогаш дошол и ги просветлил Јорданските водотеци и целиот свет, бидејќи Тој е „просветлението" на светот, како што пееме во нашите црковни песни.
Но, и ние, денес, имаме можност да живееме со Тој Исус, да го живееме Божјото просветлување, а особено секогаш кога се причестуваме. Како што тогаш Пресветиот Дух дошол над Исус во вид на гулаб, истото се случува и сега. Секогаш кога се извршува некоја света Тајна, Тој Свет Дух доаѓа, а на секоја Литургија Светиот Дух ги претвора чесните дарови во Христови тело и крв.
Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го има Божјото просветлување ги гледа, постојано,,небесата отворени“, како што се отвориле при Господовото крштение. За тоа не информираат светите отци, свети Симеон Нов Богослов, Добротољубието...
Старец Георгиј Капсанис