УЛОГАТА НА СЕМЕЈСТВОТО ВО СПАСЕНИЕТО НА ЧОВЕКОТ
Околината надвор од домот, претставува можност за човечка интеракција,но не служи за оваа цел (т.е. не можеме преку неа доволно да се спознаеме себеси). Кога се среќавате со луѓе кои што не ги познавате, човекот најчесто го прикрива своето внатрешно настроение, го чува за себе и се обидува пред другите да изгледа добро. Човекот се срами од тоа што другите можат да мислат за него, се срами од јавното мислење и затоа не ја покажува неговата вистинска природа.