Ти прашуваш како треба да се молиш? Господ Исус Христос ни говори на сите нас: молете се како цариникот, угодувај Му на Господа како вдовица кон неправеден судија. Господ повторно нè учи: познај ја својата ништожност, својот неисплатлив долг, признај ја и почувствувај ја својата вина пред Господа, заборави ги сите свои добри дела (добри дела немаме како нешто свое, а ако нешто имаме, тогаш тоа се дела извалкани со разни нечисти примеси – суета, гордост, користољубие и сл.) и како должникот
Поуки од св. Григориј Палама
Секогаш сеќавај се на Исус за секогаш да го пронаоѓаш соодветниот лек за своите слабости. Те боли ли нешто? Ако Го повикаш Исус, ќе најдеш утеха и просветлување. Тажен си? Повикај Го Исус и гледај, утехата ќе блесне во сферата на твоето срце.