логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Неговата Светост, Грузискиот Патријарх Илија II, највозљубениот духовен татко на цела Грузија, претходниот ден ја направи својата 59-та групна крштевка во храмот на Св.Троица  во Тбилиси, во чест на славата на Св. Козма и Дамјан. Грузискиот Претстојател стана кум на нови 564 деца. Неговата светост лично ги благослови сите свои нови дечиња и им подари крст и крштален лист.

„Господ со нас. Ви го честитам овој среќен ден. По милоста Божја крстивме повеќе од 500 деца денес. Ќе се молам Господ постојано да ги заштитува“, изјави Патријархот.

Со првата масовна крштевка во 2008 година, Патријархот Илија ја започна својата иницијатива за подобрување на тешката демографска состојба во Грузија, предизвикана од високата пост-советска стапка на абортуси. Вакви масовни крштевки се одржуваат 4 пати годишно и при нив Претстојателот лично крштева и станува кум на секое трето и следно дете на венчаните православни брачни парови.

До сега тој станал кум на 39,242 деца.Бидете со Христа

 

 https://bigorski.org.mk/vesti/svet/novi-564-deca-krsteni-od-patrijarh-ilija/

 

 

 

 



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4265
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4075
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3525
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…