Скопје, 14ти јули 2019 г.- храм на св.Јован Крстител, н.Капиштец
Старец Ефрем Филотејски
Ние не можеме ништо друго освен да се присилиме себеси, освен постојано да се присилуваме. Над сe, би требало да се трудиме во молитвата и непрестајно да изговараме: “Господи Исусе Христе, помилуј ме!“ Треба да ја кажуваме молитвата веднаш откога ќе се разбудиме изутрина. Потоа треба своите работи да ги вршиме со името Исусово на усните. Ако вака ја кажуваме молитвата, ќе ги одбегнеме празнословието, многузборливоста, осудувањето, гневот и роптањето и притоа секој од нас ќе тихува внатре во себе.
На 14.07.2019 година, во нашата света, соборна и апостолска Цркви молитвено се прослави споменот на :
- Светите маченици Козма и Дамјан
- Преподобниот патрициј Петар
Во четвртата недела по Педесетница, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прослави споменот на свети Светите маченици Козма и Дамјан, свештеникот Михаил Таневски во сослужение на ѓаконот Игор Трпкоски oтслужи Божествена Литургија во храмот на св. Јован Крстител, во скопската населба Капиштец. Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.На крајот на Литургијата отецот произнесе неколку пастирски поуки.
Преминпортал (к.т.)
Друго: