„Пријателите на Христос срдечно ги љубат сите, но не се љубени од сите“
Бог ја бара целта на сите дела што ги правиме: дали ги правиме заради Него, или од некаква друга причина.
Спасителот вели: Блажени се чистите по срце, зашто тие ќе Го видат Бога (Мат. 5, 8), зашто Бог е скриен во срцата на оние што веруваат во Него. Тие ќе Го видат Бога и ризниците скриени во Него, кога ќе се очистат преку љубов и воздржание и ќе Го видат толку појасно, колку повеќе се очистени.







Хорот на Братството на Свештената Бигорска Обител настапи на Правиот меѓународен фестивал на византиска музика во Атина. Ова е за прв пат хор од нашата Црква да настапува на настан од ваков вид во Грција, така што самото тоа претставува голем исчекор во зближувањето на двата православни братски народи.
Премногу размислуваме во категоријата Бог – човек, наместо во категоријата личносни односи. Религиозниот човек размислува во рамките на првата категорија, а црковниот човек размислува и дејствува во откровението на втората категорија.Догматиката е многу јасна: обожението на човековата природа во Синот Божји – Богочовекот Исус Христос, е основа на обожението на секој човек кој тоа го сака, во Црквата како Тело Негово – со учество во нејзините свети Тајни и Добродетели.








— Преку дваесет и пет години мојата професионална активност е поврзана со објавување печатени дела. Сум работела како лектор и уредник во издавачки куќи, весници, списанија. Изминатите петнаесет години бев ангажирана во издавањето на духовна литература. Кога издавачката куќа „Апостол на верата“ ме повика да го уредам објавувањето на книгата од Малхаз Џинорија за светиот исповедник Гаврил Ургебадзе, јуродивиот...


Бог посакува сите да се спасат, но овој дар на спасение мора да биде прифатен од верникот, зашто Бог нема принудно да наметнува спасение на човештвото. Додека од една страна имаме слобода да го одбиеме дарот на спасението, од друга страна страдањето ни помага да се потсетиме дека се во овој свет е минливо и дека ни е потребен Бог.
























