Излезе од печат новата книга на Митрополитот Струмички Наум: „Еден од нас“ (30.04.2024)
Забележливо е дека трикратното прашање за љубов кон Богочовекот е поврзано со трикратна заповед за водство на словесното стадо. Само оној што Го љуби Христос може да биде и духовен водач на верните. Сите други се само наемници со сомнителна лојалност – до првата мака или до првиот прогон.