Културата има способност да го развива човечкиот разум

„Во таа смисла, Црквата нема поблиски сојузници од културните дејци. Но многу е важно да сфатиме дека нашите заеднички напори треба да принесуваат исклучиво добри, а никако отровни плодови. Зашто, таму каде што е адот, таму се и болестите и смртта, значи не станува збор за култивирање на почвата, туку за нејзината подготовка кон духовна, а со тоа и физичка погибел на човечкиот род.













Меѓутоа, надежта во позитивната промена на односот меѓу човекот и природата таа го поврзува со тежнеењето на општеството кон духовна преродба. Антропогената основа на еколошките проблеми покажува дека светот кој нѐ опколува го менуваме во согласност со својот внатрешен свет, односно преобразувањето (обновувањето) на природата треба да започнува од преобразувањето (обновувањето) на душата. Според мислата на свети Максим Исповедник, човекот ќе биде во состојба целата земја да ја претвори во рај, дури тогаш, кога рајот ќе го носи во самиот себе“.

При составувањето на молитвеникот, беа следени неколку принципи: да им се дадат најнеопходните податоци на слепите и глувите во врска со молитвената практика во Православната Црква. Информацијата е претставена максимално едноставно и достапно, согласно можностите на слепите и глувите луѓе.






























