логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

31 октомври 2016 лето Господово

250528.p.jpg

„Културата, тоа е еден од методите за развивање на човечкиот разум, човечките чувства, човечката волја“, истакна Светејшиот Патријарх Кирил во својата неделна проповед, изречена во храмот посветен на Св. Климент папа Римски.

„Во ова време се инсистира на тоа, човекот, кој себеси се нарекува уметник, да може да прави сѐ што сака и никој нема право да го спречи во тоа. Тоа може, така и е, но под еден услов: ако уметникот навистина ја обработува почвата и ја направи способна да даде добри плодови. Но доколку под обработка на почвата се подразбира нејзиното инфицирање, и дури не само со плевел, туку и со смртоносни растенија, зарем таквата дејност може да се нарече култура?“

„Во таа смисла, Црквата нема поблиски сојузници од културните дејци. Но многу е важно да сфатиме дека нашите заеднички напори треба да принесуваат исклучиво добри, а никако отровни плодови. Зашто, таму каде што е адот, таму се и болестите и смртта, значи не станува збор за култивирање на почвата, туку за нејзината подготовка кон духовна, а со тоа и физичка погибел на човечкиот род. Токму со овие очи треба да ја гледаме културата и да се трудиме во секое време да одговориме на прашањето: тие културни дејци – што прават тие? Ја облагородуваат ли почвата за собирање на добри плодови или сеат нешто што може да ја уништи човечката личност, човечката заедница, сите нас да нѐ лиши од добрата и спокојна иднина?“

Враќајќи се на темата за учество на Црквата во подготовката на почвата на човечката душа, Патријархот истакна дека свештенослужителите треба да работат заедно со оние кои за тоа се подготвени: „Многу писатели, научници, мајстори на ликовната уметност, артисти, режисери денес се загрижени за истите нешта како и ние – неопходноста од вложување на сите сили во тоа да се обработува почвата којашто е трнлива, карпеста  и неплодна или едноставно заробена под асфалтот на неразумните човечки дејствија“.

 

Извор: Православие.ру

Преземено од: Бигорски манастир



Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Септември 13, 2021

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на Бигорската Обител, засветлил како светлозарна ѕвезда на богопрославениот светителски небосклон на Црквата Христова, во првата половина на ΧΙ век. За неговото родословие,…
Септември 03, 2021
Default Image

Беседа за Успение на Пресвета Богородица oд Викарниот Епископ Јаков Стобиски

Беседа за Успение на Пресвета Богородица изречена од Викарниот Епископ Јаков Стобиски во манастирот Успение на Пресвета Богородица - Берово

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 4265
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Живот во служба на Бога и на луѓето

Јан 29, 2020 Беседи 4075
3.angeli.so.truba
Неговите слова зрачат со силна нагласеност на светиклиментовиот образец и претставуваат…

Почитување на Пресветата Мајка Божја

Дек 09, 2019 Полезно и Потребно 3525
7.Vselenski.sobor
Таа е заштитничка и покров на христијанскиот род. Како Мајка на Синот Божји, таа има…